Сега ми текна нешто, откако повеќе пати го спомнавме Правен, дури ме чуди како не се сетив порано на ова.
Проектот со државен испит/надворешна евалуација во никој случај не може и не смее да се спроведе на правните факултети, дури и да има целосен конзенсус кај сите студенти, професори од другите факултети, студентите на правен мораат најмногу да се бунат за овој концепт.
А тоа е од една едноставан причина, правниците веќе имаат дополнителна надворешна евалуација по завршувњето на факултетот. Секој правник кој сериозно мисли да се бави со својата професија мора да помине еден од дополнителните испити- правосуден, нотарски, извршителски испит, што значи тие завршени студенти од правен веќе се надворешно тестирани од други тела и органи.
Да не зборувам сега по најново дека за судиската или обвинителска професија (своевиден врв на правничката кариера) има и уште едно, трето ниво на учење, Академијата за судии и јавни обвинители, во која условите за влез се доста тешки (висок просек, сертфикат за странски јазик, положен правосуден испит, дополнителни тестирања и полагања), бара доста жртви- откажување од тековното работно место, преселување во Скопје ако не си од Скопје и др.работи.
Веројатно многу од овие работи што ги кажав важат и за студентите на медицина, ете две огромни категории на студенти каде концептот „државен испит“ е неспроведлив, и сосем нормално е Правниот факултет да го отфрли овој проект.