Кефир

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
Баш имам проблем со вишок на култура од млечен кефир. Чував за една девојка од форумов ама во меѓувреме нашла од друго место, плус постот ми почна и...

За сите заинтересирани, подарување на култура за млечен кефир (тагнете ме). Рок за пријава недела дена од сега.
 
Ајде пиши ми на маил да се договориме да ја земам.
 
Што е тоа пп, прв пат сум по форумиве :D.
Приватна порака. Оставање на маил на ваков начин за едно 2-3 месеци нема да можеш да се снајдеш од спам пораки. Инаку ете договори се со другиот член, ако не успееш прашај повторно. ;)
 
Ja nemam se uste za davanje ama za nekoj nedela/dve bi trebalo da imam taka da ako ne se snajdes jas ke ti dadam.
--- надополнето: 30 март 2013 во 14:29 ---
Drugo prasanje. Kefirov mnogu gust mi izleguva, ima nekoj nacin da go napravam po redok, nesto so voda da go razmatuvam ili bilo sto?
 
Мене погуст ми е повкусен, ама ако сакаш поредок кефир направи исто што прават и произведувачите на неквалитетни млека: разреди го кефирот (но не млекото) со вода. Исто не се бламирај со млеко со помала масленост, тоа ти е исто млеко разредено со вода.
 
Ne bre, mlekoto go kupuvam kakvo ke najdam. Znam deka ima vrska kakvo e ama iskreno da ti kazam mene mi e se edno, cim ne e prirodno i e prerabotuvano, sve je to isto sranje. Dobroto e sto naracav od edna zena sega od April mesec, sekoj den ke mi nosi kozjo taka da mislam deka so toa ke ispadne nesto sto treba da bide kefir.
 
А воден кефир никој ли не чува?
 
Приватна порака. Оставање на маил на ваков начин за едно 2-3 месеци нема да можеш да се снајдеш од спам пораки. Инаку ете договори се со другиот член, ако не успееш прашај повторно. ;)
И дадов на Мери кефир и се надевам е задоволна:)

Иначе еве да кажам дека и јас немав правено пред тоа ама затоа вујко ми имаше големо искуство со истиот.Ми објасни нешто тој нешто прочитав по интернетов.
Првиот вкус како и за се е покиселкав навистина ама затоа после се навлекува човек на него,си има свој домашен јогурт или по желба кисело млеко (ако го оставаш повеќе да отстои)
Е сега погоре не приметив кој член кажа дека не го миел (не знам никако да пробам некако шубе ми е да го вратам во тегла немиен искрено се трудам да биде се изгланцано кога ставам нова тура)
Иначе да напоменам дека ако ви е поладна собата не се чудете зашто поспоро работи,нели логиката е таа на потопло побрзо ферментира.
Е сега за млекото уште да кажам дека го купувам свежо ама го варам (нема логика ама така ми кажаа така правам):)З
Благодарност до Vanlok за постот што кажува како се прави пауза,корисна информација во секој случај.
 
Најдобар ќефир излага на 18-19 степени. Да поспоро работи ама има најдобар вкус. Колку повеќе му се качува температурата при ферментирање покисел е.
Е сега за тоа миењето вистина е ќе приметиш како ќе стане погуст па уште и на 20 степени да ферментира после 3-4 шаржи ќе стане совршенство.
 
Ама јас кога го мијам го приметувам дека е густ ама се прашувам дали не е штетно да се остави неизмиен (сепак голем период да се остави толку време млеко на габата сепак теглата не се држи во фриждер па голема шанса да скиснува нели)???
Да прашам држи ли муабетот дека требало да се прави пауза на одредено време од конзумирање кефир (наводно било штетно постојано пиење па на 20 или 30 дена конзумирање да се прекинело па отпосле пак да се почнело) или тоа е само мит?
Исто кога ме обучуваа ми кажаа дека е најубаво да се работи со пластична лажичка?
Ис дет чру?
 
..погоре не приметив кој член кажа дека не го миел (не знам никако да пробам некако шубе ми е да го вратам во тегла немиен искрено се трудам да биде се изгланцано кога ставам нова тура)

...Е сега за млекото уште да кажам дека го купувам свежо ама го варам (нема логика ама така ми кажаа така правам):)З
Да ти објаснам зошто нема опасност од неварено свежо млеко и зошто нема опасност од немиење на мајата. Кога се ферментира кефирот добар дел од ферментот е млечна киселина, во таа средина не опстојуваат патогени организми. Во превод млекото, или поточно исферментираното млеко -кефир, не може да се расипе (во тие услови).

Всушност само ја малтретираш мајата зошто водата од водовод е богата со хлор, кој има за намена уништување на бактерии и микрорганизми (а кефир мајата е токму тоа, конгломерат од бактерии и квасци).
Но заради тоа што кефир мајата е жилаво копиле и е многу тешко да ја убиеш, „миењето„ со хлорирана вода не и штети премногу.

Иначе за млекото. Би било убаво да може да се пие неварено свежо измолзено млеко заради тоа што со варење се уништуваат мноштво корисни ензими. Но не е безбедно да се пие без варење заради контакт на млекото со кожата од вимето на која има бактерии од измет.
Но пази го ова, безбедно е да се пие кефир што е направен од неварено свежо измолзено млеко. Млечната киселина што се произведува во тие 24часа ферментација ги убива сите патогени организми.

Ова комерцијалново „свежо„ млеко е термички третирано во млекарата, можеш да го пиеш дури и директно од паковање. А тек ферментирано во кефир е 103.2% безбедно... :)

Е сега за шубето и психолошкиот аспект не знам, тоа си е твое... ;)

Да прашам држи ли муабетот дека требало да се прави пауза на одредено време од конзумирање кефир (наводно било штетно постојано пиење па на 20 или 30 дена конзумирање да се прекинело па отпосле пак да се почнело) или тоа е само мит?
Исто кога ме обучуваа ми кажаа дека е најубаво да се работи со пластична лажичка?
Ис дет чру?
Не смее да се употребува ниеден метал освен Stainless steel, кој e безбеден материјал, ама сепак подобро немој. Често нешто рекламираат дека е Stainless steel а не е...
Во секој случај кефирот е премногу жилав за да го убиеш така (за разлика од комбухата, која е понежна). Вистинската опасност е од контакт на млечната киселина со метал... хемијата не ми е јака страна ама се ствараат токсични соединенија и затоа е опасно. (нека ме поправи некој ако грешам)

За штетноста од пиење кефир без престан?
Тоа не е ни мит, само дезинформација. Кефирот е сосема безбедна и здрава храна за секојдневно користење, од ништо внатре не можеш да се „предозираш„. Номадите од Кафказ по цел живот јадат кефир а живеат долги животи.
 
А воден кефир никој ли не чува?
После 3 недели пишувам ама ете, сега ја отворив темава...
Мајка ми чува кефир во вода што се става. Почна со малце ама ене сега има 4 тегли од по 4-5 литри, од тие големите :)
 
Уфф, солидна литража... толку големо семејство сте? ;)
Мајка ми и брат ми само пијат тоа.... абе не дека сака да го чува, ама се заигра некако.. па интересно и е секоја 2-ра вечер да окапуа по пола саат за да менува вода едно друго... Што е многу е многу, ама нема што да му прае, па го чува :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom