Келнерите низ локалите

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Она што во последно време можам да го приметам во повеќето кафулиња во Скопје е дека момците и девојките кои работат како келнери се навистина несоодветни за таа работа.
Пред сè, брзината со која послужуваат е никаква. Една обична Кока Кола се чека и по 15 минути. Втора работа која навистина не можам да ја разберам е неможноста да се сфати дека кога некој ќе побара чаша вода, навистина му се пие и истата не треба да пристигне по 20на минути.
Но она што највеќе ме вади од кожа е фактот дека многу од келнерите се навистина безобразни и одбивни. Доаѓа, те убива со поглед, остро те прашува што сакаш, и на крај кога ќе ти го донесе она што си го побарал го треска (не буквално нели) од масата.
Некој ќе рече дека се нервозни поради работата што ја работат, меѓутоа тие се оние кои треба да бидат расположени и услужливи од самата причина дека ако ми се допадне услугата, утре пак ќе отидам на истото место.

Што мислите вие, какви се според вас услугите по локалите низ кои се движите? Сте имале ли некоја непријатна случка само затоа што келнерот/келнерката не бил/а расположена?
Која е причината за ваквото однесување ?

:) :) :)
 
Помислив темата е нешто у стил “Леле, сте ги виделе ли келнерите низ локалите, колку јаки типци се...“ а оно било за послугата :)

Шегата на страна, девојките и дечките кои го работат ова во голем дел се почетници, непрофесионални, во борба за некој денар, луѓе со проблеми како и сите ние, па може да им се погоди и лош ден.

Работа цел ден на нога не е лесно, посебно за грбот и вените... затоа имам разбирање и кога не ми носат вода со еспресото или не ја донесуваат ако им речам.
 
Муабетот ми е (да се дообјаснам) конкретно за келнери и келнерки кои веќе долго време си ја работат работата и долго време си го држат тоа расположение. Јасно ми е мене дека се обидуваат да заработат за живот, и фала богу дека немаат лесна работа, ама ако веќе го работат тоа, нека го работат како што треба.
Барем мислам дека тоа е правилно, ако ништо повеќе:)
 
Јас би рекол дека услугите се прилично добри низ кафулињава. Некоја непријатна случка со келнер/ка ми се нема случено. Впрочем и јас се обидувам да бидам што пољубезен со келнерите,а има некои луѓе што баш она арогантно се понашаат спрема келнери или у кафич у голема гужва по 5 пати бараат вода,па шеќерче па уште едно шеќерче,па лажичето ми падна донеси ми друго и на некои келнери им е доста мучно со одредени луѓе. А и професијата е напорна да ти кажам јас не сум работел како келнер и не знам дали би можел:unsure: Точно тоа што велиш треба да ти се допадне услугата за пак утре да одиш таму,меѓутим денес има доста доста деца вработени преку пријател на пријател на газдата на кафичот и баш ги заболе дали тебе кафето ти било добро или кока-колата ти била донесена топла,гледаат да си земат дневница и наредниот слободен ден што го имаат да се начукаат и после на работа може и со мамурлук и да има непријатни ситуации. Уосталом,доста од кафичите си имаат некој углед и свој имиџ и стандард. Ќе си идеш на кафенце на неколку места кај што ти е најтоп и услуга и све и нели подруго е кога си редовен гостин;)
 
Муабетот ми е (да се дообјаснам) конкретно за келнери и келнерки кои веќе долго време си ја работат работата и долго време си го држат тоа расположение.
Ах, ако се карактерно така... едноставно не се за таа работа. Исфрустрирани се оти малку заработуваат (ако делат бакшиш), па работат оти мораат, не оти сакат.

Таквите поарно да бараат друга работа.
Иако мене ми е сеедно и да ме послужува Ѓаволот лично. Моето расположение зависи од тоа со кого сум седнал и дали тоа што сум го нарачал е со коректен квалитет. Ако нешто не и се допаѓа, келнерката може слободно да плаче кога ќе ми носи кафе :) И така повеќе ги гледам на други места, отколку во лице (лол).
 
What they don't really understand is, that, for the time being, they are your bitches.
You pay them, they serve you.
And when bitches don't obey you, they get pipmpish bitchslap.
And. Don't forget. It's only arrogance if you're wrong.
And pimps are never wrong.
 
Остај послугата, нешто шо иритира највише е дека те гледа ко свекрва или ко убиец.
Кога одам независно каде, сакам убаво да поминам а не таму некој намќор шо работи ради реда да ми го упропасти денот.
Дали би ги убило ако еднаш се насмеат и покажат учтивост?
Ја сваќам дека не им е тешко и дека цел ден работат тантарапантара ама они прифатиле работа шо налага да бидат учтиви со муштериите.
 
Пример за келнерки се оние во фуфо со миничите црвени
 
Келнерите кај нас заработуваат малку, не добиваат стандарден бакшиш а работат многу, со други зборови работат од беда затоа што мораат така да тешко им паѓа да глумат љубезност.

Сепак тоа не оправдува такво некултурно однесување спрема гостинот затоа што сме ние најмалку криви за таа нивна состојба и се согласдувам со претходно кажаното ако веќе се нафатиле да работат треба да бидат љубезни и ефективни колку што можат а не да чекаш по 15-20 мин или што често ми се случува чашата вода се некако ја забораваат па треба неколку пати да ги потсетиш.
 
Да, ми се случува доста често да начекам непријатна услуга од персонал низ кафичите. Мада низ Скопје е поретко тоа, сепак во некои има што се држат до професионалност.
Не е воопшто мој проблем дали и’ има дојдено на келнерката или и’ се скарал дечкото претходниот ден па е накурчена или не ја плаќа газдата. Јас кога ќе седнам и платам, сакам да добијам услуга што вреди, во спротивно нема уште еднаш да седнам на тоа место.
И ако веќе си решил да бидеш келнер/ка, држи се до професионалност... Биди љубезен, учтив, културен и услужлив со гостите, а личните проблеми и фрустрации лечи си ги на друго место, во слободното време.
Иначе, за Прилеп што да кажам... мизерија невидена е. Келнерка нема ни за лек во градот. Секаде кај и да појдиш те служат орјати, некои ги познавам (најголемите селјаци во градот, до матура не знаеја името на кирилица да си го напишат). Професионалност нула, услуга катастрофа... а за сметка да ти донесат треба војни да водиш. Се случувало чаша да ми донесат мрсна целата немиена, маса ретко да избришат од тие претходно што седеле. Добар ден! Повелете! = Нема шанса...
 
Проблемот е во повеќе фактори, но никако во самиот муштерија.

Како прво, газдите на кафичиве низ Скопје, со мали исклучоци, се суртуци со основно одделение, па не знаат за контрола на квалитет на услуга и слични "срања" за нив. Зашто, на пример, во Џино секој од келнерите и келнерките е фин? Зашто има шеф на смена, уствари не еден, повеќе...

Како второ, глупата америчка традиција на оставање бакшиш. Во несот што го плаќам 100ка (кој реално не вреди ни 20 денари), јас веќе оставам пари за местото кое го изнајмуваат, како и услугата. Е сега газдиве пак се алчни, сакаат они помалку да им плаќаат на келнерите, а остатокот да доаѓа од бакшиш. Како што реков, со 100ката јас веќе давам бакшиш, апсурдно е ова.

Тоа со водата што го спомнувате сите, не е до келнерите. По наредба на газдите е, намерно не се носи вода за да се земе пијалок со кафето. Спрајт, кока-кола или слично. : )
 
Тоа со водата што го спомнувате сите, не е до келнерите. По наредба на газдите е, намерно не се носи вода за да се земе пијалок со кафето. Спрајт, кока-кола или слично. : )
Затоа иди си во флуид во лептокарија, ем вода ти носат со нес-кафето без дополнително да им бараш, ем убави келнерки има и секогаш се љубезни. А и не е скапо.
 
Значи секаде се носи вода со примање на порачка. Само кај нас водата се носи по 20 минути.
Еден келнер на 15 маси...невозможно да има добра услуга.Особено во место каде се служи храна. Последен пример ми е Пантелемон во Скопје. За една ракија чекавме 20 минути,за салатата уште 30,за јадењето уште еден саат. На крај дехидриравме. А го вбројуваат во елитни ресторани...абе од елитен ни Е.
 
Јас тврдам дека секоја келнерска услуга (било добра или лоша) зависи токму од газдите. Ако мене ми даде 14 маси за служење, јас би ги услужил на време ако би немало водење евиденција во компјутер што точно секој од нив изел и испил, и тоа по шифри кои треба да ги научиш на памет за секој пијалок и јадење. Башка масите ги водиш по своја бројка, може да се случи на една маса да запишеш нешто што некој испил од друга маса и нема бришење веќе (таа шифра за бришење газдата не ти ја кажува за да не го крадеш). Втора работа е што келнерите мнгоу често се навредувани од газдите и пијаните гости. Искрено, кој друг може да биде газда на кафиќи и ресторани ако не мафијаш? Мислам во најголем дел случаи, нели.. И ете зошто Џино има добра послуга, затоа тој не седи во локалот цело време а менаџерот кој го води си бира точна бројка на келнери колку му треба, зошто би штедел кога не е газда? И така, недостаток од содоветна бројка персонал, лошо поднесување со нив и плаќање по 300 денари за 15-6 саати на нозе; се главните причини за лоша келнерска услуга. Башка келнерите и крадат поради овие причини, што од газда, што од гостот, за да наполнат 500-600 денари дневница.
 
Не секогаш зависи од Газдите, некогаш и приватните проблеми на келнерите знаат да ја расипат професионалноста на работата, како и да е...точно е дека и газдата доколку им врши притисок работата нема да им оди како подмачкано.
А за однесувањето за мене подобро ми е да ме ослужи некој со вистинското лице одколку со маска.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom