Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Кај ги зимате? Литература ми е најблиску. Сабота одам на одмор..
Или некоја да ја има пдф.
Обавезно да ни пратиш стори од ИГ од плажа со кориците од книгата, ладно нес, крема за сончање и наочари сликани одозгора на лежалката и лесно попрскани со зрнца ситен песок со некоја мудра мисла од Семе Синапово.
 
Добар ден.
Можеби не е за овде прашањето, но дали некој можеби знае за литература и книги и материјал за самостојно индивидуално учење на Словенечки јазик?

Доколку некој има такви книги и литература за самостојно изучување на Словенечки јазик молам да ми ги даде.
Не ми се оди по училишта за странски јазици, термините за часови не секогаш ми одговараат, а имам и едно лошо искуство со изучување Германски јазик во училиште за странски јазици.

Кога беше првото А1 ниво имаше доволно луѓе за група од 9 -10 ученици.
Потоа на следното А2 ниво со мака, ептен голема мака најдовме 8 учесници за тоа ниво.
И кога завршивме А2 ниво, за следното Б1 ниво Германски јазик едноставно немаше доволно бројка на учесници за да се оформи групата и прекинав тогаш со Германскиот јазик.
Купив во книжара на Просветно дело книги за Б1 ниво Германски јазик и со самостојно изучување дома завршив и застанав со Б1 ниво Германски.

Не сум од Скопје, и веројатно во градовите во внатрешноста луѓето учат само А1 ниво Германски и потоа аплицираат за визи и со А1 почнуваат со работа и живот во Германија.

Молам за одговор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom