Киднапирања или мистериозни исчезнувања?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување
Не реков дека сум чула на вести или нешто, просто градски приказни па споделив со вас , можеби некоj знае нешто итн итн итн ...

rossonerka не ми се караj :smir:
 
Посакувам и од Се срце се надевам дека сепак малечката Ангела во многу блиска иднина ќе биде пронајдена жива и здрава. И таа како и сите деца ќе ги почувтсвува убавините на безгрижното детство,насмеана и разиграна помеѓу своите врсници.
Читајќи ги предходните постови на оваа тема забележав дека многумина ги осодуваат нејзините родители, други велат не сакам да сум во кожата на родителите, но јас би кажала не сакам да сум во кожата на тоа мало и невино девојченце,што којзнае низ Се какви трауми и какви Се моменти поминува,кутрото.
Од самата помисла се ужасувам какви Се монструми живеат на оваа земја.
 
Абе стварно ова со Анѓела дека мајка и ја фрлила во бунар?????
Синока од муабет слушнав дека мајка и ја задавила и ја фрлила во бунар,откако Ангела ја видела мајка и со друг маж(љубовник),и од страв да не каже на татко и,таа ја задавила и ја фрлила во бунарот...и кога полицијата рекла дека ке ги чисти селските бунари,таа самата признала...

Се надевам дека ова не е точно...:uvo::uvo::uvo:
 
Офијално нема никакви траги.Се е шпекулации и измислици.Ова со швалеров е врв :)Која мајка би си го задавила сопственото 6 годишно дете,поради швалерот...
 
во струмица имаше обиди за киднапирање на денот на презентацијата на синалко мислам дека беше со бело комбе шетале едниот бил фатен,а другиот избегал.
 
Да ја оживеам темата малку.

Ме интересира дали сте запознаени со веста дека се најдени остатоци од човечко тело,остатоци од ткиво,облека и коса на 6 километри оддалеченост од местото каде што исчезна Ангела.Се претпоставува дека тие делови се од исчезнатото девојче.
Дај боже да не се од неа:cry:
Остатоците се однесени на вештачење и се очекуваат резултатите.
Не можам ни да помислам како им е на нејзините родители додека тече процесот на испитување.
 
Да ја оживеам темата малку.

Ме интересира дали сте запознаени со веста дека се најдени остатоци од човечко тело,остатоци од ткиво,облека и коса на 6 километри оддалеченост од местото каде што исчезна Ангела.Се претпоставува дека тие делови се од исчезнатото девојче.
Дај боже да не се од неа:cry:
Остатоците се однесени на вештачење и се очекуваат резултатите.
Не можам ни да помислам како им е на нејзините родители додека тече процесот на испитување.

Од кога и од каде е оваа вест? Прв пат слушам. Ако сакаш да дадеш некој линк од веста, односно од изворот од каде ја имаш истата?
 
Родителите не веруваат дека остатоците се од Ангела додека не стигнат резултатите


02.02.2010 13:36

Додека не види дел од облеката и делови од телото таткoто на Ангела, не сака да верува дека неговата ќерка е мртва.

Додека не види дел од облеката и делови од телото таткoто на Ангела, не сака да верува дека неговата ќерка е мртва.
Борис Ѓоргиоски вели дека експерти од судска медицина вчера му зеле брис од плунката за Де Ен Ка анализа, која треба да покаже дали пронајдените остатоци од тело се од Ангела.

Родителите не веруваат дека дете само би можело да стигне до соседното село Пештани. а уште помалку до местото Самовилец каде што се пронајдени остатоците од тело.

Борис Ѓоргиоски и денеска беше на работа во рудникот близу Дуње. Се уште нема појдено до пештерата пред која мештаните најдоа делови од тело. Не му е јасно зошто во големата полициска акција од пред шест месеци кога исчезна Ангела, единствено не бил проверен теренот околу соседното Пештани.

Додека семејството на Ангела во неизвесност ги очекува резултатите од анализата, од Институтот за судска медицина најавуваат до крајот на неделава ќе завршат испитувањата на дел од черепот, неколку ребра, прамени од коса и делови од облека.
И МВР ги очекува резултатите од судска медицина за да ја продолжи истрагата.
Има и на А1
 
Да...Кога ја видов сега темава прво се сетив на тоа девојче.
Зарем прекина истрагата за нејзиното наоѓање?
 
Има вест на А1,ама убаво велат да се испита,па да се говори.Да не го закопуваме детето пред време,ќе се испитува што се случило.
 
Од кога и од каде е оваа вест? Прв пат слушам. Ако сакаш да дадеш некој линк од веста, односно од изворот од каде ја имаш истата?

Прочитав во весник и дадоа на телевизија.вчера на неколку програми.Се претпоставува дека се нејзини остатоци но се испратени на вештачење.
Инаку како што кажа leandra треба да се почека до крајот на Неделата да се знае точно.
Се надевам дека не се нејзини.

Еве овде има вест
ДНК анализата ќе утврди дали станува збор за исчезната Ангела
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119414

Пронајдени делови од човечко тело во мариовско
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119378
 
Последните новости околу случајов беа на 8-ми што ќе испадне на крајот ќе видиме, ама засега според мене како што гледам или девојчево е киднапирано од жител на селото па откако се расчуло е убиено некако на местото погоре. Или пак е киднапирано и подоцна облеката оставена/вратена на местото кај селото како би утврдило дека тоа е детото а уствари е леш на сосем друго дете.

Пронајдената облека е идентична на онаа од Ангела

Долниот дел тренерки и детските чевли пронајдени кај мариовско Пештани, се идентични на оние кои ги носела малата Ангела на денот кога исчезна од родното село, дознава А1 од извори од истрагата.

Анализите на судска медицина кои треба да го направат ДНК профилот се во тек. Се работи на млечните заби со што ќе се утврди идентитетот на лицето со име и презиме, ни потврдија од институтот.
Анализите на облеката завршиле, негативни биле тестовите за присуство на сперма, крв и плунка. Дополнително ќе се вештачи и пронајдената земја врз облеката, форензичарите ќе утврдуваат дали хемискиот состав, одговара на оној од селото во близина на црквата каде што исчезна девојчето. И МВР чека на резултатите од судска.

„Без оглед какви ќе бидат, ќе бидат многу внимателно разгледани. Јас верувам дека ќе дадат некоја нова насока, доколку се поврзе идентитетот на лицето чии остатоци се пронајдени, со идентитетот на било кое од други исчезнати лица за кои веќе постојат потраги“, изјави Јанкуловска.

Судските вештаци ќе го откријат идентитетот, а на полицијата ќе остане преку истрагата да обелодени кога и како настапила смртта. Детали засега не се откриваат.

Најобемна но и во најголема тајност е истрагата за овој случај. Не се зборува ниту за осомничени ниту пак во која насока се работи.
Полицајци и инспектори секојдневно се присутни на терен околу двете мариовски села. Ангела Георгиоска исчезна во јули минатата година од родното село Дуње, нејзините пријавија дека девојчето било облечена во бела блуза, носела сини тренерки и розови чевли.
ДНК профилот е клучен за идентификација на лица, пронајдената облека дава индиции дека најдените останки на планината најверојатно се од шестгодишното девојче од Дуње.
 
Последните новости околу случајов беа на 8-ми што ќе испадне на крајот ќе видиме, ама засега според мене како што гледам или девојчево е киднапирано од жител на селото па откако се расчуло е убиено некако на местото погоре. Или пак е киднапирано и подоцна облеката оставена/вратена на местото кај селото како би утврдило дека тоа е детото а уствари е леш на сосем друго дете.

Moжна е и таа сторија,не се знае.Можеби ја оставил облеката само за да се мисли дека е мртва:toe:Потполо се согласувам со тебе.Но сепак не ми е јасно...зошто би киднапирал девојче од родители кои се сиромашни?што ке добие со тоа:uvo:
 
Moжна е и таа сторија,не се знае.Можеби ја оставил облеката само за да се мисли дека е мртва:toe:Потполо се согласувам со тебе.Но сепак не ми е јасно...зошто би киднапирал девојче од родители кои се сиромашни?што ке добие со тоа:uvo:

Па не го киднапираат да бараат после пари од родителите, едноставно е барем трговијата со органи е бајги организирана на Косово па лесно ќе биде изнесено таму, и имаше некои изјави од жителите на селото дека баш тој ден демек трговци од Албанија или Косово незнам баш барале да купат во селото сирење и овни така нешто беше.
 
За жал.. потвредени се сомнежите. Се работи за Ангела. Нејзината мајка вели дека не верува дека е нејзиното дете, ја сонувала дека е жива и верува дека таа по три години ќе се вратела.:icon_frow:icon_neut

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=57677
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom