Не е реченица, туку “збор“.
Дами и господа, ви го претставувам мојот омразен збор на сите времиња - ДЕЈТ.
Не можам да објаснам колку го мразам овој збор напикан во македонскиот јазик. Ама сериозно. Алергична сум, секој пат кога некој ќе го искористи во мое присуство, мислам дека добивам тикови.
Толку го мразам што сум во состојба да го одбијам и најсовршениот човек на планетава Земја, ако дојде и ми рече: Ајде да идеме на дејт.
Ми се превртува желудникот и цревата кога ќе го чујам и го проколнувам денот кога влезе во мода и ги жалам моите уши и очи што се принудени да го слушаат и читаат НАСЕКАДЕ.
И со цела душа ги молам моите другари и другарки барем во мое присуство да се трудат да не го употребуваат.
Ако се направи список со работи кои ги мразам би било:
1.Војни
2.Омраза
3.Болештини
4. Зборот “дејт“ во македонскиот јазик
Ужас, хорор, се надевам некогаш ќе му помине модата.
Толку го замразев што сега и кога ќе го чујам во американски филм или серија почнувам да се нервирам.