Гладиус
notusually
- Член од
- 14 август 2008
- Мислења
- 5.508
- Поени од реакции
- 1.728
Она што во последно време можам да го приметам во повеќето кафулиња во Скопје е дека момците и девојките кои работат како келнери се навистина несоодветни за таа работа.
Пред сè, брзината со која послужуваат е никаква. Една обична Кока Кола се чека и по 15 минути. Втора работа која навистина не можам да ја разберам е неможноста да се сфати дека кога некој ќе побара чаша вода, навистина му се пие и истата не треба да пристигне по 20на минути.
Но она што највеќе ме вади од кожа е фактот дека многу од келнерите се навистина безобразни и одбивни. Доаѓа, те убива со поглед, остро те прашува што сакаш, и на крај кога ќе ти го донесе она што си го побарал го треска (не буквално нели) од масата.
Некој ќе рече дека се нервозни поради работата што ја работат, меѓутоа тие се оние кои треба да бидат расположени и услужливи од самата причина дека ако ми се допадне услугата, утре пак ќе отидам на истото место.
Што мислите вие, какви се според вас услугите по локалите низ кои се движите? Сте имале ли некоја непријатна случка само затоа што келнерот/келнерката не бил/а расположена?
Која е причината за ваквото однесување ?

Точно тоа што велиш треба да ти се допадне услугата за пак утре да одиш таму,меѓутим денес има доста доста деца вработени преку пријател на пријател на газдата на кафичот и баш ги заболе дали тебе кафето ти било добро или кока-колата ти била донесена топла,гледаат да си земат дневница и наредниот слободен ден што го имаат да се начукаат и после на работа може и со мамурлук и да има непријатни ситуации. Уосталом,доста од кафичите си имаат некој углед и свој имиџ и стандард. Ќе си идеш на кафенце на неколку места кај што ти е најтоп и услуга и све и нели подруго е кога си редовен гостин