Тешки некако ми се гледаат утакмициве за утре, едвај 5 селектирав што треба да тепаат / или вреди да се изиграат за победа со оглед на коефициентот.
Burnley - Southampton
2 1.75
- По три пораза во серија (од јаки тимови) Саутемптон мислам ќе се врати со победа тука, не беа лоши и на утакмиците кои изгубија имаа доста шанси што верувам со послаби тимови како Барнли полесно ќе ги реализираат. Барнли на 15 натпревари има постигнато само 10 гола, убедливо најлош напад и мислам нема што да бараат на утакмицава - треба да оди чиста двојка.
Konyaspor - Galatasaray
2 2.00
- Немаат пораз сезонава Кониаспор на домашен терен, поризичен тип е ова со оглед на тоа што Галатасарај не е баш во топ форма ама доста поквалитетен состав имаат така да ќе ја изиграм.
Osijek - Lokomotiv Zagreb
2 3.10
- Осијек моментално е во зоната за испаѓање и на последниве 10 натпревари имаат 7 порази 1 нерешено и 2 победи, имале проблеми со финансиите во клубот и сегашниот сопственик на клубот најавил дека е можно негово заминување. Настрана тие проблеми имаат и проблеми со повреди и суспендирани играчи поради картони, од друга страна Локомотив е фарма-клуб со млади играчи на Динамо Загреб и нема да ме чуди ако Мамич ги бутка нив до 3то место (наместо Хајдук) со цел промовирање на играчите во Европа лига и дигање на нивната цена.
Bastia - Rennes
2 2.50
- Рен изненадуваат сезонава на последните 10 натпревари имаат 7 победи, 2 нерешени и 1 пораз минатото коло од Монпеље 4-0, настрана високиов пораз на последната утакмица имаа одлична партија против Марсеј победа 2-1, против Монако победа 2-0 и имаат солиден тим што мислам до крајот ќе се бори со Сент Етијен, Бордо и Монако за тоа 4то место во лигата. Бастија чист просек, многу слаб напад и се на дното на табелата плус имаат повредени/суспендирани играчи а некои се и неизвесни за утрешниот натпревар (Скулачи, Пино. Мабалоу). Добри шанси има за 2ка
Од овие 4 ќе искомбинирам јас нешто до кај 5-6 коефициент..
Од сабајле може да ја пробам и сингл на ситно Марек - Берое 1 на нет има околу 15, кај нас во бетсити има највисок коеф 10.5