Кина, олимпијада, протести...

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Кинеските власти добиле 77 апликации за одржување на протести за време на Олимписките игри. Од нив, 74 се повлечени од самите подносители, 2 се суспендирани а на една е ставено вето. Властите се пријатно изненадени од тоа како добро им оди со демократијата и тоа од прва.

Кина доби пофалби од Олимпискиот комитет кога вети дека ќе ја укине забраната за протести за време на Олимпијадата и дозволи обележување на простор на кој ќе може да се одржуваат најразлични протести.

Меѓутоа, на нешто помалку од една недела до крајот на Олимпијадата, излезе дека ниту една апликација не успеала да ги мини строгите правила за тоа кој се може да организира протести.

Најголемиот дел од барањата се повлечени бидејќи проблемите на кои тие се однесуваат, можат многу подобро да се решат со "релевантните власти или институции, преку советување."

Барањата за дозволи се поднесени од 149 лица, вклучувајќи и тројца странци, изјавил портпаролот на пекиншкото биро за јавна безбедност, според кого протестите се однесувале на проблеми околу работни спорови, здравствени и социјални случаи.

Две од апликациите биле суспендирани, бидејќи "не ги исполниле процедурите," а на едно барање е ставено вето од причина што истото ги прекршувало кинескиот закон за демонстрации и протести.

Законот, кој е донесен по демонстрациите на плоштадот Тиананмен, бара од апликантите да поднесат повеќе информации околу протестот кој планираат да го организираат. Меѓу другото, тие треба да кажат какви постери и слогани ќе се користат, колку луѓе ќе учествуваа, како и имињата и адресите на живеење на организаторите.
Извор

Кинезите си тераат по свое.

Еден дел од текстот кој ми се виде интересен:

Од нив, 74 се повлечени од самите подносители
Се прашувам како ли се "самоодлучиле" на ваков чекор :)
 
Aрно си прават, и никој не може да им се потфати.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom