Киднапиран градоначалникот на Охрид?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
за градоначелник или градоначелничка се работи.

сега ме подазмисли која гранка од медицината е надлежна за делот околу чмарот и самиот чмар.

Охрид има градоначелник!
Стравно е ова или шпекулации?:jaj:
 
А Фантоме слабо со информацииве...:smir:

Двајца криминалци од градоначалникот и неговиот шофер изрекетирале 15000 евра.
На прес конференцијата која што заврши предмалку, портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека градоначалникот на Охрид, Александар Петрески и неговиот личен возач биле грабнати од пред домот на градоначалникот на 21 Декември 2008 доцна навечер околу 22,30 часот.
aleksandarpetreski.jpg


Според пријавата грабнувањето било извршено откако претходно двајцата осомничени со закани и притисоци се обидувале од градоначалникот да изнудат 15 000 евра. При грабнувањето шоферот од градоначалникот се здобил со повреди на главата бидејќи грабнувачите го удирале со пиштол по лицето. Со овие повреди тој се здобил обидувајќи се да го заштити градоначалникот кој всушност бил цел на физичкиот напад. Веднаш потоа грабнувачите со закана под оружје ги однеле градоначалникот и неговиот шофер на периферијата од Охрид, каде испукале неколку истрели во воздух, и продолжиле да ги бараат 15 000 евра пари кои подоцна биле исплатени во два наврати. Најпрво шоферот на градоначалникот им платил 5000 евра а следниот ден истото го сторил и градоначалникот. МВР во текот на вчерашниот ден ги привела двете лица и против нив е покрената постапка откако претходно биле сослушани од истражен судија.
http://www.megastar.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=525&Itemid=41
 
Да беше алармантно и за плачење, океј... Те увервам дек сум подобро запознаен со ситуацијата од тебе. :wink:

Закани имало и ќе има, ако паничев на секоја, ќе требаше нон стоп само вакви теми да е Кајганава. :back:
 
Не морат да ме увервиш во ништо.Сигурен сум дека си подобро запознаен од мене.:wink:
 
http://www.makfax.com.mk/look/novin...n=2&NrArticle=139334&NrIssue=884&NrSection=10


Двајца приведени за киднапирање на охридскиот градоначалник

Две лица се приведени поради сомневање дека ги киднапирале охридскиот градоначалник и неговиот личен возач, што тие го пријавиле еден месец откако се случило грабнувањето, соопшти денеска полицијата.

Истиот извор наведе дека ниту градоначалникот, ниту неговиот личен возач во својот исказ пред полицијата не посочиле зошто со едномесечно задоцнување го пријавуваат случајот.

Двајцата осомничени биле приведени синоќа и истрагата треба да утврди дали „грабнувањето“ е сторено поради изнуда или нерасчистени должничко-доверителски односи.

Според пријавата, грабнувањето било извршено, откако претходно еден од осомничените побарал од градоначалникот да му исплати 15.000 евра

Бидејќи не ги добил парите, истиот се упатил кон неговиот дом и кога повторно бил одбиен, извадил пиштол со кој што го удрил возачот, во моментот кога од него бил спречен да тргне кон градоначалникот.

Откако возачот паднал на земја, градоначалникот и осомничените влегле во возилото со намера да го однесат во болница, но под закана со огнено оружје, осомничените ги пренеле на периферијата на Охрид, каде заканувајќи им се по животите испукале во воздух, барајќи да им бидат дадени парите. Истата вечер, како што е пријавено возачот им дал 5000 евра, а следниот ден истото го сторил и градоначалникот.

Полицијата соопшти дека осомничените во истрагата се бранат со молчење, а нема дополнително појаснување и за причините поради кои градоначалникот и неговиот возач ги исплатиле бараните пари, како и мотивите поради кои оштетените досега не дошле да го пријават случајот.

-----------------------------------------------------------------------

Имале среќа што не ги прибрал Лазе Радески, инаку немаше да раскажуваат за тоа.

.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom