Кинезите малку претераа...

  • Креатор на темата Креатор на темата sankerce
  • Време на започнување Време на започнување
Нека се стават во трка оригинал Ферари, со картонскава кинезарија, па ке видите во што е разликата.
За тие пари боље е Лансер Ево, или Форд Фокус РС да се земе, него оваа на изглед убава, но од внатре шуплива кинеска кола.
 
Бреј, ако упаднат вакви коли кај нас, па тоа ситна мафија има да ги купува како алва.
 
Па тоа е коа немаш ништо свое да се пофалиш па ке крадеш од другите.
 
А да сакаат да смислат нешто лично нивно ќе смислат, и тоа некоја гадна машина шо ќе се пробие брзо на пазарот. Незнам зошто му требаат вакви глупости
 
За 40 000 евра ќе си купам ferrari f430 на старо, место да возам кинеско срање..
 
Мислам дека кинезиве почнаа малку да претеруваат со клонирањето. Како што веќе знаеме од секој најнов телефон што ќе излезе , знаат да напраат копија , која ќе чини и до 10 пати поевтино.
И е едно 1100010 пати покрш што ќе те натера да зажалиш и за десетинката што си ја платил.
 
Нешто као патиките аБидас од Шутка мислиш ? :D
yes-smiley-face.gif
 
Ај мобилен да копираат разбирам некако, ама кола копирање ми изгледа многу опасно.Кои стандарди ги следат кинезиве, ако следат воопшто, каков материјал користат, да не пукне некое црево или да не откаже некој систем кога возиш со 200кмч. :confused:
И викаш ке кренаат 200км/ч ? Овие нема ни да возаат 80км / ч а камоли 200. Квалитетот све е пластика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom