- Член од
- 15 април 2012
- Мислења
- 1.341
- Поени од реакции
- 2.211
Само еден факт - аеродромот во Приштина и во старата СФРЈ беше трет по сообраќај по Белград и Загреб. Ова за нив е пад, затоа што Аеродромот во Сплит веќе ги надмина по бројки, а Скопје се приближува, заедно со Сараево. Падот на Приштина се должи и на пропаѓањето на BelleAir кога еден ден едноставно кажа "од денес не работиме"! Големиот број на патници во Приштина се должи на тоа што од секогаш Албанците имале гастарбајтери низ Европа, не е од сега.Приштински аеродром: 626.160 патници
Скопски: 535.151 патници
Ни субвенциите не помагаат, има ли нешто во ова држава што не е субвенционирано, онака природно да идат работите ? (почнувајќи од музиката па се до авиобилетите).
Вештачко на сите страни.
Ова се факти, сакал ти или нејќел.
А, дека сите даваат субвенции за летови, даваат, вклучувајќи ја и Приштина. Муабетот е тоа што Приштина и Скопје се блиску еден до друг како аеродроми и конкуренцијата е во давање субвенции на нискобуџетни компании (и Македонија и Косово истото го прават). Реален проблем претставува неспособноста на Косово да ја надмудри Македонија во делот на субвенции, па се обидува преку судови да си ја бара бељата, иако и самите даваат субвенции на авионски компании што во превод значи дека со пиштолот со кој што си пукале в нога, сакаат да пукаат и во други нозе. Нонсенс.
Најголема причина за сето ова е токму ТАВ (операторот на Скопски) и Wizz кои секој со своја маркетинг кампања ги доведе жителите на Косово и на Јужна Србија да летаат од Скопски аеродром. Е, сега, ако не ги бива за бизнис (па, и лажење) на Косоварите, не мора на секое да бараат помош од оние што цело време им помагаат (ЕУ, САД). Нешто налик Грција - милениче на Европа/САД.