Кире Лазаров

  • Креатор на темата Креатор на темата girl*
  • Време на започнување Време на започнување
GetInline.aspx

Каверот на неговата биографија. Ептен лошо фотошопирана изгледа (n)
 
... Кире Лазаров шутира со лева, а пишува со десна рака?!?!?!?!?

http://kajgana.com/intervju-so-kire-lazarov-0 на втората секунда

Ова му доаѓа нешто како Рафаел Надал во тенисот...
 
Супер е Кире Лазаров, некад утиња, ама нема везе :)
 
Кире ја заврши сезоната со 405 голови

lazarov.jpg
Деветте гола во неделата против Португалија без последни во напорната сезона 2013/14, во која Лазаров со мали исклучоци ги одигра сите натпревари. По одлуката на Душебаев не играше со Кил и Веспрем во Лигата на шампионите, а заради повредата здобиена на мечот Македонија - Шпанија, го пропушти возвратниот меч на овие две селекции во Гвадалахара, како и мечот од ASOBAL лигата со Арагон во Мадрид. Сепак импресивни се 405 постигнати гола на еден од најдобрите стрелци на модерното време.
Со Атлетико Мадрид
Лига на шампиони - 12 меча - 69 гола
ASOBAL лига - 29 меча - 157 гола
Куп на шпанскиот крал - 5 меча - 27 гола
ASOBAL КУП - 2 меча - 8 гола
ASOBAL Суперкуп - 1 меч - 4 гола
IHF Суперглоб - 4 меча - 28 гола
Вкупно: 53 меча - 293 гола

Со Македонија
СП - Шпанија 2013 - 6 меча - 44 гола
Плеј-оф за СП - Шпанија 2013 - 2 меча - 14 гола
Квалификации за ЕП - Данска 2014 - 5 меча - 29 гола
Пријателски мечеви - 2 меча - 18 гола
Вкупно: 15 меча - 107 гола

Ревијални мечеви - 1 меч - 5 гола
ВКУПНО: 69 меча - 405 гола (5,86 гола по натпревар)
Лазаров ја има својата последна активност во сезоната в четврок, кога во „Палау Блауграна„ ќе биде претставен како нов член на Барселона. Од петок официјално почнува неговиот заслужен одмор.
 
Супер е Кире Лазаров, некад утиња, ама нема везе :)

Е па сеа не е Супермен, нормално дека ќе утне, секој спортист промашува, не ти ја сфаќам констатацијата...

И цената ниска... само 490 денари за 77 страници :D

Стварно? Толку е скапа?:eek:

Иначе сликава со дресот... го личи!(y)
 
Е па сеа не е Супермен, нормално дека ќе утне, секој спортист промашува, не ти ја сфаќам констатацијата...

Стварно? Толку е скапа?:eek:

Иначе сликава со дресот... го личи!(y)
Сакав да кажам, иако некогаш утиња сепак е Македонец кој ни донесол многу победи, па затоа треба да се гордееме што имаме такви спортисти :)
 
Сакав да кажам, иако некогаш утиња сепак е Македонец кој ни донесол многу победи, па затоа треба да се гордееме што имаме такви спортисти :)

Пак го спомнуваш моментот утиња. Па како да не утне, ипак спорт е, има противници, има голман, не игра сам, не шутира на празен гол па да не утне никогаш.

Моментот “утиња понекад“ уопште не треба да биде доведено до ниво на дискусија...
 
Епа сега и ти, таков е зборот, се знае дека е спорт, некогаш се губи, некогаш се победува... јас секогаш ги сметам за наша гордост нашите спортисти, без разлика дали ќе победиме или не :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom