Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Парализирање на цел град, да, ќе дојдам. Во спротивно не го дрвете.
 
Уште едно објаснување до Холандија, овојпат за тестирањата во школите. Ама дрвата во парк повеќе ќе те разберат

Лук Сенгерс, универзитетски професор и новинар-истражувач
Деновиве во Македонија се актуелни протести на студентите против државниот испит или екстерно тестирање, има различни толкувања што ќе биде тоа. Како е тоа регулирано во Холандија, во Европа?

Сенгерс: Не постои државен испит, не на начин на кој што вие се обидувате да го внесете тука во училиштата. Кај нас постои еден вид саморегулација на училиштата, не само школите по новинарство туку сите универзитети се задолжени самите меѓу себе да си прават проценки. Едно училиште оценува друго. Владата стои во позадина. Таа не се меша и не спроведува испити затоа што им верува на училиштата кога се самооценуваат или кога вршат проценка на друго училиште. Постои едно тело кое оценува едно училиште, а тоа тело е составено од членови од сите други училишта, само не од она за кое што се врши проценката. Мислам дека во Холандија има осум универзитети по новинарство. Седум од нив ќе бидат во тоа тело кое ќе го оценува осмиот универзитет. Државата ги контролира училиштата на тој начин што на неколку години доаѓа во секое од нив и прави интервјуа со учениците, професорите, ги разгледува сите документи, наставните планови по кои се работи. После ова таа прави проценка дали училиштата ги исполнуваат стандардите или не.
 
Последно уредено:

Како беше она?

„Не се плашам од армија лавови што ги води овца, туку се плашам од армија овци, предводена од лав.“

Така да.. тешко нас од ОВЦИве.... :-)
 
Темата максимално се политизира од двете партии-позиција и опозиција..а настрада образованието воопшто,од наставници..ученици..до студенти и професори. При целата оваа дебата апсолутно никогаш не се спомна што потоа? Студ:ентите ги исполитизираа,најмногу опозицијата.ги зеле свирчињата и само сметаат..повеќето пароли беа против владата и Груевски отколку против законот и неговата јавна дискусија.Да се вратам на суштината. Сите предлог мерки за подобрување на квалитетот дури и да вродат со плод се залудни доколку не се дополни законот за вработувањето на наставниците односно нормативот за вработување а тоа ни студентите ниту професорите и ниту очајната опозиција не го ни спомнува. ќе се изразам преку пример: Конкурс за прием на наставник во основно училиште до 5 одд. Норматив- Дипломиран наставник на педагошки факултет. Се пријавуваат 10 кандидати и сите го исполнуваат единствениот критериум,дипломирале на педагошкиот факултет.Како институцијата училиште ќе го одбери најквалитетниот? Како ќе ги заштити законот најквалитетните студенти,дипломци а да ги лиши од тоа да бараат врски? - едноставно нема дополнителни критериуми во смисла кој со колку просек завршил,кога дипломирал,втор факултет, постдипломец,магистер итн. И во таа ситуација било кој да го одберат се законски чисти! значи некој со 10.00 просек е одбиен а некој со 6.0 е примен и се е законски чисто. Зошто ниту една власт до сега не го сменила тој закон? - за да си става свои членови и поданици на тие места..за да наставниците бидат нивни поданици! А како бараме квалитет?! врз основа на кој критериум?! Зошто опозицијата тоа не го бара? зошто професорскиот пленум тоа не го бара и ги заштитува најдобрите студенти од своите факултети? Никој од засегнатите страни небара ниту сака квалитет е мојот заклучок! ниту има закон кој ќе ги заштити! Студентите одлично започнаа и се појавија опозиционерите ама баш без никаква идеја...само со свирчињата во уста и заокружување на профилната слика на фб. чиста штета! ги обоија студентите не посакувајќи им ама баш ништо подобро туку само ја сакаат столицата од која пак ќе вработуваат свои членови и поданици а никако најдобрите дипломирани студенти.фала.
 
На 24 вести се зборува за првобитната тематика на темава. Гости се двајца професори кои не ги познавам. Многу разумно-издржан муабет прават за тоа зошто е тежок булшит целава идеја за екстерно.
Кој прочита нека врти.
 
поголемиот дел од борците на двете страни е обоен политички...резултатот ќе биде катастрофален за тие што најмногу им се тиче! и за опшеството наше...за децата од најмало до најстаро. Македонија заслужува подобро,но тоа никако да дојде до израз...и позицијата и опозицијата се конгломерат на исподпросечни кадри желни за власт и моќ....да би ја злоупотребувале во свои лични цели. ова е лајно од држава..без ред и поредок...Вие што сакате да ја смените оваа власт сакате само да го заземете нејзиното место! Вие немате визија за Македонија,немате визија за идните генерации...вие имате само лична амбиција...... проклети биле! а ние знаете..не сме лош народ..само имаме многу мала доза на фанатизам...затоа сте вие спокојни и баш к не ве боли.....и опозиција и позиција...сите инструменти државни ви се под рака....а опозицијата едвај чека да им се добери на истите ....али се толку очајни и без идеја да је то ужасно......ја стискаат фотелјата уште недојдени до неа..а замислете кога ќе дојдат!?
 
А Студентски Пленум мора да ја активират организацијата не само со протести туку со многу други активности.Да се активни 24/7 а не само со протести и со 2-3 клипчиња на ју туб не се води борба против Влада.
Што? Да земат оружје?
 
Што? Да земат оружје?
Какво црно оружје бе абдал.Значи активност значи прес конференции, организирање на солидарност со студентите у Гоце да им се помогне да се зема зима клип за мизерните услови , да се организира хуманитарни настани од студентите за студентие , да поднесат барање како студентите во Бугарија кои бараа од пратениците првата плата да ја дадат во хуманитарци цели и ред други работи што можат да ги прават за борба на студентите.Еве еден пример плус што веќе го направиле пишење на пароли низ цело Скопје.И не знам како лупна да земат оружје се гледа колку си ограничен со размислувањето како се води борба за студентите и тоа си е твој проблем.
 
Професорите Никос Чаусидис и Ристо Солунчев од Професорски пленум на Анализа.
 
Професорите Никос Чаусидис и Ристо Солунчев од Професорски пленум на Анализа.

Премногу магловит и филозофски пристап без нималку прагматизам е целата анализа.

пс. И овие цитатите на филозофите, е само доказ за квази-елитизмот кој си владее кај нас како држава, па и во одредена форумска фела.
 
Импакти, индикатори и какви се не староантички и македонски зборови
Пимпек фактор
Професорите Никос Чаусидис и Ристо Солунчев од Професорски пленум на Анализа.
зборат за недостатоците и аргументите така да ги сфати и мало дете. Проблем е дали некои имаат капацитет или сакаат да сфатат. Во еден случај е за**е**би право и закони, во друг е законот така вели. Иако на студентите овие суви податоци во однос на тие 2 чудесни екстерни испити ништо не им значат како и, согласно законите и функционирањето на сегашниот пазар на труд, овде може да се видат некои информации.
http://scholar.google.com/ или овде
со други зборови префрлање на топката од штетните промени во образованието, купени дипломи (мито), вложување во науката, лабораториите и истражувањата (буџет) кон т.н. фактор на влијание.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom