Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Ама како праите, ко да ќе биде 2 саати свирење или не знам што. Од време на време ваљда некоја песница и тојето. Мада не знам и дали е сигурно. Треба појако озвучување, прошли пат беше многу слабо, а за тоа треба појак агрегат за струја што кошта...а пари се нема. Е сеа некој ако даде на користење за тој ден одлично. :)
 
Ја може сум старомоден, ама:

- Кога одиш на утакмица, навиваш. Не одиш за да го гледаш Даниел Кајмакоски.
- Кога одиш на протест, протестираш.

Самите протести си имаат своја динамика. Во случајов протестите се одвиваат добро за организаторот, т.е. бројката се зголемува од протест во протест. Во оној момент кога ќе ја нарушите динамиката и ќе го претворите протестот во забавен хепенинг, се ќе си ибе мајката. Ќе бидете група деца што не им се учи па се заебаваат малце. Хипици.

Агрегат побарајте им во Влада со задоволство ќе ви дадат да се журкате малце :)
 
Ја може сум старомоден, ама:

- Кога одиш на утакмица, навиваш. Не одиш за да го гледаш Даниел Кајмакоски.
- Кога одиш на протест, протестираш.

Самите протести си имаат своја динамика. Во случајов протестите се одвиваат добро за организаторот, т.е. бројката се зголемува од протест во протест. Во оној момент кога ќе ја нарушите динамиката и ќе го претворите протестот во забавен хепенинг, се ќе си ибе мајката. Ќе бидете група деца што не им се учи па се заебаваат малце. Хипици.

Агрегат побарајте им во Влада со задоволство ќе ви дадат да се журкате малце :)
Не е само тоа. Oвие од Бернејс пропаганда се први другарчиња со Борјан, Соња Исмаил, Билјана Секуловска и другите од веселата дружина од чаршија, ќе биде прелесно да се залепи етикетата соросоиди на протестите. А секако си стои и тоа дека ќе делува несериозно.
 
Државен испит изгледа и овие од воената академија ќе полагаат, па може младите таму да спремат еден пуч/револуција како младо турците пред 100-тина години, барем они имаат оружје
 
Пренос во живо од полагањето на државниот испит

Во петок е третиот протест на студентите, професорите и граѓаните против воведување на државен испит, а веќе во понеделник пратениците од власта ќе го гласаат законот.

Еве што меѓу другото предвидува Владата:

Полагањето на испитот се снима и во живо се емитува на веб страницата на министерството надлежно за високото образование, а ако поради технички причини снимањето се прекине, сминката од целиот испит се поставува на веб страницата на министерството надлежно за високото образование.

Пред почетокот на полагањето на државниот испит, претставникот од Одборот го утврдува идентитетот на студентот со увид на лична карта или патна исправа.

На студентот за време на полагањето државниот испит не му се дозволува користење учебни помагала, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично.

На студентот за време на полагањето на државниот испит не му се дозволува да контактира со други студенти или лица освен со информатичарот во случај доколку има технички проблем со компјутерот.

Првите две полагања на државниот испит за студенти се бесплатни.

Доколку студентот не успее да го положи државниот испит двапати по ред, наредните пријавувања за полагање се на товар на студентот, и тоа за трет пат 1.000,00 денари, за четврт пат 6.000,00 денари и за секое наредно пријавување 12.000,00 денари.

Државниот испит за студенти содржи пет прашања.. Прашањата се со различна тежина со четири понудени решенија, од кои едното решение е точен одговор на понуденото прашање.

Прашањата содржани во тестовите за полагање на државнот испит и нивните одговори, се чуваат во единствениот електронски систем за полагање на приемниот испит.
http://a1on.mk/wordpress/archives/427611

:facepalm:
 
Зошто неколку пати се спомнува небитна работа како тоа дека ќе се снимало полагањево ?
Тотално ирелевантно е тоа, повеќе сметам дека тоа ќе се прави како пропаганда дека демек се е транспарентно (никој не спомнува како ќе се делат кодовите и дека може со некој код кога ќе го отвориш тестот да биде веќе решен) и повеќе за оние смешни 5 секунди и кој беше другиот рок во кој е дозволено тестаторот да биде до тебе...
И правосуден мислам дека од оваа сесија ќе се снима и ќе се пренесува во живо, ама никој не се буни за тоа зошто не е релевантно.
Место да се троши енергија на снимањето на испитов подобро да се разработат аргументите во насока на тоа дека ова нема да донесе квалитет.
 
Можеби нема да игра улога но сега видов дека од задутре ќе заврне снег низ цела земја, а температурите ќе бидат -10, да не испадне заради времето луѓето да седат дома за време на протестите. Баш кога треба да се одржат протестите ќе се спуштат температурите на -10 а во едно ќе завршне снег низ цела држава. Ова ми е само една мала сугестија, можеби нема да влиаје на протестите ама тоа е тоа..
:unsure:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom