Кинески ретро скутери-имитации на Piaggio Vespa

  • Креатор на темата Креатор на темата flaki
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 март 2011
Мислења
35
Поени од реакции
25
Голем љубител сум на скутери од типот на Piaggio Vespa односно на скутери со таков ретро изглед. Но немам доволно финансиски средства за Piaggio, па затоа сакам да ве прашам дали во Македонија има типови на такви скутери од кинески производители, како Baotian,Keeway,SYM,Kymco...на нивните официјални страни има одлични понуди но во Македонија не сум сретнал ништо слично. Затоа сакам да прашам каде можам да најдам такви веспи во Македонија и колку одприлика се движат цените?

Еве неколку модели кои ми паднаа на око:

SYM Fiddle
Baotian Monza
Kymco New Sento
Keeway Agora
 
Ако си вистински љубител на ретро скутери тогаш штеди пари и купи си вистински скутер.Немој да се разочараш со кинески.Тоа ти е како да сакаш да водиш љубов со најубавата девојка а да завршиш работа кај камењаркине :)
 
тоа чудо на две тркала би го купил само кога би бил колекционер на скутери...
ако веќе планираш да даваш до кај 800 евриќи земи си априлиа од постарите модели да те види господ
(мој совет)
 
Тоа симот е ѕвер. Мала потрошна а влечи како будало, со двајца се качуваме на Самуилови тврдини без никаков проблме.
 
SYM има другар 50-ка со лиценциран Хонда мотор сега незнам што моторчиња имаат,јас незнам како може неговото да е толку брзо и стартно тоа чудо некое.А моторчето да го видиш излупано стар модел има поминато 25.000 а пали од прва.И јас ти препорачувам SYM иако незнам какви се овие модели во поглед на квалитет,јас базирано на искуство.
 
Каков е тој лиценциран Хонда мотор?
 
Црниот мотор е мој земен е пред 4 години и сум презадоволен ..... имам поминато 15 000 + ( комшиве мој зедоја сребрени и заедно двајцата немаат ни 5000 км ). Имам 4-5 сообраќајки напраено и уште не се дават моторов :)
Трува 125 кубици

157061_482364710232_629595232_6210366_3509609_n.jpg
 
SYM и Kymco неможе да ги споредиш со кинеските пред се зошто не се кинески и втора работа е самиот квалитет. Имав Sym Jet Sport X 50cc 1700 евра, поминав 12.000км во рок од 2 години и го продадов за 1000 евра. А кинескиве колку што знам нови се продаваат за 800 евра
 
Другарче од 2006 го има истото моторче блокирана му е километражата на 25.000 а има околу 40.000+ сигурно за 6 години дури сеа пред месец дена му праеше ремонт
 
Каков е тој лиценциран Хонда мотор?

Моторчето(еngine) како посебен дел е лиценцирано,со дозвола од Хонда за вградување, и изграфирано е името Хонда на него.
 
SYM и Kymco неможе да ги споредиш со кинеските пред се зошто не се кинески и втора работа е самиот квалитет. Имав Sym Jet Sport X 50cc 1700 евра, поминав 12.000км во рок од 2 години и го продадов за 1000 евра. А кинескиве колку што знам нови се продаваат за 800 евра
Sym i Kymco може се поквалитетни од другите ,но и тие се Кинески,поточно од Тајван како што видов на википедиа:) А да не знаеш во Скопјево кои се застапници на SYM или каде се продаваат?
--- надополнето: 17 мај 2012 во 15:04 ---
http://www.genericeurope.com/index.php/vendetta50_en.html
Еве исто добра веспа од Generic,иако незнам дали е кинеска марка но одлично изгледа и кошта околу 1300 евра
 
тоа чудо на две тркала би го купил само кога би бил колекционер на скутери...
ако веќе планираш да даваш до кај 800 евриќи земи си априлиа од постарите модели да те види господ
(мој совет)
Добра априлија под 1300-400 евра па макар и од постарите модели и да е зачувана машината нема шанси да најдеш ;)
 
Абе луѓе не мешајте баби и жаби, во ист кош ги стави лингбен и кимко ... не се сите тие што ги наброја кинески, не се иста класа ниту цена, не се исти деловите квалитетот и така натаму ...

По цена од најефтиното

КИНЕСКО моторче како на сликиве, пошто по модел неможеш да ги најдеш цената им е околу 600 евра

CLI_retro_scooter_maim1.jpg

Pony_Retro_scooter_501.jpg

КИНЕСКО моторче ретро ти е Glanz незнам модел ново е 850 евра (копија на generic vendetta)
http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=417712

7fcb9d06bf9e4847acf8225c1e2710a6.jpg

после тоа имаш Keeway Agora значи тоа е австриска или вотевр марка ама склопено во Кина цена 1290 евра (квалитетот на кивеј во споредба со апла кинески гланц лингбен е далеку подобра), со помали тркалца е од вендета и од фидл 2

121465598-keeway-agora-50-laguna-motors.jpg

За иста цена 1290 евра имаш Generic Vendetta, марката е иста песна ко кивејот АМА пак е далеку поквалитетна од гланц хамачи маријачи
http://www.enix.com.mk/index.php?op...cle&id=79:vendetta&catid=37:-50-ccm&Itemid=79

vendetta00.jpg

Sym Fiddle 2 тајванска марка. со куферче фабричко со кремаво седиште итн ти е 1500 евра

sym%20fiddle%20ii%20150%20cc%20modello%202010.jpg_630.jpg
.

Кимко исто така тајванска марка ама најквалитетна од сите горенаведени ... кај нас нема за жал ретро модел на кимко само овие модели се присутни
http://www.kymco.com.mk/skuteri.html

Е сега ако бараш мислење од моја гледна точка би се двоумел помеѓу Generic Vendetta и Sym Fiddle 2 мада Vendetta е многу поубава и поголема на лик
Ова со квалитетов погоре што го зборев е од лично искуство, имав кинески лингбен па се оттарасив од ѓубрето, па купив keeway f-act racing, па скоро купив уште еден keeway f-act naked, и сега најтазе брат ми купи kymco super 8

кимкото е најквалитетен од сите овие марки горенаведени, а најниско позиционирани ти се гланц, хамачи маријачи итн (всушност истите моторчиња со различно име) гланц нарачал количина во кина и му штампаат гланц на скутерот ... тоа е тоа
--- надополнето: 17 мај 2012 во 20:08 ---
Sym i Kymco може се поквалитетни од другите ,но и тие се Кинески,поточно од Тајван како што видов на википедиа:) А да не знаеш во Скопјево кои се застапници на SYM или каде се продаваат?
--- надополнето: 17 мај 2012 во 15:04 ---
http://www.genericeurope.com/index.php/vendetta50_en.html
Еве исто добра веспа од Generic,иако незнам дали е кинеска марка но одлично изгледа и кошта околу 1300 евра

Кога сме кај местата каде што се продаваат
кинески гланц имаш кај раде кончар т.е. после влахов
кивеј и сим имаш во мотомаркет кај новата зграда на тутунска банка позади рамстор
хамачи е до мотомаркет
сим имаш истотака и во динамикс кај сет компјутери во карпош

разгледај си јас ти кажав од горенаведените најдобар избор ти е Sym Vendetta па Sym Fiddle 2
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom