Клише реченици кои сите ги мразиме

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Одиш кај другар/ка и ти отвара врата и те прашува : СТИГНА ?:facepalm:
48ad97u-960.jpg

Не, ова е холограм порака со известување дека уште сум на пат ... :facepalm:
THIS HOLOGRAM WILL SELF DESTRUCT IN ....
3 .....
2 ....
1 ......

explosion_smoke_hg_clr.gif
 
двајцата истовремено прашуваат
добар ?
прашање и одговор од обете страни :))

не знам дали ова е непријатна ситуација ,ја така се осеќам .Чекам ваше мислење :confused:
 
двајцата истовремено прашуваат
добар ?
прашање и одговор од обете страни :))

не знам дали ова е непријатна ситуација ,ја така се осеќам .Чекам ваше мислење :confused:
Тоа е муабетот. Се си кажал :D. Мислам дека и нема поинаку како да се каже:pos:
 
Тоа е муабетот. Се си кажал :D. Мислам дека и нема поинаку како да се каже:pos:
тоа е толку неутрално што бара многу мислење .... од друга страна си велиш па то је добро ?! кратко и јасно што нема потреба бамборљење
затоа викам да видам ваше мислење, колку од членови е добро а колку не
 
Не е реченица, туку “збор“.

Дами и господа, ви го претставувам мојот омразен збор на сите времиња - ДЕЈТ.

Не можам да објаснам колку го мразам овој збор напикан во македонскиот јазик. Ама сериозно. Алергична сум, секој пат кога некој ќе го искористи во мое присуство, мислам дека добивам тикови.

Толку го мразам што сум во состојба да го одбијам и најсовршениот човек на планетава Земја, ако дојде и ми рече: Ајде да идеме на дејт.

Ми се превртува желудникот и цревата кога ќе го чујам и го проколнувам денот кога влезе во мода и ги жалам моите уши и очи што се принудени да го слушаат и читаат НАСЕКАДЕ.

И со цела душа ги молам моите другари и другарки барем во мое присуство да се трудат да не го употребуваат.

Ако се направи список со работи кои ги мразам би било:

1.Војни
2.Омраза
3.Болештини
4. Зборот “дејт“ во македонскиот јазик

Ужас, хорор, се надевам некогаш ќе му помине модата.

Толку го замразев што сега и кога ќе го чујам во американски филм или серија почнувам да се нервирам.
 
Најчести клише муабети кога ќе ги запознаеш некој луѓе прв ден на работа.

Прашања:

1. Ее нов си?

2. Кај живејш?

3. Таму го познаваш тој и тој? Јас таму кај шо живејш имам еден брачед да го видиш сигурно го знајш...

4. Иначе по потекло од кај си?

5. Брат/сестра нешто имаш?

6. Женет си?

7. Иначе пред то кај имаш работено?

8. Ти од некаде си ми познат само не ми теквит од каде?

9. Шо генерација си?

10. Кај учеше основно/средно?
 
Најчести клише муабети кога ќе ги запознаеш некој луѓе прв ден на работа.

Прашања:

1. Ее нов си?

2. Кај живејш?

3. Таму го познаваш тој и тој? Јас таму кај шо живејш имам еден брачед да го видиш сигурно го знајш...

4. Иначе по потекло од кај си?

5. Брат/сестра нешто имаш?

6. Женет си?

7. Иначе пред то кај имаш работено?

8. Ти од некаде си ми познат само не ми теквит од каде?

9. Шо генерација си?

10. Кај учеше основно/средно?
Така комуницираме ние нормалните, кога ќе дојде некој нов на работа.
 
Што има старо-ново?
-Ништо бе, се по старо.
Аха, друго што има?
:confused:
 
Се среќаваш по долго време со некој познаник и ти вика еее од памти век не те имам видено. Ти бара да го запише твојот телефонски број и ти вика: Aj ќе те барам некој ден да пиеме по едно кафе. А воопшто нема да те побара!

Друго ти вика „Се гледаме брат“ или „Ај ќе се видиме“.
 
Брат, дупиш нешто или те дупат? Хехе те шупчам малку.
Број два, Тибам, да тибам тоа е, кај си да тибам. Второво скопјаниве го користат исклучиво.
Број три, Тоа е и Ќе биде, две реченици што еднакво ги мразам.
 
Облечи се, ќе дојдат гости, срамота е да те видат вака по пижами.

Остави тоа, за гостите е.
 
Кога ќе се заврши бербата на лозје. - Ај со здравје да се пијет. И до година појќе.

Кога ќе се оди на визита/именден/куќна слава/селска слава. Ај честито име и догодина порадосни повесели. Ај догодина со неста. А кај тебе догодина со едно мало...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom