Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.976
Поени од реакции
11.617
Браво за Ванковска. Од ставот „не одиме на дебата без Студентски пленум“ пред камери ја фатија на фора и се сложи на дебата. Испадна дека го шитна пленумот за една обична локација. Иако не е суштински така, џабе и се сега сите понатамошни изјави. Едноставно, Груевски ја реши ко најмаалски фраер кој и направил два-три збора муабет на бубиљичавата со цвикери од клас кој никој не ја ферма. .

Ова баш испадна „Луд јебе збуњеног“.
Тоа е грешка на Ванковска и на Професорскиот Пленум (но, првенствено нејзина), не на Студентскиот Пленум. Мада некако се збуни повеќе она, не можам да кажувам, нејзино е тоа.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.264
Поени од реакции
26.132
Немале ништо против Груевски, ама затоа имале против хотелите како објекти. Одлично. :pos:

Па уште и на човекот за кој тврдат дека поклопил се, му викаат да ургирал да ги примеле во Собрание. Бидејќи нели, тој не може да нареди таму, друг е шеф, ама може да апелира.

Уште еден доказ за бедата во која се наоѓаме и колку ја заслужуваат автономијата што ја бараат.
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.273
Поени од реакции
8.407
Не е баш така. Најавите од Адеми дојдоа негде првите денови од октомври, а Пленумот се формираше околу 2 недели подоцна. Во тој период се пробуваше на најразлични начини да се укаже на неправилноста на предлогот и неговата излишност. И на 17ти ноември дојде првиот марш. Ама медиумското влијание оттогаш го доби Пленумот, претходно само во неколку портали.
Добро погрешно се изразив. Пленумот е активен уште од тогаш ама на значење доби после протестот. Што е долг период и последица на немање на вистински студентски претставник за вакви ситуации.
 
RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.382
Поени од реакции
1.786
Голема победа за режимот браво за професорите идиоти испаднаа.
Студентите што побрзо да се дестенцират од професорите да не јадат и они дебакл.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Во нормални држави дебата се понудува неколку дена унапред, затоа што дебата во Парламент не е маалска дебата или муабет пред кооперација, туку сериозен момент, за кој е потребна претходна подготовка.
Ама во држава во која сите мислат дека се експерти за се, нормално е да се мисли дека дебата може за пола саат да биде закажана и одржана.
Професорите дозволија да бидат фатени во мрежата и овој спин Груевски и Владата веќе го добиваат, сакале да признаете или не.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208

Ама па на дебатава се настојува со месеци, имаа време досега да изградат случај.
Студентите почнаа да се дигаат уште во октомври - ноември и досега поддршката од професориве е минимална.
 
Точно, но не може да дојдеш и да речеш некому: Ајде сега за пола саат ќе имаме дебата, треба да оставиш простор од неколку дена. Прво за да се договорат кој ќе биде претставник, второ за да си ги средат аргументите. Не се прави дебата во Парламент за пола саат. Не е тоа циркус или маалска собиранка.
Ти како поединец ги имаш аргументите, ама мора да ти се остави простор за да си ги средиш.

Како и да е, ова е поен за Владата. И ќе оди во нивна полза.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Во нормални држави дебата се понудува неколку дена унапред, затоа што дебата во Парламент не е маалска дебата или муабет пред кооперација, туку сериозен момент, за кој е потребна претходна подготовка.
Ама во држава во која сите мислат дека се експерти за се, нормално е да се мисли дека дебата може за пола саат да биде закажана и одржана.
Професорите дозволија да бидат фатени во мрежата и овој спин Груевски и Владата веќе го добиваат, сакале да признаете или не.
Да ама во нормални држави има таква дебата. Овде Груевски им дојде пред сите ги покани на дебата. Ванковска се стопи и побара тоа да биде во Собрание. Тој прифати, они не дојдоа. Сега има аргумент за сите можни вести. А сите знаеме народот од каде црпи информации, па дојди објаснувај сега дека имало прво читање на законот и зошто не присуствувале они.
Нека се огради Студентски пленум од професорите. Уште еднаш се виде дека дечките се далеку попаметни во своите чекори и потези од професорите.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.264
Поени од реакции
26.132
Точно, но не може да дојдеш и да речеш некому: Ајде сега за пола саат ќе имаме дебата, треба да оставиш простор од неколку дена. Прво за да се договорат кој ќе биде претставник, второ за да си ги средат аргументите. Не се прави дебата во Парламент за пола саат. Не е тоа циркус или маалска собиранка.
Ти како поединец ги имаш аргументите, ама мора да ти се остави простор за да си ги средиш.

Како и да е, ова е поен за Владата. И ќе оди во нивна полза.
Ако за ваков случај, на најобразованите во државава им треба неколку дена да се припремат за дебата, најдобро да укинеме високо образование.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ако за ваков случај, на најобразованите во државава им треба неколку дена да се припремат за дебата, најдобро да укинеме високо образование.
Де бе како се фативте за тие неколку дена.:icon_mrgr:
Буквалисти.
Најфер ќе беше да дојде и да им каже, ајде утре.
Не ме зезај, каде постои тоа ајде за пола саат ќе имаме дебата?
Ги игнорираш месец дена и после доаѓаш и викаш: ај за пола саат ќе збориме?
Не ми кажувај дека тоа е океј.[DOUBLEPOST=1420471458][/DOUBLEPOST]
Да ама во нормални држави има таква дебата. Овде Груевски им дојде пред сите ги покани на дебата. Ванковска се стопи и побара тоа да биде во Собрание. Тој прифати, они не дојдоа. Сега има аргумент за сите можни вести. А сите знаеме народот од каде црпи информации, па дојди објаснувај сега дека имало прво читање на законот и зошто не присуствувале они.
Нека се огради Студентски пленум од професорите. Уште еднаш се виде дека дечките се далеку попаметни во своите чекори и потези од професорите.
Па да де, тоа сакам и да кажам. :D
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Нека се огради Студентски пленум од професорите. Уште еднаш се виде дека дечките се далеку попаметни во своите чекори и потези од професорите.
Како може да се огради студентскиот пленум од професорите кога се со иста матриц и веројатно управувани од ист центар. Барем она што значи потесен организаторски одбор и на двете здруженија.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Точно, но не може да дојдеш и да речеш некому: Ајде сега за пола саат ќе имаме дебата, треба да оставиш простор од неколку дена. Прво за да се договорат кој ќе биде претставник, второ за да си ги средат аргументите. Не се прави дебата во Парламент за пола саат. Не е тоа циркус или маалска собиранка.
Ти како поединец ги имаш аргументите, ама мора да ти се остави простор за да си ги средиш.

Како и да е, ова е поен за Владата. И ќе оди во нивна полза.
Да, дури и самиот тон на Груевски беше ептен брутален, уличарски софизам е тоа ама мислам дека беше реакција на тоа "во хотели не се држи дебата". Не дека го оправдувам, некоректно е без разлика дали му ја постигна целта.
Реално глеано досега 90% од топките беа поен за Груевски, Адеми забрља ама и него Лидерот ќе му даде бубица ко на пола естаблишмент.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.976
Поени од реакции
11.617
http://a1on.mk/wordpress/archives/432752

Сепак, може да се каже, дека беше брзоплетост на Ванковска и на никој друг. Они уште од претходно се имаа договорено меѓусебе да не одат на оваа дебата.

Како може да се огради студентскиот пленум од професорите кога се со иста матриц и веројатно управувани од ист центар. Барем она што значи потесен организаторски одбор и на двете здруженија.
:aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::bravobe::bravobe::bravobe::zver::zver::busi::busi::busi::vozbud::vozbud::pos::pos: Тоа имам да ти кажам за целиот твој пост, а посебно за болдираното.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.264
Поени од реакции
26.132
Де бе како се фативте за тие неколку дена.:icon_mrgr:
Буквалисти.
Најфер ќе беше да дојде и да им каже, ајде утре.
Не ме зезај, каде постои тоа ајде за пола саат ќе имаме дебата?
Ги игнорираш месец дена и после доаѓаш и викаш: ај за пола саат ќе збориме?
Не е битно дали е ок, битно тоа е единственото што ќе го добијат. Како и сите други пред нив. Тие 5 минути требаше да ги искористат и тоа веднаш. Законот е ист, аргументите се исти, можеа да ја направат дебатата непријатна.

Мене тоа што ме разочарува е што сум видел луѓе без никакво образование и без никаква финансиска сигурност што се побунтовни од професоркиве денес. И тоа во моменти кога немало присутна јавност, преку камери.
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Ауууу Грујо кој сељак бил.Никаква култура.Па у гради се чукаат вие у УМС,а ја фатив со нив да ј аисправам на фб..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom