Ќе се вика, ќе се вика.. како!?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
па го крстија Костадин ама Коки си го викаме :D убава верзија е и Коста, посекако подобра од новиве метросексуални имиња :)

освен горенаведените се мислеа и за Симеон, Максим, Михаил, Теодор и уште едно мислам испуштив ама на крај се сведе на првиве што ги пишав и Константин или Костадин и бидна Костадин:) кум да не си? :)
не,чекам второ. и сопругата е многу за Максим, јас сакам или Коста или Воислав, и двете не и се допаѓаат.
 
Коста нели е влашко име? :D
Џабе такви долги имиња кога никој нема да го вика по целото име сите ќе измислат некое кратко име.
 
не,чекам второ. и сопругата е многу за Максим, јас сакам или Коста или Воислав, и двете не и се допаѓаат.


Јас навивам на ова! :)
Ако не и се допаѓа на сопругата пробај да ја убедиш за некое слично име, како Војдан, Бојан, Ведран... посебно ако е против она „слав“ кое станува се понепопуларно.
 
ќе се вика... хм.. Александар или Оливер евенуално...
доколку е девојче... ма имам многу идеи за девојче...не би знаела кое да го одберам..можеби Моника, Кристина, Марија,Оливера..итн итн итн
Но..има време ..кога ќе дојде ред(ако дојде секако).. сигурно ќе смислам некое соодветно.. можеби нема да биде ниту едно од овие...
 
Јас сум крстен по дедо ми, а татко ми нејќе внукот да му се вика исто како него :D Ама сакам да го крстам Владимир, по другиот дедо, тој што ме израсна и е „виновен“ за тоа што сум денес :)
 
Бидна. Дона :)


Сега нема да ти викаат дека си зајадлива од хормоните. :) Нека е жива и здрава.

Од машки освен Јордан и Владимир други не ми се допаѓаат, а кога ќе помислам и тие како ќе ги кратат ... заеби. :) Од женски само Јана е во комбинација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom