Кеш за крнтии

  • Креатор на темата Креатор на темата BOJ@N
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е условот? Возилото што ќе го однесиш да биди регистрирано и во возна состојба?

Да да .....да е регистрирано и во возна состојба!
 
Тоа е условот? Возилото што ќе го однесиш да биди регистрирано и во возна состојба?

Да да тоа е ... си пишува и со микронски букви на рекламата со дачијата :)
 
Увозникот на Dacia за Македонија излезе со резултати од спроведената акција, а исто информираат дека истата продолжува до крајот на годинава. Накратко, за седум месеци рециклирале 257 возила што за наш пазар и услови мислам дека не е за потценување.
____________________________________

Акцијата Dacia за природата продолжува!

Минаа седум месеци од моментот кога македонскиот импортер за возилата од програмата на Dacia, филијала на францускиот Renault, Аутомотив Груп, стартуваше со кампањата „Dacia за природата“, која досега покажа голем ефект, продолжува со Dacia Green до крајот на годината, а продолжува со нови елементи во 2011.

Како што е познато основна цел на оваа акција е пред се елиминирање на старите возила, или едноставно кажано автомобилскиот крш, од нашите патишта и „допирање до еколошката свест“ кај нашите граѓани. Втор момент е секако и намалувањето на емисијата на штетни гасови, што значи поздрава и почиста еколошка средина. ЕKO акцијата „Dacia за природата", на која носител е токму Аутомотив Груп, се остварува со поддршка на компанијата МАКСТИЛ / Дуферко, која ги рециклира старите автомобили и невладините организација BELLS и FUEL.

Aутомотив Груп се одлучи на ваков чекор, како општествено одговорна компанија која се грижи за природата и нејзино зачувување, преку промовирање на оваа акција сакaјки да ги отстрани автомобилите што се потенцијална опасност и за остaнатите учесници во сообракајот, a и се големи загадувачи на природата, истакна првиот човек на македонскиот импортер, Кирил Калеников, на средбата со новинарите. –Акцијата трае веќе седум месеци и има полн ефект и затоа ја продолжуваме, се разбира во консултации со нашиот принципал. Програмата што ја нуди Dacia , односно Аутомотив Груп, е во склад со глобалните светски принципи. Програмата во исто време гарантира справување со сите отпадни материјали и флуиди, од откупеното старо возило, на осмислен организиран начин и регулирана постапка.

dacia_za_prirodata_2.jpg


Граѓани кои беа дел од оваа акција не само што придонесоа за зачувување на околината туку добија и одредени бенифиции при купувањето на ново возило од програмата на Dacia. Имено, секој оној што го донесе својот стар автомобил доби бонус од 1.600 евра, односно новото возило беше поефтино за оваа парична вредност. Овој бонус го доби секој, независно од вредноста на неговото старо возило. Поголемиот дел од возилата беа од Заставината програма, стари и по 30 години, а најстариот беше Austin 1300 од 1969 година.

-Во текот на овие седум месеци рециклиравме вкупно 257 возила. Од нив 157 беа директно донесени во Аутомотив Груп, а другите во пунктовите на нашата дилерска мрежа: Скопје 39, Охрид и Битола по 24, Тетово 10, Кочани 7, Прилеп 4 и Гевгелија 1 возило. Со рециклирање на истите добиени се 221 тон железо, од кои е направен лим. Анализите натаму велат дека во воздухот се остранети 780 тони СО2. Остранети се 1.775 литри прегорено масло (еден литар моторно масло може да загади еден милион литри вода за пиење или 10.000 метри квадратни водена површина). Од вкупно 6.731 сообраќајни несреќи во 2009 година околу 15% или 1.010 биле предизвикани од неисправни стари автомобили. Со оваа акција значи се придонесе и за помал број на несреќи на годишно ниво.

dacia_za_prirodata_3.jpg


Но, акцијата не застанува тука, иако беше најавено дека ќе трае само шест месеци. Со аманет на принципалот продолжува со Dacia Green, односно во иднина ќе се нуди моделот Sandero со ниво на опременост Green.

-Бонусот за донесен автомобил за рециклирање се зголемува, до 31 декември 2010 година за 250 евра, па сега доколку купувате Dacia Sandero Green ќе имате попуст од 1850 евра. Ако и оваа акција се покаже како успешна, токму на оваа тема „Dacia за природата“ за до година подготвуваме нови изненадувања, потенцираше Калеников.

-Дека ние во Аутомотив Груп мислиме постојано на природата е фактот што се вклучуваме во акцијата за новиот изглед на Зоолошката градина во Скопје. Имено заедно со многу фирми се обидуваме да ги подобриме условите во оваа институција, па се вклучуваме во проектот „враќањето на шимпанзото Коко“. Имено, овој некогашен жител на Зоолошката градина е на ресоцализација во Холандија и доколку се обезбедат соодветни услови во Скопје и се направи негово живеалиште според потребните стандарди, тој ќе биде вратен, истакна Калеников.

АвтоПлус
 
Ќе можи Dacia Duster да се земи со попустот? Некаде околу 10.000 евра и е цената, така да би паднала до некои 8... шо е сосема интересна понуда за џипче.
 
Леле ама бил малечок Дустеров,јас си мислев дека е поголем,а погоре на сликите речиси е иста големина како Сандеро Степвеј.
Ај стварно толку евтин е Дустеров 10.000 евра?,Се си мислев дека е 13/14 000.
Ај ако може некој да постави ценовник за Дустеров,интересен ми изгледа.

Еве едно рекламче за Dacia Duster

 
Ќе можи Dacia Duster да се земи со попустот? Некаде околу 10.000 евра и е цената, така да би паднала до некои 8... шо е сосема интересна понуда за џипче.
Незнам, но би било одлично доколку може.
Леле ама бил малечок Дустеров,јас си мислев дека е поголем,а погоре на сликите речиси е иста големина како Сандеро Степвеј.
Ај стварно толку евтин е Дустеров 10.000 евра?,Се си мислев дека е 13/14 000.
Ај ако може некој да постави ценовник за Дустеров,интересен ми изгледа.

Јас мислев дека цената ќе биде над 11.000евра бидејќи порано во Автоплус го имаше следново:
...Неверојатно солидно подготвен СУВ со голем број атрибути, кој привлекува со својот дизајн и се наметнува со своите возни својства, а цената стартува од 11.000 евра па нагоре...
Дустеров е малечок бидејќи ја користи/е изграден на истата платформа на логан/сандеро.
Мене ме интересираше цената на Степвеј и едвај успеав да го најдам овој ценовник (пдф).
Дали Степвеј го има единствено во дизел варијанта?

За Дустер ценовник не се наоѓа, но на Фејсбук страната на Renault STREETAUTO ја има оваа слика:
63806_156367124391666_114029715292074_395985_1557884_n.jpg

Цената е екстра.

+ Овде тест на Дустер од АвтоПлус
 
Еј..па сууууууупер понуда еј! За 8100 еур џипче. И тоа квалитетно! Уште добар кредит да даваа банките...
 
Фина акција, штета што и другите увозници на коли ова не го прават. Штета. Према оваа акција нема да се приклучам пошто на Калеников не му го пунам џебот макар идел и пешки, или ќе пушти и некоја друга фирма оваква акција или ќе си ја шитнам колата па ќе си купам некоја поквалитетна (не романска) кола.

Нејќам да навлагам у дискусии, за мене немац е немац.
 
Фина акција, штета што и другите увозници на коли ова не го прават. Штета. Према оваа акција нема да се приклучам пошто на Калеников не му го пунам џебот макар идел и пешки, или ќе пушти и некоја друга фирма оваква акција или ќе си ја шитнам колата па ќе си купам некоја поквалитетна (не романска) кола.

Нејќам да навлагам у дискусии, за мене немац е немац.
Најди немац нов за 10.000 евра, 5 ќе купам.
 
дачија и романски производ се китка-матка... колку за инфо на смоле, дачиа е под капа на реано групацијата т.е. француз...
 
Добри се Дачија според мене. Се разбира за цената. Ова со 1800 еур после Нова Година или 1850 колку беше...е супер зделка. Право фамилијарно количе за hard-core луѓето кои не сакаат да се замараат со мајстори.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom