Кирил Џајковски

  • Креатор на темата Креатор на темата viktor_mak
  • Време на започнување Време на започнување
Друже муабетот беше за во Кичево каде платите и стандардот не е како во Скопје.
Друга работа, Џајковски и кога беше со Серџук Оркестра во Колосеум картата беше 200-300 денари ако не се лажам. Доколку во Кичево била над 200 тоа дефинитивно е многу, но доколку била 150-200 мислам дека тоа е ок цена за име како Кирил. Или наш е па не вреди?! А за Тиесто вредеше да се фркнат 1200 денари?!
Јас искрено порадо би дал 300 денари за Кирил Џајковски (па дури и повеќе) отколку за истите пари да идам на Тиесто (нели сеа ова се чаршиски муабети и фантазии, карта за Тиесто никогаш нема да биде 300 денари).

Иначе јас наскоро очекувам нешто ново од Кирил. Одамна не нема изненадено со некој нов проект. :)

:helou:



Алал да ти е за коментаров. Зарем за некоја србинка со силикони до колена и со глас = 0 вреди да се дадат 200 (па и повеќе) денари, а за Џајковски и целата негова екипа (кои пред се прават музика, а не крекаат на микрофон, и се талентирани) 300 денари се премногу?!


Се слагам со скоро се у постот..ама брат, и у Здуње да го праел, 200 денари е дури и МАЛЦЕ за таков гениалец..
 
Кирил и Фолтин во Прага

F906D87E8DAAC14C90249EA848C0777D.jpg


Прв пат годинава, во чешката метропола Прага ќе се одржат Денови на македонската култура, манифестација што ќе трае од 18 до 24 мај, а ќе биде под мотото Под македонското сонце. Музичкиот дел, покрај концертите на отворањето, ќе го збогатат и концерти на Кирил Џајковски и групата Фолтин.

Манифестацијата свечено ќе се отвори со концерт на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија и концерт на Ансамблот за народни инструменти и песни Стефче Стојковски.

До крајот, чешката публика ќе има можност да ја проследи и претставата Лебедова песна на Драмскиот театар од Скопје, а ќе бидат прикажани и македонските филмови, Пред дождот на Милчо Манчевски, Големата вода на Иво Трајков, Црно семе на Кирил Ценевски, Одмазда на Јан Хинтјес. Во рамките на манифестацијата ќе се одржи и промоција на трите тома Чехословачки документи за Македонија (Државен архив).

Во делот од ликовната уметност, пак, ќе биде реализиран перформанс на ликовниот уметник Мирослав Масин. Манифестацијата ќе се затвори со претставата Рајмонда на Македонскиот балет.

ИЗВОР!!!
 
Кирил во Истанбул, Прага, Порторож...

8D5BB0A6C16A2B4FA24C383DAC2400EA.jpg


Кирил Џајковски и неговиот бенд денеска заминуваат за Истанбул, каде ќе настапат во најспектакуларниот концертен простор во населбата Бејолу, клубот Гето. Нивниот настап е најавен како совршен за отворање на новата сезона на клубот и најдобар избор за афтер-парти по финалето на купот на УЕФА.

Веќе следниот ден бендот патува за Прага, каде ќе биде дел од третото издание на најголемиот летен фестивал во главниот град на Чешка. Како што вели нивното соопштение: Под македонското сонце, на на нашата најдобра летна забава, за прв пат ќе пречекаме легенда.

0D806BCDCAB5E24E85E5F48105C3C7F2.jpg


Ден потоа, заминуваат за Порторож на фестивал кој што две години го најавува Кирил како хедлајнер...

Продукцијата Литиум рекордс наскоро ќе не информира за новиот албум на Кирил, летната турнеја и промоција на Кирил и неговиот бенд, и секако, нивниот настап на најголемиот ворлд мјузик фестивал во Европа.

ИЗВОР!!!
 
Кирил растури во Прага

21393034AA5570428DF654A8C5349AB1.jpg


Настапот на Кирил Џајковски и Електро Балканик синоќа ја наполни познатата прашка дискотека Дуплекс со млади луѓе кои во енергична атмосфера играа на македонски етно комбиниран со модерен електронски звук – јави МИА.

Гостувањето на познатиот музичар и композитор на театарска и филмска музика беше дел од Деновите на македонската култура во Прага.
 
Забавата на Кирил го затвора T-Mobile INmusic fest

C6F8B5D8865D7C4CB6D1226135293591.jpg


Македонскиот електро-пионер Кирил Џајковски со својот состав ја има честа да го затвори годинешново издание на T-Mobile INmusic festival во Загреб. Годинава фестивалот се случува на 24-ти и на 25-ти јуни, на атрактивната локација позната како Јарун, позната и како Остров на хрватската младина.

Според планот, Кирил & СО. ќе настапат на ноќниот стејџ, во доцните вечерни часови...

Да потсетиме, со регионалната слава Кирил се стекнал благодарение на албумите Synthetic Theatre, Homebound и Religion & Sex, на кои е претставен совршен спој на електроника и македонска традиционална музика. Освен тоа, Кирил ја потпишува музиката во филмовите: Прашина, Бал-Кан-Кан, Големата вода..., и низа театарски претстави. За својата работа Кирил многукратно бил наградуван...

Оваа година, конечно, се очекува објавувањето на неговиот најнов студиски албум - Balkan Electrica, кој ќе и биде претставен и на загребската публика...

ИЗВОР!!!
 
Абе да не знае некој кога треба да излезе новиот албум на Џајковски, или излезен е?
 
Кирил Џајковски во Струга ќе е на 4ти сабота во АС- камп:smir:
 
Кирил Џајковски во Струга ќе е на 4ти сабота во АС- камп:smir:

Хахахахахахах XD Како ми се погоди XD Таман, денес идам у стуга, веЌер идам на Кирилчо <3
 
Омг Омг Омг Омг Омг не ги осеќам рацеве не ги осеќам нозеве ме болет сите коски.Кирил вчера растури,не развали:)).дојде на сцена и не остави без зборови.Го мислев јак али не до олку ЗВЕР!!!!САкаам пак што побрзо...
 
dobar e dobar e
iako samo ednas bev na kiril znam deka go biva za da te raskoka dobro
 
Незнам зашто воопшто темава е запоставена.
Зарем треба да се пишува во темана за Слаткар поише. Ако го хејтате, не пишувајте само ги запoставувате ваквите уметници. Ако знаете што е добро и квалитетно, што стварно вреди да слушаш, тогаш баталете Слаткар, Тони Зен, ДНК, Врчак, Џејџеј, Тврдиќ и слични на овие бруки. Слушајте си го уметников и кулирајте пријатели. Па човеков растура, а вие се замарате со некој кој не вредат. Не се навредувајте фанови на гореспоменатите „пеачи“, тоа е само мое лично мислење. И ајде еве мало освежување за темава. :)





 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom