Кирил Поп-Христов (КИЛИ)

Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.372
Локација
Скопје
За многу луѓе е одличен глумец, наратор, човек кој ужива во ситните работи, не се грижи за тоа што некој зборува за него или просто кажано го боли уво и си го живее животот, додека пак за некој е еден од најиритирачките „фаци„ во Скопје и пошироко, наркоман итн итн...

Искрено додека го гледав интервјуто моето добро мислење за Кили се смени. Прва работа:
До кога со србизмиве? Златен јазик имаме! Смешното е што луѓето мислат дека доколку користиш повеќе српски зборови си поинтересен, имаш поинтересен шмек и слично. НЕ!
Друга работа: Јавна личност со таков речник... Одвратно :tapp:

Прашањето ми беше кој е Кили за вас?
 
Кили е легенда и вечен бунтовник.
Како да нема србизми кога ниеден професор на факултет нема издадено своја книга па мора да учиме од српски книги. Исто е и со книги по книжари, малце книги се преведуваат на македонски, а на српски и на хрватски ги има
 
За србизмите на Кили се виновни две нешта.
1. Мислам дека ова има помало влијание, но скопскиот сленг од 80тите години на 20 век беше пол со србизми, а тоа било времето кога Кили уживал во својата младост. А нормално некои навики од младоста се носат цел живот со себе.
2. Мислам дека ова поголемо влијание, има жена србинка :D

Е сеа Кили како Кили ти е прича за себе. Хух од кај да почнам :) Ај ќе почекам да се разврзе муабет, па ќе реплицирам понатаму пак.
 
Некој од вас може имале прилика да искомуницираат, или да се подружат со него, некои може не. Јас сум имал неколку прилики... она што ми останало во впечатокот за него е: многу е напорен, а поготово кога ќе ти се закачи за некоја глупост.
 
Ја нема Хамлет Блуз на јутјуб, да осетиш шо е блуз свирење на клавир од Кили ^^
 
Сум имал прилика да го сретнам делува интересно ,како актер е феноменален остава интересен впечаток а тоа кој и какви пороци има не ме интересира негово си е.Ликот е екстра
 
Тешка лига (производ на лигавење), човече.. Мислам..
Нема контакт со реалноста.
Интересен е бидејќи е пример колку човек може да забега од нормалното и покрај природната интелигенција.
 
Не го знам човекот. Ми личи на личност која си влегла во некој сопствен филм и таму останала. Зошто е тоа така не ми е јасно. Можеби е вид ескапизам, можеби со сила се прави таков за да биде интересен, а можеби нешто трето. Понекогаш е интересно да се гледа неговата глума, некои јавни настапи, ама се` тоа е ок ако не е пречесто, инаку би бил напорен. Каков е во приватниот живот немам појма.
 
Во основа е интересна и забавна личност. Тој е типичен претставник на еден слободен , отворен, самостоен и со ништо нит за било кого врзан интелектуалец.си ужива чоеков-онака како му е ќејф.
за тоа што е во приватен живот-што прави ниту ме засега ниту ме интересира.
негов живот.
не сум повикан да судам и осудувам.
Никој не е безгрешен.:)
 
Покрај тоа што го сметам за добар актер тој за мене е еден од најпријатните луѓе во нашата земја, скроз е позитивен и откачен, секогаш кога и да го видам ми е интересен, имал тежок период и успеал сето тоа да го надмине и стане примерен татко и фамилијарен човек.

Прав пример за тоа колку упорноста на човекот може да му се исплати и изведе на прав пат.
 
Па незнам колку си во право затоа што да излезеш на улица по бањарка и џоинт и ред други работи за кои бил во затвор?
Каков пример за фамилијарен човек е тоа ???
 
Па незнам колку си во право затоа што да излезеш на улица по бањарка и џоинт и ред други работи за кои бил во затвор?
Каков пример за фамилијарен човек е тоа ???

Упсс незнаев за тоа, секако дека не е доколку е вистина, јас знам дека се излечил и посветил на фамилијата.

Во секој случај тој за мене останува интересен и многу комичен човек, откачен.
 
Сум седел со него 5-10 минути ,за тие 5-10 минути бајаги се изнасмеав.

Легенда си е , само ќе се направам на тошо за тоа што го кажа за Аца Лукас во клипот погоре...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom