Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.

На изглегување
- Облечен со џинс, а носиш папучи, изгланцано црни.
- Кошулата ти е широко отворена и од километар се гледа „љубовна јамболија“
- Пивото нон-стоп го држиш во рака и пиеш строго од шише
- На менито немаш друго освен пиво, коњак и кисела вода
- Одиш во пицерија и пиеш пиво, повеќе пати
- На електронска или комерцијална музика седиш мирен, а на турбо се дереш: то бе дечко!
- Се тепаш по дискотеки поради многу важната причина: што ме гледаш?!
- Се тепаш по дискотеки поради многу важниот одговор: кој те гледа бе гомнар?!
- Пристап кон девојка ти е: моме, од дека си ти?
- На девојката гласно и раскинуваш пред сите и објаснуваш колку пати си имал однос со неа
По дома:
- Имаш „черга“ од портата до цементот пред вратата
- Имаш „миле“ на телевизорот, што виси врз пола од него.
- Имаш DVD врз телевизорот и „миле“ врз него, па да го тргинаш на ставање/вадење диск
- Имаш дома музички систем од 70-те и на него нон-стоп слушаш „Хит (Шит) радио“ (локално Струмичко)
- Користиш дезодоранс или тоалетна вода, наместо освежувач за воздух
- Во секоја соба обавезно имаш маса и столови, иако нема место кај да се помине
- Имаш куќа, а спиеш во летна кујна
- Во некои соби се оди само кога има гости
Надвор:
- Срамно (сТрамно бе! :neneneти е да се прошета онака, да се фати воздух
- Смртно срамно е да се растрчаш за кондиција. :nesvest:
- Се поздравуваш со сите дуќанџии ( и на одење, и на враќање)
- Пиеш ракија во продавница
- Се опиваш во продавница
- Седнуваш пред куќа, на шорцеви и боси нозе на пластичен стол
- Пиеш пиво во таква положба и нон-стоп го држиш во рака
А некои случаеви како овие од такт ме вадат:
Пациент бр. 1) еден „фраер“ излегува од дома во 3-4 попладне, пресна пивско мрсно залижена фризура, облечен во папучи, џинс кошула и кожна јакнаzid
, се шета онака ко на корзо, оди во продавница да се напие пиво. Потоа го гледам се качил на велосипед и вози 10 км до едно од соседните села. Навечер излегувам, и го гледам сеуште истиот, дома не се вратиш што се вели.
пациент бр. 2) Црн како циган, пивска фризура (стандард, или им стават огромна количина валера на претходно неизмиена коса), бела докај шарена кошула подраскопчана да покаже машкост, џинс (кус на должина), кошулата внатре, црни папучи и најважниот елемент: ременот да се гледа и да биде онака штосен со убав метален дел напред. А понашањето: влегува во дискотека, зема Даб и го држи нон-стоп во рака и ја искажува думата на годината: музиката врска нема, незнам народо как излева тука?!
пациент бр. 3)младо дете бе, одвај 15-16. Го гледам во 4 саат наутро, доаѓа во една импровизација од парк, и на имровизацијата од фонтана си замива онака убаво, лице плус коса, си ја средува косата во претходната залижано состојба и се враќа пак во дискотека. џинс + ВМРО маица.
пациент бр. 4) кобајаги фраер, има нешто од облекување, ама се познава од километар дека не држи хигиена, мрсна коса и кожа, абе ужас. Ама важното, влезен е во некое по важно да речам друштво. Гу пушта радарот и сматра. после една минута му вели на другарот, цитирам: „ој пити ја таа момичка там дали сака да се фате со мене?!“
Ова е едно мало расчепкување низ пластот од сено. Има уште многу многу, ама ме мрзи во моментов.
Ај понатака.
