Kiss

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Со гордост ви го претставувам првиот македонски собир на KISS ARMY во Македонија.







MWUmCJ547514-02.jpg












Тој со Џин Симонс маица е the Carpenter, а тој во средина на првите две слики сум јас. Другите тројца не се членови на форумов.

лелеееее друже алал да ми ти е за сликата :pipi: :wub: ти должам пиво кога ќе дојдам во Охрид пак :smir:

инаку шо биде со собирот?:helou:
 
Собир пак ќе организираме (официјален на KISS Army, иначе неофицијални иаме секој ден) тек почетокот на август. Некој заинтересиран за приклучување кон армијата?
 
Собир пак ќе организираме (официјален на KISS Army, иначе неофицијални иаме секој ден) тек почетокот на август. Некој заинтересиран за приклучување кон армијата?

ООooo man и ја сакам да присуствувам на собирот на KISS Army.:vozbud::vozbud:
 
Додај ме на мсн прво да те испрашам колку знајш за KISS, па после ќе ти кажам кога шо како собир. :):back:
 
Додај ме на мсн прво да те испрашам колку знајш за KISS, па после ќе ти кажам кога шо како собир. :):back:
:pos2::pos2::pos2:друже нема проблем ако сакаш од сабајле до вечер испрашувај ме а може и да пеам и играм??:pos2:
 
Абе додај ме ти на мсн па ќе ти објаснам шо те интересират. :)

Иначе на денешен ден пред 28 години албумот Unmasked доби статус на златен албум, со самото тоа што се продадоа 500 000 примероци.

Албумот има 11 песни, од кои најпрепознатлива е баладата Shandi, со Пол Стенли како водечки вокал. Еве ги сите песни.


Is That You?http://en.wikipedia.org/wiki/Shandi_(song)
Shandi
Talk to Me
Naked City
What Makes the World Go 'Round
Tomorrow
Two Sides of the Coin
She's So European
Easy As It Seems
Torpedo Girl
You're All That I Want


Ова е воедно и последниот албум (пред reunion-от) на оригиналната постава Стенли, Симонс, Фрели и Крис.


Еве како изгледа омотот на албумот.

kiss00.jpg
 
Супер бенд ! Многу јаки песничиња им се Beth и Detroit Rock City а ептен луда им е War Machine.Што се однесува до Forever - една од најдобрите рок балади со фантастичен текст, иако не ми се допаѓа што малку ги имаат изоставено гитарите освен солото на крај негде што е.На крајот на краиштата ништо не е совршено но како и да е Forever останува некаде на врвот на мојата топ листа на рок балади.
Поз:helou:

Јеп, те поддржувам, Forever им е јако песниче дефинитивно :smir:
 
На денешен ден 2004 година KISS откажаа концерт во Пенсакола, Флорида, кој беше дел од турнејата Rock The Nation, низ цела USA. Причината била исцрпеност и срцеви проблеми на Пол Стенли.

Стенли после тоа некое време паузираше од настапи за да се опорави комплетно, а за тоа време работеше на музиката и текстот за соло албумот Live to Win, издаден во 2006та година.

Пол комплетно се опорави од срцевите проблеми и исцрпеноста. Иако досега има направено три операции на колкот, желбата да настапува не згасна и ден денес активно се движи на сцена и ја забавува публиката. Последната операција на колкот му беше во октомври 2005та, и оттогаш не чувствува проблеми со колкот. Една година подоцна, го издаде својот втор соло албум, прв вон рамките на KISS, Live to Win.
 
Среќен роденден Vinnie Vincent!

142538__vinnie_l.jpg



Поранешен член на KISS, донесен како замена за Ејс Фрели кој заглави со дрога и беше исфрлен од бендот.
Ѕвер, денес полни 56 години, и е соло.
 
На денешен ден 2003-та година, книгата што ја напиша Џин Симонс "Sex, Money, KISS", иначе втора негова книга, го достигна нивото на бестселер.

kissbook1.jpg



Во книгата Џин пишува за неговото гледиште на KISS како коосновач покрај Стенли, и животот пред и со KISS. Накусо спомнува и за проблемите со Фрели и Крис, ама повеќе се задржува на тоа како може да се стане финансиски стабилен и обезбеден без нечесни зделки и прибегнување кон пороци.

На изненадување на многу непознавачи на KISS, кои гаат стереотипи класични за овој бенд, Џин Симонс, исто како и покојниот Ерик Кар, во животот не пробал цигари или дрога, а пие само повремено на афтерпарти со бендот.

Освен него, во бендот не пушат и не пробале дрога и Пол Стенли и Томи Тајер, додека Ерик Сингер како млад две години пушел марихуана, а сега пуши цигари Winston Lights.
 
На денешен ден во 1998 година почна кастингот за филмот Detroit Rock City. Двајца од актерите (Еди Фурлонг и Џузепе Ендрјуз) уште истиот ден успеале да влезат во потесниот круг за главните четири улоги во филмот.

DRTS.JPG
 
На денешен ден во 1995 година Питер Крис беше уапсен заради обид да внесе пушка калибар 380 и муниција за истата на авион, на аеродромот Кенеди во Њу Јорк. Беше ослободен со кауција и јавно се извини, со објаснение дека рекреативно се бави со лов и затоа ја зел пушката, не размислувајќи дека сигурно е забрането.


Во 2000та година во овој период KISS имаа само нешто повеќе од недела дена за да здивнат и да продолжат со турнејата. На денешен ден истата година требаше да настапат во Ирвин, Калифорнија. Ејс Фрели скоро закаснал за настапот поради неговиот мини одмор. Толку многу доцнел, што Томи Тајер (кој пред тоа свиреше во KISS пред reunion-от, а пред тоа свиреше и во tribute band на KISS) веќе го имал облечено резервниот костим на Фрели и ја имал завршено шминката. Фрели се појавил само 15 минути пред почетокот на шоуто и успеал да се спреми за толку кратко време.
 
Катастрофа се незнам Фантом како се заљубил во нив :))))))

Зе зезам знаеш и сам :) Супер се! Имаат неколку песни што ги слушам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom