Кладилница (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Топче
  • Време на започнување Време на започнување
Едно прашање поврзано со Златна Копачка.

Ево пишам ливче вчера, 4 типови, носи 1100 добивка, еден ме падна и го потврдува како промашено а добивката е намалена на 200 и нешто денари, не дека е битно колку затоа што е паднато, но ме интересира и да добијам дали би ми ја намалиле сумата, кој им е филмот?
 
Мугуруза - Конта 3 сетови 2,36
Овие двете досега имаат 4 мечусебни натпревари и на сите 4 натпревари играле максимални 3 сетови. Истото и денеска го очекувам.

Шарлоа - Бергшот 1 1.70
Иако играат првиот на табела Шарлоа против вториот Бергшот, очекувам победа за Шарлоа. Претходните два меѓусебни дуели ги доби Шарлоа против Бергшот со 4-0 и 3-0, очекувам и денес да победат.

Бингам - Кејхил 1 1.80
Бингам има солидни резултати во лигата на шампиони во снукер по традиција, а Кејхил е вон форма.

Рода - Додрехт 1 1,30

Рода е еден од фаворитите во втора лига на Холандија за да обезбеди пласман во елитата за следната сезона. Играат со Додрехт, тим кој по првите 3 кола има 2 порази и едно реми.
 
Шо и стана на Дариа бе? Баш пуштив да глеам ја тешеше Азаренка 5 минути.
Што повреди?
 
Шо и стана на Дариа бе? Баш пуштив да глеам ја тешеше Азаренка 5 минути.
Што повреди?

Падна и го свитка зглобот на ногата, веднаш и потече. Азаренка удри едно топче во мрежата, ова помина на страната на Касаткина и таа се стрча да стигне. Одлично играше Касаткина денес.
 
Падна и го свитка зглобот на ногата, веднаш и потече. Азаренка удри едно топче во мрежата, ова помина на страната на Касаткина и таа се стрча да стигне. Одлично играше Касаткина денес.
Од секогаш била заебана за фавориткиве, ама дека стагнираше последниве 2 години мислев ќе ја растури Вика.
Многу паметно игра Касаткина, како успева со таков слаб сервис да се носи со топ тенисеркиве, секоја чест.
 
Види, не и беше толку слаб сервисот до пред две години. Милам никогаш не била Раонич, ама онака просечен и беше, колку да не и забиваат на прв сервис. Потоа нешто и се случи со сервисот, и автоматски пропадна. Денес не сервираше лошо до кај третион нејзин гејм, потоа пак се врати на старото, Инаку кога ќе влезеа во поен потполно равноправна беше со Азаренка, ако не и подбора. Заебана на земја е Касаткина со топ спиновите.
 
Има уште кладилници што предавање било кога во текот на мечот го сметаат како добитен/губитен бет? Мислев на 1xbet е исто како и на маратон дека треба да биде завршен првиот сет :unsure:
1600443625503.png
 
Хуркач има мадиња за цел атп тоур, алал да му е на дечкото секогаш максимум дава
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom