Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Да се навратам на репликата на Благоев - видовме жестоки реакции спрема тие што го поддржуваат испитот а од друга страна гледам исто така жестоко ПРОТИВ а аргументите се мошне слаби. Ти викаш - испитов нема да потврди ништо. Тоа е твое мислење и го ценам ама еве и да не смени ништо, кажи што ти ќе изгубиш и сите ние што ќе изгубиме поради што се дига оваа галама? Протести па дури и откажување од државјанства и не знам што. Јас мислам дека ќе самиот испит ќе даде позитивен придонес можеби не којзнае каков ама ќе даде
Јас како студент ќе изгубам време кое ќе го потрошам во спремање за тој државен испит, независно дали тоа ќе биде месец, недела или 2 дена. Буџетот ќе изгуби огромна сума на пари, сигурен сум дека прочита колкав ќе биде надоместокот за тие ревизори, надзорници или како и да се викаат.

Сто пати попродуктивно ќе биде да се потрошат парите, времето и ресурсите на купување лопати и расчистување на снегот од по тротоарите од страна на сите засегнати. Со тоа ем ќе се постигне некоја повисока цел од личната, ко што заговараат во владата, ем ќе се направи нешто што ќе биде практично и навистина ќе им помогне во живеењето на граѓаните.
 
@мкд владе колку преувеличуваш ни сам не си свесен...
Од студентски протести дојде до тоа дека ќе имало насилие и жртви за на крај студентските протести да ги поврзеш со граѓанска војна :facepalm:

Значи секој натпревар на Вардар кај шо се тепаат Комити со специјалцине е почеток на граѓанска војна за тебе ?
Не ти е добра споредбата.
Комитите не се собраа 10000 пред собрание со јасна цел и намера. Овде имаше 10000 а главна цел им беа институциите на системот. Работата беше далеку од наивна. Знаеш зошто толпата е нестабилна ? Оти е толпа, маса народ, се движи по инерција. Потребна е само иницијална каписла и после само седни и гледај. Што мислиш многу треба за тоа?
И што те чуди дека споредувам. Општеството ни е поларизирано до коска, студнетските простеси беа критична маса, фалеше само каписла. На тоа додади ги и коментарите и повикувањата од некои и ете ти беља. Никој после нема да те праша што и како туку бираш страна. Затоа студентските протести секаде во светот ги гледаат како опасност по самиот систем. Не толку ради тоа што бараат студентите туку ради самите студенти кои претставуваат огромна маса на народ концентрирана на едно место и која за жал е лесно манипулативна.[DOUBLEPOST=1421286184][/DOUBLEPOST]
Како прво, такви повици најчесто беа некои ваљда со вишок енергија во себе, па можда сакаат да се расфрлаат со некој камен или да се тепа со полиција. Тие да ги наречеш дека имаат задни намери (знам на што алудираш) е смешно.
Второ, преувеличување до даска. Видов после 24ти декември 2012 у граѓанска војна влеговме. Политичка криза да, но немој да споредуваш со граѓанска војна.
Знаеш што фалеше во 24 декември 2012 ?
Знаеш кој присуствуваше на 24 декември 2012?
Знаеш кој од нив присуствуваа како подршка на собирот ?
Знаеш какви се нивните изјави во врска со системот?
И на крај што немаа тогаш како арсенал а го имаја сега?
Далеку од политичка криза ке беше.
И мислам дека е време да прекиниме, ете дај боже да сум јас во грешка а вие во право. Битно опасноста за тоа помина, барем сега засега.
Може дискусијата да се врати за предностите и маните од државниот испит, без разлика каков е или каков би требало да биди според вас или другите.
 
Последно уредено:
Знаејќи го менталитетот на Груевски јас мислам дека ќе се воведат екстерни тестирања,можеби ќе има некои мали измени само,, но тој ако е решен тоа да го направи ќе го направи, тој секогаш води политики со инает, а инаку незнам јас сум голем скептик дека студентите ќе успеат , Груевски не е демократ,туку хипократ, тој по секоја цена,ако треба и со сила ќе ги воведе испитите. До сега сите протести што ги имаше во МКД без разлика дали беа политички или не политички ниту еден протест не успеа, тоа се виде и со протестите на докторите кога им воведоа ткн скандалозен проект мој термин, дури и главниот доктор што ги организираше протестите беше уапсен. Па исто така на сличен начин беа потиснати и синдикалците од СОНК, исто и новинарите итн, така да јас пак ќе повторам,дај Боже да се излажам но сепак мислам дека протестите на студентите нема да успеат, ево не гледате владата почна да ги делегитимира студентските протести со зборот политичка пропаганда како што рече и министерот за образование,дека позади студентите стои некоја политичка партија,односно дека протестите има политичка позадина.. Протестите можат да успеат само доколку се радикализираат, например како во соседна Грција, да се оди до крај па макар и против полицијата ако треба.. Ниту еден протест во светот досега не беше успешен со мека сила туку со тупаница..

Тоа е тоа ич не сакав да бев во право, али ете и овој пат точно така испадна. Како што имав напишано така и испадна.
 
Ете, како бре вие, студенти, не сакате да играте по правилата на системот, а власта од друга страна баш по правилата игра, таман работа некое правило да прекрши? И зошто, бре, не си седите мадро, за власта на раат да се грижи за сите нас и на сите да ни биде арно? Оти бре сте такви, поларизирани, кој ве направи така - НАТО ли, Сорос ли, ЦИА ли, МИА ли?...
 
И тука пак доаѓаме до констатацијата дека ке изигрававте топовско месо. Ке ве искористеја за нешто што очигледно неможат да го постигнат по легален пат. А во меѓувреме ке ја втурневте државата во состојба на граѓанска војна. Кој би имал корист од тоа. Ти ? Јас ? Обичниот граѓанин ? Оти јас, ти , народот ке беше вовлечен во немили настани , ке учествуваме во истите не по своја воља од кои ке патевме со генерации и како народ и како држава. Не мислиш дека цената што ке ја платевме би била малце преголема?

Epa oni na ova se nadevaat na vakvo razmisluvanje....da se plasis...ako go dades gzot ednas so si ima veze za dobroto na drzavata e kuti traj samo poloso da ne bide, ke se razbudis utre ke nemozes da sedis poveke od so te siluvale. ali togas kasno ke bide vise.....kuti traj poloso da ne bide...
 
Не можам да сфатам што прават Скопјани, ете едноставно не можам. На 5 минути од неговата куќа/стан се случува протест, кој тој го поддржува, ама ипак не излегува да учествува во него?!
Што е причината? Страв, студ, мрза?
Епа во тој случај, не заслужуваат/ме подобро!

Зарем само 500-1000 луѓе во цело Скопје не се согласуваат со погребувањето на високото образование?!
Додека беа студентите од внатрешноста во Ск, имаше масовни протести. Си отидоа сите по дома, Скопјани не излегуваат на протест.
 
Ти ги пратев постовите од самиот почеток и се здобив со впечаток дека искрено сакаше да им помогнеш, малце дури и наивно веруваше во нивните намери. За возврат како што реков и претходно доби тоа што доби.

Јас сум си имал работа со извршната власт и со локалните штабови доволно пати за да знам како функционираат. Јас знам како се расчистува терен, како се тргаат неповолни лица, како се замолчуваат луѓе, и ред други работи.

Наивно верувам во намерите? Ако не ги коментирам потскриените намери не значи дека верувам само во овие декларираните. Друже, не сум јас студентите некој да ме замајува и да си мисли дека е политички фактор со 2 протести и еден опозиционерски митинг пред влада.

И провладините и контравладините симпатизери премногу наивно и изолирано ги читаат моите постови. Контекстот не е за или против. Зошто се цели со навреди и да се спушти дискусијата на ниско ниво? За да се изнервирам јас, за да се спуштам на ниво, да почнам да навредувам, и контекстот во моите постови да се трансформираат во ЗА или ПРОТИВ.

Не се моите постови независни еден од друг, не само во оваа тема, туку генерално сите кои ги имам напишано тука. Јас многу добро знам што зборувам, проблемот е што тие што читаат не знаат дали сакаат да почитаат друг и поразличен став. Проблемот е што, самите противници се прогласуваат за ненадлежни. А со прогласување ненадлежност не се добиваат резултати. ;)

Ама, млади се. Ќе дипломираат, некои од нивните колеги ќе станат функционери, другите ќе станат партиски војници, третите со малку разум ќе се исселат од тука, а четвртите ќе го дрват на форум и ќе бараат 100 денари за кафе и клучевите од колата на тато. :icon_lol::icon_lol:
 
Бадија се надеваат властодршците дека го „ убија “ Универзитетот.
Кој може да ми ги земе спомените од студетските денови. Зарем да ги заборавам моите професори и колеги, кои ми биле другари и пријатели? Зарем да ги заборавам миговите на среќа?
viva universitas magistrorum et scholarium!
 
Јас како студент ќе изгубам време кое ќе го потрошам во спремање за тој државен испит, независно дали тоа ќе биде месец, недела или 2 дена. Буџетот ќе изгуби огромна сума на пари, сигурен сум дека прочита колкав ќе биде надоместокот за тие ревизори, надзорници или како и да се викаат.

Сто пати попродуктивно ќе биде да се потрошат парите, времето и ресурсите на купување лопати и расчистување на снегот од по тротоарите од страна на сите засегнати. Со тоа ем ќе се постигне некоја повисока цел од личната, ко што заговараат во владата, ем ќе се направи нешто што ќе биде практично и навистина ќе им помогне во живеењето на граѓаните.
Можеби државата прсметала дека повеќе губи од купени дипломи....а за времето, нема многу време да изгубиш башка што ти е работа студент си :)
 
Epa oni na ova se nadevaat na vakvo razmisluvanje....da se plasis...ako go dades gzot ednas so si ima veze za dobroto na drzavata e kuti traj samo poloso da ne bide, ke se razbudis utre ke nemozes da sedis poveke od so te siluvale. ali togas kasno ke bide vise.....kuti traj poloso da ne bide...
Koj "oni", pa on e "oni" :icon_lol:
 
Можеби државата прсметала дека повеќе губи од купени дипломи....а за времето, нема многу време да изгубиш башка што ти е работа студент си :)

isto ko so tebe ti e prostitutka rabota,ne gubis vreme so go primas use dva tri pati...ustvari neznam ni toa dali si neznam dali te plajkaat ili si obicna radodajka
 
Можеби државата прсметала дека повеќе губи од купени дипломи....а за времето, нема многу време да изгубиш башка што ти е работа студент си :)

А колку се на број тие купени дипломи?


Не можам да сфатам што прават Скопјани, ете едноставно не можам. На 5 минути од неговата куќа/стан се случува протест, кој тој го поддржува, ама ипак не излегува да учествува во него?!
Што е причината? Страв, студ, мрза?

Епа во тој случај, не заслужуваат/ме подобро!

Зарем само 500-1000 луѓе во цело Скопје не се согласуваат со погребувањето на високото образование?!
Додека беа студентите од внатрешноста во Ск, имаше масовни протести. Си отидоа сите по дома, Скопјани не излегуваат на протест.

Чоек, па тука лежи и најголемиот проблем... Не знам сеа зошто, после се она вчера, дури и оние што нешто као ги поддржуваа студентите, одма критички као, „Еј ви рековме нема да успее“, „Ви зборевме вака, онака“, „„Кај сте, шо ве нема, спластнавте, се изморивте?“.. или „Брука едвај 1000 души излеговте“ и сл исл..

Не ми е јасно која е таа малограѓанштина... Од дома бре сите се експерти... Го усраа градов со споменициве,.. ќутат молчат.. го усраа со бароков.. ќутат молчат... студентиве, шо велиш, на 5 минути од дома им протестираат, ќутат молчат.... Лично ко за по дома нешто се политиканти, а декларативно се никој и ништо... Денес - утре, Некој од популистиве, пак на тие „декларативци“ ќе им тури трунка солена надеж над лута рана, и ќе ги залаже.. и пак ќе поверуваат.. и кругот оп на почеток.. не иде така..

Така да .. не е проблемот во студентиве, како направиле што направиле.. Туку се сведува на тоа што обичниот, оној индивидуалецот, граѓанинот не го препозна и уште не го препознава она што студентите го направија и го прават... едноставно граѓански и политички се мртви, граѓаниве кај нас.. тотално тотално тотално тотално тотално анемични....

Не дека нешо Грујо и компанија се трудеа многу против студентиве.. они си тераа како до сега.. ништо поише.. и чоече дури пари на реклами фукнаа за државен испит, глупости истрескаа на ТВ, изманипулираа со изјави.. па чоече глуп да си, шо се вели, ќе сфатиш дека некој те гледа у очи и те лаже.. ама не.. дома било боље... па ќе чекаме некој да не искупи од греојте, и не крене од столици - да дошол вистинскиот момент! :facepalm:

така да.. дечкиве - студентиве, трба да се остаат на раат... ќе смислат нешто они.. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom