Ај прочитај уште еднаш што напиша. Сезонска непогода? Не, елементарна непогода е ова со загадувањето и не може никако да споредиш летно време и жештини предизвикани од сонцето со зимно време и канцероген воздух предизвикан од фабриките и горење на разни гомна.
Мене не ме интересират споредбите со Њу Делхи, Пекинг и останати загадени градови, повеќе ме интересираат споредбите со Базел, Осло, Ставангер, Хелсинки, Вастерас и да не набројувам натака. Пред да ме направите ментален, знам дека сме светлосни години далеку од овие градови, ама побогу зошто секогаш со најлошото се споредуваме? Зашто да не се стремиме кон подобро? Која е поентата, да избиеме пред Пекинг по загаденост и да речеме еј браво пред 15 милионски град сме, успеавме во животот.
За едно си во право, а тоа е дека како народ не реагираме на ова, основно човеково право е дишење чист воздух, а некој и тоа не ни го дозволува. Еден куп штетни договори со странски фирми кои го извезуваат отпадот кај нас и потоа го гориме, а сите ние го дишеме тоа. Треба да излезе народот и да ги напика политичариве во контејнери сите од прв до последен, друг спас нема.
И да, ова со дрвава ќе го спомнам, јас откако знам за себе исто така знам и дека човекот 2000 години се грее на дрва, од камено доба до сега и како може баш у денешно време греењето на дрва да е најголем загадувач, а не УСЈЕ, Железара, циганите што горат кабли, пластики, гуми и остали срања, луѓето што се греат палејќи ролетни, лакирани подови и таков вид на отпад?
Мислењето за спортот не ти го коментирам, треба кривично да одговараш за истото.