Знам дека некој од опозицијата следи што се пишува тука, затоа вака сакам да ѝм се обратам, добронамерно.
Почитувани:
Бранко Геровски
Сашо Ордановски
Љубомир Фрчковски
Мери Николова
Кире Наумов
Весна Бендевска
Ѓунер Исмаил
Ѓорѓи Спасов
Есад Рахиќ
Каролина Астеруд
Рената Десковска
Мирјана Најчевска
и останати:
Факт е дека студентските протести добиваат на сила. Наредниот протест ќе биде дупла помасовен од вчерашниот.
ВЕ ЗАМОЛУВАМ
На дента на третите протести, останете во вашите удобни домови и пуштете си вести. Ако имате барем малку обзир кон младите луѓе, ако барем малку ја сакате Македонија, не се појавувајте.
Нема, навистина нема потреба, едни чисти како солза студентски протести со исто таква идеја и цел, да ги поганите со Вашето присуство и да ги карактеризирате кај некои медиуми како партиски и соросоидни.
Вие сте минато, свршено време, буниште на македонската неславна историја. Протестите ќе бидат исто толку бројни и без вас, 20ина бедни душички кои не можат да се помират со фактот дека во оваа држава има и противници на овој луд режим, а тие да не се партиски обоени. Во името на се што ви е најмило, немојте, воздржете се. И немој на крај памет да ви текнало дека во некое идно утописко време, Вие ќе си ги препишете овие славни денови на ваша сметка. Вие ги прокоцкавте тие шанси кога беше вашето време.
Доаѓаат нови времиња, со нива сила и нов дух. Време на напредна младина која граби во чекор со времето. А таму за вас место НЕМА.
Најдобронамерно,
Konig