Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Со ова се направи позитивен спин за државниот испит, после ова, се ќе си биде изгласано и донесено и тука се става крај на се.Да, дури и самиот тон на Груевски беше ептен брутален, уличарски софизам е тоа ама мислам дека беше реакција на тоа "во хотели не се држи дебата". Не дека го оправдувам, некоректно е без разлика дали му ја постигна целта.
Реално глеано досега 90% од топките беа поен за Груевски, Адеми забрља ама и него Лидерот ќе му даде бубица ко на пола естаблишмент.
За мене, после ова денес, ниту Студентски, ниту Професорски, ниту никаков пленум нема да направи ништо. 
Толку од било каков оптимизам за нешто.

Не велам не, јас си кажав и во првиот пост. Ова си е победа на Владата, чиста ко солза.Не е битно дали е ок, битно тоа е единственото што ќе го добијат. Како и сите други пред нив. Тие 5 минути требаше да ги искористат и тоа веднаш. Законот е ист, аргументите се исти, можеа да ја направат дебатата непријатна.
Мене тоа што ме разочарува е што сум видел луѓе без никакво образование и без никаква финансиска сигурност што се побунтовни од професоркиве денес. И тоа во моменти кога немало присутна јавност, преку камери.
Муабетот ми беше дека не е океј да викаш на дебата за важно прашање за пола саат.
Башка очигледна беше тремата кај нив кога се појави Груевски, се сплеткаа ептен и со тоа сами си се заплеткаа. Тука се согласуваме.

Не ми е јасно како успева човеков вака да ги поебува сите и секогаш. Јасно е дека не е глуп, не поглуп од другите.