Пак се вртиме во магепсан круг.
Добра програма...тоа што за мене и тебе (и уште некој процент еве да ги наречеме попаметни луѓе кои нејќат чобанерија на ТВ) би било добра програма, за мнозинството е тапа. И тоа е реалноста. Не се виновни телевизиите, нормално е нив да ги интересира гледаноста на програмите кои ги емитуваат, бидејќи тоа им носи профит.
И тоа е проклетството. Кога ќе се смени публиката, ќе се смени и понудата на пограми кои се емитуваат на телевизиите. А како што стојат работите сега, кичерајот ги истиснува програмите со вистински вредности во бош термини на прикажување, затоа што тоа самото по себе си се наметнува, од причина што огласувачите сакаат реклами во емисии кои се гледани (а тоа сега се кичерајските), и токму затоа одат во ударни термини (каде секундата е најскапа).
Кога еден Боки може да прегази се со гледаност, што понатаму ние тука да дебатираме, не вреди да тупиме мозок, ниту тастатура.