Овие два листича ги пуштив во пресрет на ЕП...

Очекувам Србија да не оди понатаму..
2.50 квота,пред некој ден беше 4.10,ја намалија...
Реално ние сме поуиграни,тие нон стоп менуваат,плус не ми се допаѓа воопшто Периќ на клупата,како да му недостига лидерство шо се одразува негативно на резултатите...
Мислам дека во директен дуел ние имаме предност,без разлика шо имаат добри играчи Србите,Ненадиќ,Рниќ,Зеленовиќ,Нарко Маниќ итн,сепак мислам дека ќе ги здрвиме...
А се некако потајно се надевам дека ќе изненадиме некој од фаворитите,не знам,се натаму ми оди...

Другите типови се победници на групи..
Мислам дека Данска сигурно ќе е прва во група,ептен се појјаки од другите..
Унгарија напрај смена на генерации,не ми се верува да им заебат сметки,со другите лесно ќе се справат..
Хрватска малце ми е сумљива,сменија селектор,според мене најслаб досега,но сепак Хрватска си Хрватска,тие се играчите..
Освен со Норвешка со која ќе биди напето со другите мислам дека ќе немаат проблем...
Шпанија со Штербик добива оружје плус...
Далеку се пред другите,заебана група е,заедно со нашата најсилна група на ЕП,дури и појјака од нашата..
Но сепак Шпанија е Шпанија,со онај ростер мислам дека се први фаворити за да го освојат првото место во група...

Второто ливче е малку поризично..
Одам ПОЛСКА ДА ЈА ОСВОИ ГРУПАТА,зошто?
Мислам дека ќе се решава се на еден меч..
А кога се решава се во 60 минути се бива,домашен терен,мала помош од судии,инспирација на некој од главните играчи на Полска,пред се бековите,едноставно 3.90 коеф е предобра квота да ја прескокнам...
Вреди дефинитивно,и Французите со сите тие повреди на Бараше,левите бекови,Гребиј и Акамбре одамна се аут,ете и Нгесан се повреди...
Не е малку ова,макар и за Франција...
Полска во сите спортови кога е домаќин игра фанатично,не очекувам ништо помалку од нив да дадат во еден од нивните најсилни спортови...
Белорусија само чудо може да ја спаси да поминат група,според мене ова се зицери тешки...
Германците мислам дека ќе поминат,кадарни се за макар една победа..
Се врати Дисинџер на лев,се повредија Уве и Грецки,ама тука се Дамке,Шпренгер,мислам дека се враќа Гландорф..
Плус секогаш имаат ветер во грб од судии,треба да чукнат макар еден од душманите и да поминат понатаму...
Ама не ги ставив на првото ливче зошто одев на по-проверена варијанта,на најсилните селекции кои мислам дека ќе оправдаат фаворитска улога..
Последниот тип е далеку најризичен според мене,дури поризичен и од Полска.
Но сепак предност им давам на Унгарците дека ќе бидат втори,сепак Русија иако е многу солидна селекција,со класа играчи како Горбок,Дибиров,Игропуло и компанија...
Сменија селектор Русите,даваат доста голови,но сепак Унгарците со Душебаев зад кормилото според мене се во предност..
Искуство,вложување во ракомет,тимска игра,предност давам на Унгарците,иако ќе биди заебан меч,сепак дефинитивно бел бумбар за Унгарците...

И Црна Гора НЕ ОДИ,1.35 е фиксетина на неделата според мене...
Ќе видиме шо ќе излези на крај...