Aceva напиша:
Бацил, рачунам дека збориме за релативно зрели, ако ништо друго , полово зрели луѓе кои можат да се РАЗБЕРАТ. Не мора партнерот да шета со транспарент на кој пише - НЕ. Не мора ни гласно да го изусти тоа. Вањда е доволно однесувањето или неоднесувањето на партнерот, за да забележиш дека треба да прикочиш.
Ацева во основна треба , и ако партнерите се во подолга врска да речеме најмалку пола година би требало да можат од начинот на однесување дента да се разберат во какво расположение е или не партнерката, за партнерот е полесно (нема да му се дигне).
Ама критичниот момент е додека се запознаат толку добро, мислам нормално е да има недоразбирања, па на крај краева треба ептен да го запознаеш човекот за да можеш да примиш информација од него без ништо вербално да не ти каже.
Е тука во тие недоразбирања може овој глуп куршлус да избиие кој може непотребно да доведе до трауми на партнерката.
Инаку дека има некои кои едноставно се насилни и иако разбрале дека партнерката нејќе (ама ептен не во расположение) е факт, ама мислам дека ретки се таквите. Така да мојата замерка е до женските кои имаат тазе партнери да бидат малку порезервирани во однос на интерпретацијата сигналите кои им го праќаат на партнерот.
Мислам дека сега сум појасен, да не ме разбереш дека се противам на твојот став , туку едноставно го раширувам спектарот на последично причински настани кои грешно можат да бидат толкувани од страна на еден од партнерите.