Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Некаде по порталиве сретнав дека владата планира да направи регистар за да води евиденција кој дипломирал и планираат да воведат нострифицирање на веќе издадените дипломи кои не се од угледните универзитети во светот. Вака ли бе Грујче овие тука на улица нема за што да излегуваат?
Ова би значело дека секој што веќе завршил мора да полага државен испит ако сака да се води како дипломиран инаку пу-пу не важи дипломата и официјално може да послужи како тоалет хартија. Ако ова навистина го збореле тогаш следно очекувам најмалку 15 000 да излезат на улица затоа што ова веќе ги засега и оние кои завршиле факултет, оние кои веќе студираат и оние кои допрва ќе студираат.
 
Протестов пак беше за екстерно или за хонорарците?
 
Протестов пак беше за екстерно или за хонорарците?
Еден протест треба да има: „Протест против дупчење на здрав памет“.
 
Еден протест треба да има: „Протест против дупчење на здрав памет“.

Не дека не се согласувам ама нека го окарактеризираат како општонароден протест или што ти јас знам а не на терет на студентите да падне се’. Тоа ми е целта на прашањето. Како сите останати да се кријат позади студентите...
 
Не дека не се согласувам ама нека го окарактеризираат како општонароден протест или што ти јас знам а не на терет на студентите да падне се’. Тоа ми е целта на прашањето. Како сите останати да се кријат позади студентите...

Па не остана зад ништо друго да се кријат. :D:D:D

И данок ќе се плаќа и екстерно ќе има, овој глуп народ не заслужува друго.

Ма јок, ни едното ни другото ќе се случи. :icon_lol::icon_lol:
 
Сe' некои мудреци на темава. :свиркам:

Има ли пилот во авионот?

Изгледа дека она што владата го подразбира под „јавна расправа“ е (консензуален) разговор на министрите и премиерот пред камери. Така изгледаше вчерашната седница на Владата на РМ (а општо и целиот процес) на која се одлучи предлог-законот да биде испратен на гласање во Собранието. Предновогодишна пародија од демократија.
Ниту еден од присутните не ги спомна аргументите на Студентскиот пленум, а заобиколено беше и мислењето на факултетите кои веќе го отфрлија можното воведување на државниот испит.
Мора да се напомене дека МОН во нереален рок побара од високообразовните институции да се произнесат за целиот сет на мерки, рок кој, според дел од универзитетите, не се во согласност со членот 24 од Упатството за спроведување на проценка на влијанието на регулативата (линк: https://ener.gov.mk/…/File/info/Upatstvo%20za%20PVR%20106-1…), кое предвидува дека јавниот увид не треба да биде пократок од 15 дена, а јавна расправа се спроведува по истекот на рокот за јавен увид. Имајќи предвид дека на вчерашната седница беше донесена одлука со која предлог-законот преминува во следна фаза, може да се заклучи дека се прекршува постапката предвидена со Упатството, односно свесно се исклучуваат и самите високообразовни институции од консултативниот процес.
Значи, интеруниверзитетската конференција сѐ уште немала време да се изјасни, но владата во монолог си го прифати предлогот, не уважувајќи никого. Затоа, очекуваме бурна реакција и од страна на ректорите, деканите и професорите од сите универзитети во РМ, чие мислење очигледно не се зеде предвид во вчерашното гласање на предлог-законот.
Она што е особено проблематично е тоа што на веб-локацијата на Единствениот национален електронски регистар на прописи - ЕНЕР стои дека предлог-законот бил објавен и отворен за дискусија на 16.12.2014 г., додека според горенаведеното Упатство во член 20 наведено е дека објава на предлог-законот заедно со пропратната документација на ЕНЕР се случува откако тој ќе се утврди од страна на Владата. Се поставува една дилема - дали вчерашната владина седница беше само формалност, шоу за македонската јавност, штом предлогот бил донесен веќе подолго време?
За тоа дека не се земени предвид горенаведените ставови на засегнатите страни зборува и Нацрт-извештајот за проценка на регулативата изработен од страна на МОН, достапен на следната веб-локација (линк). Освен што не се вклучени овие ставови кои беа доставени до МОН и до Владата од страна на Пленумот, јавно, но и по институционален пат, надлежните не нудат ниту образложение зошто истите не се прифатени, иако извештајот тоа го предвидува.
По вчерашната седница на Владата остануваат уште многу неодговорени прашања. Кога ќе се воведе пилот-проектот напоменат од министерот Адеми, нешто што според неговото излагање воопшто и не е наведено во предлог-законот? Зошто министерот Адеми, премиерот Груевски или кој било од присутните не се одважи да ги оспори аргументациите на факултетите кои го одбија државниот испит или да ја оспори аргументацијата на Студентскиот пленум? Дали излегувањето на 10000 граѓани на улиците на главниот град не значи ништо за ресорното министерство или за членовите на Владата?

Да сумираме - изминаа речиси 2 месеца и:
Надлежните шпекулираа дека постојат проблеми во високото образование чие постоење никогаш не го поткрепија со докази;
Предлог-мерката за воведување на државен испит трпеше неколку измени, но не се измени на начин на којшто нема да го повреди принципот на автономија;
Надлежните не објаснија како мерката ќе го подобри квалитетот на високото образование (или како ќе го спречи наводното купување на дипломи, или пак недостигот од вештини кај потенцијалниот кадар);
Надлежните не признаа дека проблемот треба да се лоцира во недоследно спроведените постоечки механизми за контрола на квалитетот, како доследно функционирање на Одборот за акредитација, и не се осмелија да ги отворат тие прашања;
Надлежните не ги почитуваа стандардите предвидени со постапката за проценка на влијание на регулативата, во делот консултација со засегнати страни;
Надлежните игнорираат два масовни студентски протеста и неколку покани за средба и дебата;
Надлежните со повторување на поголемиот дел од горенаведените пропусти, усвоија сет на други мерки кои воопшто не беа најавени.

Затоа прашуваме: што треба да се случи за Владата на Република Македонија да ги земе предвид мислењата на нејзините граѓани?


Студентски пленум,
22.12.2014


За тоа што зборев вчера.
 
Едно е да имаш неутрален или негативен или било каков став за ситуацииве а друго е да се ситиш на истите.
Демек манга сум и во право бев, ко ви велев хехех хехе :icon_lol:
Благоев дјуд not cool.
 
Пробува да го исмева и руга протестов и движењево со сарказам, демек требаше ова многу порано. Демек студентите се некое институционално тело или организирана партија.
 
Едно е да имаш неутрален или негативен или било каков став за ситуацииве а друго е да се ситиш на истите.
Демек манга сум и во право бев, ко ви велев хехех хехе :icon_lol:
Благоев дјуд not cool.
Колку и да е глуп колку и да е сељо колку и да е шупак во право е, тоа не моеш да му го оспориш.[DOUBLEPOST=1419256242][/DOUBLEPOST]
Па не остана зад ништо друго да се кријат. :D:D:D



Ма јок, ни едното ни другото ќе се случи. :icon_lol::icon_lol:
 
Колку и да е глуп колку и да е сељо колку и да е шупак во право е, тоа не моеш да му го оспориш.

Не мислев на тое дали е во право или не, тоа е друго прашање туку преку потсмев на ваква сериозна ситуација не можам да преминам.
 
Другарот @Благоев само ги провоцира пленумците за да се заангажираат уште посилно. Во меѓувреме кажува и работи што се вистинити. Немам впечаток дека не ги подржува, туку само ги ложи:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom