Кире Лазаров

  • Креатор на темата Креатор на темата girl*
  • Време на започнување Време на започнување
Барса на пат за фајнлфор, еве го друштвото :vozbud:
10402568_10152283774113666_2175621017184355037_n.jpg
 
Искрено, многу ми е криво што Кире не ја освои Лигата на шампионите. А тој беше еден од посолидните во Барселона на Final 4, барем во натпреварот против Флензбург.

Ај догодина.

Се надевам дека брзо ќе се врати во форма, зашто ќе ѝ биде преку потребен на Македонија.
 
Абе Кире е во форма,друга работа е шо Барса има дудук од тренер кој не знае да изигра за него,целата игра ја базираше на Рутенка,кој ја нема ниту брзината,ниту техниката на Кире....
Колку само топки поеба тој дудукот,и упорно го игра,никако да го извади....да пробаше преку десна страна да ја разигра екипата преку Кире и Томас ќе беше друга песна....
Половина удари на Кире беа тешки,без позиција,ги остава во игра и Карабатиќ и Рутенка без висстински плеј,е па нема да има игра....
Тоа е,кога форсираш еден играч,а во тимот имаш такви ѕверови како Кире,Карабатиќ,Раул Ентрериос,Дани Сармиенто,пикер како Сораиндо,и да го форсираш Рутенка на сите позиции треба да си КРЕТЕН ОД ТРЕНЕР а токму тоа е Чави Пасквал....:tapp:
 
Трета светска титула за Кире, на ред е европска....
10659248_721979311188774_1813904036744938046_n.jpg
 
Кире игра за фудбалскиот клуб Барселона и Педро му е омилен соиграч.:icon_lol:
 
ЛАЗАРОВ ВО НАЈДОБРИОТ СВЕТСКИ РАКОМЕТЕН ТИМ ЗА 2014


Според гласовите на публиката и 23-членото жири одбрано од handball-planet.com денеска беа избрани најдобриот ракометар и најдобриот светски мешан тим за 2014 каде што македонската „машина за голови“ Кире Лазаров беше избран како најдобар десен бек.



karas-35408.jpg


Публиката имаше можност да гласа во периодот од почетокот на ноември до 4 декември, а жирито од 23 светски спортски новинари го дополни гласањето на најдобар ракометар, најдобар светски тим и најдобар тренер за 2014 година во изборот формиран од handball-planet.com

За најдобар ракометар беше прогласен Никола Карабатич од Барселона, а нашиот Кире Лазаров влезе во најдобриот ракометен тим за 2014 на позиција десен бек. Покрај него во тимот се избрани и: дефанзивец – Тобијас Карлсон (Фленсбург), лево крило – Гудјон Валур Сигурдсон (Барселона), лев бек – Микел Хансен (ПСЖ), среден бек – Никола Карабатич (Барселона), десно крило – Лук Абало (ПСЖ), пивот – Хулен Агинагалде (Кјелце), голман – Никлас Ландин (Рајн-Некар)

http://karas4training.com/mk/news/lazarov-vo-najdobriot-svetski-rakometen-tim-za-2014
 
Потег за поздрав на Кире. Конечно некој да се сети да организира ваков настан кај нас. На организациско ниво ми изгледа одлично испланирано. Кадарот кој го спрема исто така. Е вака треба да се однесуваат спортистите а не целта да им биде Катар колку да спечалат додека можат (пред се зборам за Тричковски да не почнете да фрлате со камења дека бифшите антички зборам).
 
Што е овде за поздравување или фалење?Земањето 200€ од децата за 6-7 дена?И тоа од децата со богати родители,обичен смртник тоа неможе да плати!Еее Кирца,која порака ја праќаш на децата на кои што си им идол?Џабе ако имаш желба или талент дете,ако немаш кеш иди цркни таму а сите други богати дебели размазени дечиња дојдете чика Кире да ви покаже две три финти.Од тие 200€,100€ се чисти помножете со бројот на децата што се пријавени и ќе ја видите колкава е грижата на Кире за ракометната иднина.
Секоја чест Кире!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom