Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Зависи кои, не се сите оратори. Александар Николовски не сум го видел да чита на пример. А и нема ништо срамно ако читаш се разбира доколку ти си го напишал тоа.
P.S. извадок од текстот на плусинфо
"Заврши мирниот протест кој го организираше Студентскиот пленум пред Собранието на Република Македонија, на кој со многу пароли и транспаренти и со звуците на песната „Ропска Македонија“ се протестираше против изгласувањето на законот за државен испит на универзитетите."
А ја цело време мислев дека се вика Земјо македонска.
Не треба да си оратор за да сврзеш 10 реченици...
Да не читаа сите, ама па и тие што не читаа подобро да читаа, зошто у нивните говори имаше пауза од по 10 секунди кај што се слушаше цврцорењето на штурците (добро де знам дека сега нема штурци)...
Иначе здравје догодина ќе можам Илија Димовски по цигари да го праќам а ? :D
И да, без гајле дека текстот на листовите сами си го пишуваат :pos:
И на крај, зошто мене ми го даваш извадокот од плусинфо не сфаќам...

Ме интересира како гласаше Павле Трајанов. Ако гласал „за“, рацете да му се скршат на 10 места, да не може никад повеќе да :drk:
А за тие професорите (особено пратенициве шо се фалеа дека биле професори) што ломотеа дека ова бил добар законов, се надевам дека за некоја година ќе се смени власта и дека ќе дојдат некои паметни луѓе, па кога ќе го спроведуваат они овој глуп закон, први за отпуштање од работа ќе бидат овие професори, кои немаат ич придонесено за развојот на нивните науки.[DOUBLEPOST=1421256127][/DOUBLEPOST]
И ја презакажаа бе седницата за утре во 12 часот :))))) оти нели сеа у 19 часот пак ќе се иде пред собрание :pos::pos:
Мислам дека по Деловник, Собранието работи до 18 или 19 часот и дека затоа беше презакажана оваа седница за утре.
 
Мислам дека по Деловник, Собранието работи до 18 или 19 часот и дека затоа беше презакажана оваа седница за утре.

да имаш право.. го изумив тоа...

Член 68* - деловник

(1) Решението за свикување на седница на Собранието со предлогот на дневниот ред и материјалите по прашањата што се предлагаат за дневниот ред за седницата, на пратениците им се доставуваат најмалку десет работни дена пред денот определен за одржување на седницата.
(2) Во итни случаи, претседателот на Собранието може да свика седница и во пократок рок од десет работни дена, а дневниот ред со материјали може да го предложи и на самата седница.
(3) За свикување на седницата и за предлогот на дневниот ред, претседателот на Собранието ги известува претседателот на Републиката и претседателот на Владата.
(4) Седница на Собранието се одржува во времето од 11,00 до 18,00 часот, со пауза од еден час, ако претседателот на Собранието, за одделни седници поинаку не одлучи.
 
Пратениците во Собранието предмалку со 67 гласа „за“ и девет „против“ ги изгласаа измените во законот за високо образование, со кое се воведува државен испит.

Во гласањето од припадниците на заедниците, имаше 20 гласа „за“, а „против“ пет.
 
Шампањот и кавијарот за славење сеа ќе идеш да ги купуваш или претходно ги имаш купено ? :icon_lol:
 
Шампањот и кавијарот за славење сеа ќе идеш да ги купуваш или претходно ги имаш купено ? :icon_lol:
Шампањ и кавијар од кај сеа тоа? Не сум ја Фрчко неам плава крв од мијачијата. Ја пијам пиво и јадам квики.
 
Шампањ и кавијар од кај сеа тоа? Не сум ја Фрчко неам плава крв од мијачијата. Ја пијам пиво и јадам квики.
Ваква победа над соросоидите со пиво и квики ли се слави бе ?
Срам да ти е, не заслужуваш ни како вмровец да те квалификуваме :icon_mrgr:
 
Ваква победа над соросоидите со пиво и квики ли се слави бе ?
Срам да ти е, не заслужуваш ни како вмровец да те квалификуваме :icon_mrgr:
Евентуално може да наздравам попосле за реформите. Конечно малку и последниот бастион на *************** да биде размрдан.
 
Brutus ваму ко потпарол да им е :pos:
 
Нејсе.... доста „славје“.. :D

Читајте го ова.....
Затоа што од премногу загледуење „по страна“, таму негде преку брда и долини како „имало“ Државен испит, забораваме дека у балканскиот кокошарник се множат ретардирани петли и кокошки, какви што сме и ние нели...

http://www.plusinfo.mk/vest/11256/nevozmozna-misija
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom