Koсово ја тужи Македонија за нарушување конкуренција во авиосообраќајот

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
После краток период од страшните последици на страшното ембарго, нашите најблиски соседи од Приштина со нова идеја :cool:


Косовската Влада покренала жалба против Македонија пред Европската комисија, барајќи земјава да ја прекине праксата на субвенционирање на авиобилети, јавува приштински КТВ.

Според косовските власти, македонската страна на овој начин ја нарушува конкурентноста според европските правила. Официјални претставници на косовската Служба за цивилна авијација изјавиле дека очекуваат набрзо ваквата жалба да добие позитивна разврска.

Потегот на официјална Приштина беше откриен на дебата организирана од Центарот за стратешки и социолошки истражувањата „СТРАС“, на која се разговараше за предностите за издавање под концесија на приштинскиот меѓународен аеродром „Адем Јашари“.

Иако, моделот за концесија што го избраа косовските власти за овој аеродром беше претставен како подобар од моделите што ги следеа аеродромите во Скопје и Тирана, многу од панелистите не се согласија со ваквото тврдење.

Одговорните сепак уверуваат дека Косово ќе извлече корист од ваквиот начин на издавање на аеродромот. Меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ е издаден под концесија во траење од 20 години на турско-францускиот конзорциум Лимак и Аеродроми Лион, по принцип на јавно-приватно партнерство со кое е предвидена и негова модернизација и проширување со инвестиции од 100 милиони евра.

Одговор од Македонија:

МАКЕДОНИЈА: Косово нема за што да тужи, субвенциите за авиобилети не го кршат европското право!

Бројките во 2014

Pristina Airport results 2014

MonthPAXChange (%)
JAN95.327▼ 20.4
FEB83.154▼ 18.7
MAR97.293▼ 22.9
APR114.757▼ 14.6
MAY115.025▼ 13.3
JUN120.604▼ 14.5
JUL161.709▼ 18.5
Skopje Airport​


MonthPAXChange (%)
JAN62.362▼ 1.4
FEB65.223▲ 20.4
MAR76.589▲ 12.3
APR105.596▲ 42.0
MAY109.029▲ 24.3
JUN116.352▲ 20.8​
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Say what? Овие луди се бе ..
 
Последно уредено:

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.035
Поени од реакции
28.675
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Косово си ја бара својата Грција. Ама си имаме другарче ние, не знам од кај им идеја. Нека пробаат со Црна Гора...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
А што да се очекува од криминална творевина и квази-држава која го има крстено аеродромот во главниот град по прочуен криминалец и терорист, основач на УЧК, убиец на полицајци, загинат у подрум намерно опкружен со деца и жена како жив штит додека се криел од полициска акција?
 
Ф

Флеш

Гостин
Косово како со ембаргото на производи,сеа субвенцииве за летови е вистинска глупост во низа. Затоа што Македонија едноставно доминира врз Косово на економско поле,сега сакаат само поени за добивка. Ова е само кушкање-потег на Косово,следно штo ќе биде ? Забрана за Косоварите да поправаат заби во Државна ? 버ㅕ유나
 

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Косово и неговите негодувања се нешто ко виц на претпоследна страница од весникот. Ниту имаат некоја позадина за секое нивно негодување, ниту институциите на кои што се повикуваат имаат надлежност врз регионов.

Ама нејсе, штом Косово ни се сили нам (excluding Русија и Србија) тоа значи дека сериозно не сметаат за детска играчка од држава, како на Балканов, така и во Европа - и ова е уште потрагично како факт.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom