Па нормално дека ќе учиме преку лето ако се продолжи со окупација ако сакаш наредната академска да ти почни на време.
Не знам како сакате, од една страна да се бојкотира настава во недогледно време,ама од друга страна до 20ти јуни завршени со летна сесија со испити со све.
Ај сега ако не јас имам еден предлог до несфатените окупатори.
Окупирајте уште три-четири недели, па после кога ќе речат поместуваме предавања, колоквиумски и крајно да се заврши средина на јули, пак окупирајте го факултетов и предавањава зошо сакате да си завршите во нормално време како цела Европа впрочем, пошо по убедувања Европејци сме нели.
Да, форсираат и присилно вадат од предавања. Значи не попречуваат настава, ко што би излегле на улица и би попречиле движење, туку присилно вадат, со турканици.
Тоа го осетив на своја кожа и за тоа го кажувам.
Ама, нека не ве фаќа паника, овдека се работи за факултети со книги рамни на лекција по општество од 2 страни.