Китење со туѓо перје

  • Креатор на темата Креатор на темата Mateas
  • Време на започнување Време на започнување
...И сето тоа би било во ред да не ги присвојува и медалите од времето на СФРЈ,меѓу нив и 12 медали на Македонци како на пр.Шабан Трстена.
Хех, каква коинциденција. Вчера се прашував истото, кому ќе припаднат сите тие медали?
Не знаев за ова дека си ги присвоиле сите медали од сфрј...
Навикнати сме да ги гледаме како се китат со туѓи перја. Не им е прв пат...
Туку што правиме ние со двајца без тројца на олимпијада? Дури и тие што отидоа, колку толку, ниту еден со исполнета норма. Срамота.
 
Навистина е глупаво што се препишуваат медалите на Србија, ама тоа е тоа. Југославија имала 6 републики, а потоа секоја се отцепувала од неа, на крајот останаа Србија и Црна Гора, се отцепи и Црна Гора, а Србија остана единствена како Југославија и затоа кај нив се медалите, ама што имаме право да ги бараме... имаме, ама како што повеќе членови погоре кажаа, членовите на МОК највероватно спремаат листа на спортисти кои би можеле да ги пратат во Рио за 4 години, па гледаат чиј родител има подебели врски и подебел паричник. ЗА ГРЕОТА!
 
Јас колку што знам по повлекувањето на Македонија,Хрватска,Словенија,Босна Југославија се расформира во Сојузна Република Југославија која подоцна стана Србија и Црна Гора...и таа е носител на сите оврски, долгови итн итн од Југославија затоа Олимписките медаљи се бројат на Србија денес...
 
Ние може ако освоиме медал на некои наредни игри да го славиме милионитиот освоен медал. Зошто некој би не спречувал во тоа? И зошто некој би реагирал на нашата глупост?
 
Па нормално кога секој наоѓа овде лабаво и да земи, не се будали ако можат да не земат, ич не им се лутам и онака секој што посакал зел од овде, никој ништо не им рекол, те име, земја, територија, медали, натпревари, заслуги...се....чим нашле лабаво ке користат..
 
Тие медали се на СФРЈ и треба да останат на наследство од Југославија нетреба ни на Макеоднија ни на Србија ни таму на незнам ти кои, тогашни олимпијадци настапувале под тоа име и медалот им е даден во чест на државата која ја претставувале.
 
и нашиве коментатори на групни спортови истите зелени ги тресат кога игра Србија ... сите медали од СФРЈ ги припишуваат на Србија ... спред мене тие се освоени на СФРЈ и не се од никој поединечно (или сите можат да ги присвојат, а не едни)
 
Супер, ја мислам бидејќи е праведно да се делат медаљите, да се поделат и долговите, кредитите и сите попатни срања кои и останаа на Србија како наследник на СФРЈ. Бидејќи не се одвојува она, тук усе довоија сите од неа. Или не е баш убаво дугови да зимаш тук усамо позитивни работи, то ес медали? Ова е одлука на сите големи комитети и е нивна одлука. :pipi:
 
Србија е наследник на Југославија.

Па падневте од Марс, добро, ама мислам дека нема живот на Марс, па да сте паднале од таму, па да не и се јасни работите.
 
По разгледување на официјалните статистики, а не на желбите на србите и нивните фолирања кои што важат само во нивната земја, никаде не се вброени тие медали. Можат ако сакаат да се фураат дека имаат и милион медали, официјално од олимпискиот свет они имаат на нивно име запишани медали само од Пекинг 2008 навака, откако настапуваат како Србија, во Атина 2004 на пример медалите се водат на Србија и Црна Гора.
Еве ја страната каде може да го видите истото, и тоа не само од Олимпијади, туку и од сите светски првенства. Можете и на нов search да одите и сами да проверите. За Македонија се појавува само еден медал, колку што имаме освоено од осамостојувањето, брознениот од Сиднеј 2000 на Ибрагимов.

Сакам да кажам, нека бркаат работа србите, и кај нас може на МТВ да кажуваат дека имаме 500 медали, тоа не ја менува реалноста.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom