Аиии, во основно кога ме пукна пубертет, здивев мислам, крај не можеше да ми се најде.
Во 7мо одделение, седевме со една другарка од клас кај класната у кабинет, нешто ја молевме да ни ги поправи оценките.

И имаше на масата зипо упаљач во форма на зајаче... И другаркава го зима упаљачот, се доближува над главата на професорката која седеше на столче, и вика „Што е ова..?“, го пали упаљачот и бувнува пламен во косата на класната

Јас онаква цела у збунка, демек да и го угасам мини-пожарот во коса, почнав да ја мавам по глава, женана вришти... Утредента се појави во школо 10 цм ишишана и ни заклучи на двете кецови за полугодие.
После во 8мо, на час по историја... Професорот по историја ни беше еден стар, сенилен и без заби, па кога збореше страшно многу „тушираше“, не дај боже во прва да седиш, жива вода ќе те направи

И донесе еден другар на час карти за играње, ама не обични карти, туку на позадината имаа слики од голи мажи и жени, ама ептен експлицитни слики, она баш порно.

И прошетаа сликите кај пола клас, ми дојде најпосле и мене редот... И ги разгледувам јас сликите под клупа така љубопитно

, и ми доаѓа професорот и ми вика: „Што правиш, Ива?“, и јас: „Ништо, наставнику, си го чистам ранецот.“ „Дај да видам...“ И понатаму претпоставувате што се случи.

Завршив кај педагогот во канцеларија, слушајќи предавања од типот: „Ти тие сликички не смееш да ги гледаш додека не станеш полнолетна...“
Или најтрагичната случка од мојата автобиографија...

Тест математика кај најисфрустрираната и искомплексирана професорка во школото. Математика, како и останатите природни науки, не ме бива, дупка сум toae:Затоа, си направив дома ливчиња, ги пикнав во прибор и фино-лепо цел тест, од А до Ш, си го препишав и добив 5ка со сите можни бодови

Секако, на професорката малку и беше сомнителна мојата оцена, ама не ме фати како препишувам, туку чисто онака, без доказ, ми залепи кец во дневник. Мене тоа длабоко ме исфрустрира, пошто ми ја стави без никаква основа- барем да ме фатеше како препишувам океј, или нека ме испрашаше, па ако не знам, нека става кец- и така изнервирана, седам на час, и на корицата од тетратката цел бес си го истурив (пошто не можев да вриштам

). Сите можни погрдни зборови, мрсни пцовки и „фини“ епитети што можев да ги смислам ги напишав на листот, упатени до професорката...

Лудо дете.

Помина некое време, дојде време да го поправам кецот, професорката ми ја побара тетратката да ми прегледа домашна, и за беља, се отвори баш на страницата кај што јас „го истурав бесот“... rulet:Се расплака, ме избрка од училница, ми забрани да влезам на нејзин час до крајот на животот, ја даде тетратката на наставнички совет, ме испрати кај директорката, го повика татко ми и поднесе барање да ме избркаат од школо, но за среќа, желбата не и беше услишена.

Морав да чекам неколку месеца да и помине лутината за (под наговарање од страна на класната) да отидам да и се извинам и да ја замолам пак да ме прими на настава.

И видиш чудо, на крај пак поминав скрос одлична.
Во средно други времиња дојдоа..

Некако не ни беше толку интересно да правиме такви глупости, а и некако полека-полека ни се смирија хормоните

Добро, освен кога ја бутнав професорката по хемија во базен во Силекс на екскурзија (ненамерно!), ама тоа е веќе друга приказна...
