Кефир

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
@sartan не се секирај, ќе нарасне мајата брзо, не повеќе од неколку недели. Прв си на листата.
 
Moже, ама да знаеш дека ќе биде помала количина маја (од причини спомнати во претходниот пост). Ќе се размножи мајата, не се секирај.
Сартан прв праша (не кажа дали земал од gt80) ама пошто ти не си во Скопје, ти имаш предност.

Ти пишува во првиот пост се што ти треба од опрема. Пиши ми ПП (приватна порака) со телефон од жена ти, и ќе добие она потоа СМС од девојка ми, па ќе се договорат они двете кога и каде да се најдат за во Сабота.
не се разбирам многу околу форумиве и праканје на пораки али мислам пратив пп порака валда стигна ?/// ако не ке пишам повторно ... поззз
 
Дали може некој да ми даде кефир, ако има.
Или да ми позајми, па ке вратам кога ке имам јас :tapp:

Или да ме стави на листа на чекање.

Поздрав.
 
Јас како што разбрав се става кефирот во тегла и се додава млеко, а во следното правење се користи истиот кефир.......... еми за колку тури е еден кефир... колку време можеш да го користиш? :)
 
Сунѓеру, од аспект на твоево прашање, кефирот можеш да го споредиш со женски полов орган. Не само што не се троши со редовна употреба, туку напротив -во подобра состојба е! ;)

@murmunlok
Те ставам на листа.
Само те молам биди сигурен дека знаеш што сакаш (пошто некако не звучиш како да знаеш) :), ќе биде навистина без врска да ме малтретираш ако ја баталиш работата во следните пар денови (плус ќе оневозможиш неколку недели, друг да може да земе). Обврска е секој ден да посветуваш време за правење кефир (не толку за постапката колку за редовно купување свежо млеко).

За месец и нешто ќе те контактирам на ПП, Сартан е пред тебе на листата. Ако случајно заборавам, потсети ме (после месец и половина).
 
Не, немај гајле, нема да ја баталам. Имав ја пред неколку години, ама дали не ми објасни тој што ми ја даде, и мењав млеко редовно, и ја миев со вода на секое менување млеко, ја чував на спбна температура, како ми кажаа така правев, ама за жал ми загина :( , незнам зошто. Не ми текнало да побарам вака по форуми, а ќе ми кажеш и како тачно да постапувам за да не ми загине пак :cuc: .

Фала ти што ме стави на список, па, ќе се пишеме за месец и пол.

Поздрав.
 
Moже, ама да знаеш дека ќе биде помала количина маја (од причини спомнати во претходниот пост). Ќе се размножи мајата, не се секирај.
Сартан прв праша (не кажа дали земал од gt80) ама пошто ти не си во Скопје, ти имаш предност.

Ти пишува во првиот пост се што ти треба од опрема. Пиши ми ПП (приватна порака) со телефон од жена ти, и ќе добие она потоа СМС од девојка ми, па ќе се договорат они двете кога и каде да се најдат за во Сабота.
почнавме со производсво хаххаа не е воопштво тешко само добра волја и 5-10 минути време колку едно кафе ахаххахахахах
благодарам многу за кефирот еве веке некои наши пријатели се заинересирани па ке гледаме да ја размножиме во охрид со господ напред
ке пишувам утре како испадна работава хахахах
позззз :)
 
Најголемата „мака„ во целата работа е кога ќе заборавиш да купиш млеко, па потоа треба да излезеш да купиш, или ништо да не направиш и следниот ден да пиеш прилично кисел кефир. ;)
(што не е паметно да се прави, пошто така и следните неколку тури се покисели)

почнавме со производсво хаххаа не е воопштво тешко само добра волја и 5-10 минути време колку едно кафе ...

Количината на маја (кефир култура) која ти ја дадов е отприлика колку за пола литар млеко. Нормално многу зависи и од температурата на собата каде го чуваш кефирот. Ако е потопла собата, со помалку маја побрзо ќе се исферметира количина млеко. Ако е поладно, поспоро ќе се ферментира млекото (правењето кефир е ферментација на млеко).
Идеална температура е накај 20с, но на било која собна температура е ОК. Затоа не ја оставај теглата со кефир во некој незагреван ходник или визба, треба барем 18с целзиусови да има. Чувај ја на темно место, пример во кујна (може и во дневна соба) внатре во некој долап или фиока.
Важно е да е на темно место постојано, и гледај да не ја допираш со железо и метални работи.

Како ќе ти расне количината на маја од кефирот, така ќе треба да ставаш повеќе млеко (за кефирот да не биде премногу кисел). Тоа пошто сакаш да ја размножиш мајата за пријатели. Но ќе треба малку да се привикнеш на вкусот, пошто вкусот на кефирот е различен и секако е покисел од јогуртот кој се купува од продавниците.
Вкусовите на купечкиот јогурт и купечкиот кефир од продавници, се резултат на додавни состојки за вкус и вештачки ароми. Плус купечките
јогурт и кефир се пастеризирани (или така нешто) за да траат подолго на полици во продавниците и затоа немаат пробиотски здравствен бенефит.

Кога ќе нема потреба да ја размножуваш мајата за пријатели, тогаш ќе одстрануваш дел од мајата (ќе ја одржаваш на едно исто ниво). Тоа за да задржиш исто ниво на киселост и вкус.
Вишокот на мајата е многу полезно и здраво да се консумира. Наједноставно е да се измикса со блендер, во чаша кефир.
 
фала за советот се сложувам со се... еве денес првата тура помина супер .... чекам да се добие количина од 1 л дневно ...
вака вкусот е ок ми се свиѓа и сопругата го бендиса....
исто така добив и воден кефир и тој пробав да го размножам ... едниов е како сок незнам дали си го пробал ама бавно се размножува иначе е вкусен ...
се надевам дека не смеатаат еден на друг хахахахах
кај мене дома не ни е тешко да ги одржуваме и двете култури мах време 10 мин ништо повеке... кога се сака се се може само воља и љубов
бенифитот е голем само сака време јас веке осеќам дека делува само трпение хахахаххха ..
.ова кај мене му доаѓа како чај кај јапонците внимание и љубов и да стане традиција ....:love:
поззз до сите љубители на кефирот :) ;)
 
Здраво на сите. Одлична тема.
@Vanlok, и јас би сакал да ме вметнеш на листата за кефир. Апел до останатите кефирџии што читаат: нека помогнат околу делењево маја, да се растерети редицата за чекање :)
 
@Herba нема проблеми, само да знаеш дака ќе потрае работата. Двајца има пред тебе, ти си трет.

За сите други, потсетување дека имаме тема за искуства на правење кефир со разни млека. Па пренесете ги сопствените искуства, но и евентуални извори (продавачи) за свежо домашно млеко.
http://forum.kajgana.com/threads/Мл...алитет-и-својства-на-различни-брендови.66431/
 
околу млекото јас користам свежо молзено млеко ми носат секој ден супер е ... подобро здравје
 
@Herba нема проблеми, само да знаеш дака ќе потрае работата. Двајца има пред тебе, ти си трет.

За сите други, потсетување дека имаме тема за искуства на правење кефир со разни млека. Па пренесете ги сопствените искуства, но и евентуални извори (продавачи) за свежо домашно млеко.
http://forum.kajgana.com/threads/Млеко-за-правење-кефир-квалитет-и-својства-на-различни-брендови.66431/

Може да сликнеш колку од прилика треба за литро млеко?
 
Може да сликнеш колку од прилика треба за литро млеко?
Ништо нема да ти значи, постојано ја раснам мајата за форумџииве и еве константно имам повеќе маја отколку што треба. Се навикнав више на (пре)кисел кефир, се надевам се цени жртвата. ;)

Мерката е 20% или една петтина, волуменски гледано. Толку е некоја средна количина за било која литража на млеко.

Значи за литар млеко ти требаат окулу 200милилитри маја. Мајата не е течна, но зборувам за просторот (волуменот) што го зафаќа. Или најлесно е вака: гледаш во теглата колку е високо нивото на литар млеко и ставаш цртка тука. Можеш и со вода да мериш. ;)
Потоа ја мериш висината на нивото со лењир и добиената бројка ја делиш со 5, резултатот е колку треба да виско нивото на мајата (кога во теглата има само маја).

Не мора оволку замарање, одокативно една петина од литар е доволно прецизно. Пошто тоа е само препорака и во зависност од собната температура може да варира и количината на кефир-маја. Но не е ништо страшно да има отстапки се додека мајата е некаде окулу една петтина или 20% од млекото. Се зависи дали и колку кисел го сакаш кефирот. Но знај дека секако е приметно покисел од купечкиот јогурт (па и кефир), во кои се додаваат и вештачки ароми и вкусови.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom