Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
ЗОШТО СЕ ДОЗВОЛУВА НА ФОРУМОТ ПРОТИВ УСТАВНО ИМЕНУВАЊЕ НА ДРЖАВАТА?

Колку и да ви се дига на ваквите навреди имајте барем малку обзир кон сопствената држава. Па уште и лајкови гледам од доле.

П.С. И после сакаме други да не почитуват а немам ниту минимално самопочитување.
Ти и таквите као тебе се причина што луѓево си ја мразат својата земја...
 
Ај некој нека објасни или ако веќе е објаснето нека го цитира мислењето како оди процедурата за насење на законов. Голем дел од луѓево се во заблуда дека во понеделник ќе се донесе законот.
Да не ти објаснувам со мои зборови, па случајно да заборавам нешто, еве ја редовната постапка. :)
http://www.sobranie.mk/zakonodavna-postapka.nspx
Ако идеме временски, би требало второто читање да биде на 5ти јануари, мислам работен ден е така? Така да, би требало, ако се" им помине глатко, до 15ти да се заврши работата. Е после иде поднесување претставка до Уставен суд.
 
5ти мислам дека не е работен ден. Од 12 ќе почнуваат најверојатно.
 
Ти и таквите као тебе се причина што луѓево си ја мразат својата земја...

Треба да прифатите дека времињата на комунизмот се минато и дека различните мислења се сосема нормална појава во демократијата. Се собравте овде клапа истомисленици и сега не ви одговара кога некој ви ја нарушува идилата. Од друга страна пак се утепавте од барање на дијалог а од друга страна веројатно не сфаќате дека дијалог не е самозадоволување со истомисленици туку спротиставување на различни мисленици. Парадоксално е што најголемите комунисти и подржувачи на некој минати еднопартиски системи денес станаа најголеми борци за демократија а притоа заборават дека пред се треба да почнат самите од себе.

Јас сум за дијалог и мислам дека за вакви закони треба да има поголема и поопширна дебата но сигурен сум дека за дебата треба да бидеме и спремни како држава и народ. За жал тоа не е случај во моментов.
 
Важи, може дебата на кои ќе се разговараат проблемите во високото образование, но претходно МОН да направи една убава, детална анализа, која ќе трае малце подолго време, што точно не чини во високото образование. Е дури тогаш, ќе можеме да разговараме за евентуални решенија. Ама не МОН сами, туку заедно и со професорите и со студентите. Знаеш што би било најубаво? Комплетен нов закон за високо образование. Ама не Владата сама да го составува, туку пред се' професорите да го составуваат. Сигурно некој во Владата не е покадарен од нив за тоа. Од друга страна, Владата ги има парите, така да тука треба да има високо ниво на соработка.

Овакво донесување на „закони“ кои уствари се некој вид на „реформи“ е чисто ЃУБРЕ. Кажано е зошто не чини, нигде не е кажано зошто чини. МОН сакаа нас да не' вовлечат во дебата за техникалиите околу државниот испит. Е нема да може! Ние сме јасни во своето главно барање- комплетно повлекување на предлог-законот. А потоа, тоа што го пишав горе. И да напоменам, решенијата за проблемите треба да бидат такви, што тие нема да ја нарушуваат автономијата на универзитетите.
 
Треба да прифатите дека времињата на комунизмот се минато и дека различните мислења се сосема нормална појава во демократијата. Се собравте овде клапа истомисленици и сега не ви одговара кога некој ви ја нарушува идилата. Од друга страна пак се утепавте од барање на дијалог а од друга страна веројатно не сфаќате дека дијалог не е самозадоволување со истомисленици туку спротиставување на различни мисленици. Парадоксално е што најголемите комунисти и подржувачи на некој минати еднопартиски системи денес станаа најголеми борци за демократија а притоа заборават дека пред се треба да почнат самите од себе.

Јас сум за дијалог и мислам дека за вакви закони треба да има поголема и поопширна дебата но сигурен сум дека за дебата треба да бидеме и спремни како држава и народ. За жал тоа не е случај во моментов.
Времињата на комунизмот се минато? За вас што правите списоци кој искача на протест,заокружувате луѓе ко во СССР?Знаете и сами дека не сте во право,затоа студентите што се за предлогов бришат фејсбук после фамозните изјави на курир пошто знаат луѓето што е предавник.
Хах значи не сме спремни за диалог па мора да ги туркаат со сила сите закони , кој си ти да одлучуваш дали сме спремни или не.
 
Кога газолижач, полтрон и платен агитатор на власта која го угуши медиумскиот простор во Македонија кука дека нема дијалог.

Арно ти псуе Малколм, треба и ќотек да јадиш, ама не може вака преку нет.
 
КОи термини се овие беее..од 12 полагам..
 
Јбг, од 12 е седницата.

Иначе, не е најавен како протест, плус е најавено 24 часа пред одржување, ќе има симболични и креативни настани, НЕ, нема да има музика. :P Така да и поентата не е масовност бидејќи свесни сме дека некој уште полага, Скопје се празни од луѓето кои не се од СКопје, температурите се у минис. Али пак ќе потенцирам, не е поентата да биде што помасовно, туку да се даде подршка. Овој пат организацијата е и на професорите и на студентите. :)
 
Времињата на комунизмот се минато? За вас што правите списоци кој искача на протест,заокружувате луѓе ко во СССР?Знаете и сами дека не сте во право,затоа студентите што се за предлогов бришат фејсбук после фамозните изјави на курир пошто знаат луѓето што е предавник.
Хах значи не сме спремни за диалог па мора да ги туркаат со сила сите закони , кој си ти да одлучуваш дали сме спремни или не.

За етикетирањето и навредите пишував погоре. Ако некој не ви се вклопува во начинот на размислување најлесно е да му се залепи етикета. А лепењето на етикета не може да дојде од некој кој е неутрален и има сопствено мислење и став.
Јас за среќа на никого ништо не му должам така да ја имам комплетната слобода да имам свој став. Кој веќе го кажав во предходните постови уште пред да почне вториот протест. Единствена разлика е тоа што ако тогаш имав надеж дека барем 50% од луѓето што протестират се со искрени намери денес сум убеден дека нивниот број не е ниту 20% особено после третиот протест. На кој се собра се живо и диво што може да го мобилизира опозицијата а најмалку имаше студенти и средношколци.
 
Треба да прифатите дека времињата на комунизмот се минато и дека различните мислења се сосема нормална појава во демократијата. Се собравте овде клапа истомисленици и сега не ви одговара кога некој ви ја нарушува идилата. Од друга страна пак се утепавте од барање на дијалог а од друга страна веројатно не сфаќате дека дијалог не е самозадоволување со истомисленици туку спротиставување на различни мисленици. Парадоксално е што најголемите комунисти и подржувачи на некој минати еднопартиски системи денес станаа најголеми борци за демократија а притоа заборават дека пред се треба да почнат самите од себе.

Јас сум за дијалог и мислам дека за вакви закони треба да има поголема и поопширна дебата но сигурен сум дека за дебата треба да бидеме и спремни како држава и народ. За жал тоа не е случај во моментов.

Кој не е спремен за дијалог бе? Треба сред вечер да му упаднат на Адеми дома за да има дијалог?
Се скапаа пуштање дописи и барања за дијалог од пленумот, ама знаеш зошо ги одбиваат? Пошо ќе ги изедат со зборови и знаење, зошо нашиве "политичари" знаат да даваат само напамет научени изјави од штаб. Зошо Грујо и останата багра гостува само во одбрани емисии? Седи бе џони, не се брукај барем, доста ти беше.
 
За етикетирањето и навредите пишував погоре. Ако некој не ви се вклопува во начинот на размислување најлесно е да му се залепи етикета. А лепењето на етикета не може да дојде од некој кој е неутрален и има сопствено мислење и став.
Јас за среќа на никого ништо не му должам така да ја имам комплетната слобода да имам свој став. Кој веќе го кажав во предходните постови уште пред да почне вториот протест. Единствена разлика е тоа што ако тогаш имав надеж дека барем 50% од луѓето што протестират се со искрени намери денес сум убеден дека нивниот број не е ниту 20% особено после третиот протест. На кој се собра се живо и диво што може да го мобилизира опозицијата а најмалку имаше студенти и средношколци.
6.jpg
 
На дијалог овде на форумот мислам и воопшто во општеството, со другар пријател , комшија. Недај боже една ама една работа да кажеш што ти се допаѓа веднаш нема муабет понатаму веднаш си платеник, газолижач и што ли уште не.
Епа за разлика од многумина јас го имам тој луксуз сам да проценувам што е добро а што не и немора моите ставови да бидат цитати од партиски штабови.
За предложените закони во образованието реков. Според мене:
Државниот испит не е решение. Најмногу затоа што неможе да се примени со ист ефект на сите факултети. Затоа мислам дека секој факултет е специфичен и треба да се барат посебни решенија. Ако ништо друго факултетите треба да се групиарат и решениејата треба да се барат внатре во групите.
Исто така се согласувам дека треба да има дијалог и поширока дебата и дека со некој решенија не треба да се брза туку да се остави малку повеќе време за конструктивна дискусија.
Од друга страна има закони кои според мене се многу добри како законот за педагошка академија или пак законот за издавање на научни трудови со кои се обврзуват професорите.

Така да како што гледаш моите ставови не се црно бели. За жал тоа нејчесто не е случај како во општеството така и овде на форумот.
 
За етикетирањето и навредите пишував погоре. Ако некој не ви се вклопува во начинот на размислување најлесно е да му се залепи етикета. А лепењето на етикета не може да дојде од некој кој е неутрален и има сопствено мислење и став.
Јас за среќа на никого ништо не му должам така да ја имам комплетната слобода да имам свој став. Кој веќе го кажав во предходните постови уште пред да почне вториот протест. Единствена разлика е тоа што ако тогаш имав надеж дека барем 50% од луѓето што протестират се со искрени намери денес сум убеден дека нивниот број не е ниту 20% особено после третиот протест. На кој се собра се живо и диво што може да го мобилизира опозицијата а најмалку имаше студенти и средношколци.
Абе Џони бе, опозицијата да повикаше на протест и да го мобилизираше членството, 30 илјади луѓе ќе имаше. Истава реторика ти е ко на ДПМНЕ, на оној веројатно „независен“ политички аналитичар на Курир, ко Груевски, ко Тодоров. Абе буквално иста реторика, можда и буквално истите зборови. Немаш благе везе чоек, па уште ми спомнуваат од кај буџет за бина, озвучување, пеачи, и замисли, дури 2 или 3 автобуси, не сум сигурен колку беа.

А Мирка е најбоље. Мисли дека се' ова е заговор на Зајко за да ја урне власта и да се формира техничка влада...:popce:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom