Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Нели порано имаше приемен испит па го укинаа или грешка сум?
 
Кој одлучува за иднината на студентите.

Мифтарај: Адеми не знае ни да го напише името на факултетот за кој тврди дека го завршил!

Откако Либертас вчера пренесе дел од колумната на Кастриот Мифтарај, политички аналитичар од Албанија, во која тој тврди дека министерот Абдилаќим Адеми ја купил својата диплома, порталот МКД.МК успеал да стапи во контакт со Мифтарај.

Тој во изјавата за МКД.МК тврди дека господинот Адеми не знае дури ни правилно да го напише името на факултетот за кој тврди дека го завршил.

Мифтарај во изјавата за МКД вели дека факултетот што е наведен во официјалната биографија на Адеми во Тирана – не постои.

„А тој вели дека дипломирал во Тирана и станал дипломиран инженер по металургија на Политехничкиот факултет. Такво нешто во Тирана нема. Господинот Адеми не го знае ни името на факултетот. Во Тирана има Политехнички универзитет, каде што има Факултет за природни науки, каде што пак има оддел за металургија. Господинот Адеми е свесен за овие информации што се однесуваат на неговата интелектуална авантура во Тирана. Ако сака да одиме на суд, јас сум подготвен, а имам и едно бизарно изненадување за него. Тоа е добро позната тајна во Тирана“, вели Мифтарај.

Еве го делот од колумната на Мифтарај објавена уште во јануари на албанскиот порталЛајме, која во Македонија првично ја пренесе весникот на албански јазик Лајм.

„Адеми е познат во Тирана како човек кој во 1996 ја купил дипломата за инженер по металургија. Во 90-тите индустријата за металургија, основана од Енвер Хоџа престана со работа. Но, Универзитетот за металургија продолжуваше со работа за некои луѓе да земаат плата додека други кои се занимаваа со политика, ќе земеа плата и ќе продаваа дипломи. Јас знам многу луѓе кои работеа во таа катедра за да потврдам дека Адеми никогаш не бил на катедрата, тој ден денеска не знае каде се лабораториите, тој ги знае само рестораните каде ги чекал професорите за ручек и вечера на кои на крајот им давал плико со германски марки за да ги помине испитите”, пишува во колумната на Мифтарај.

Либертас уште вчера се обиде да стапи во контакт со Адеми за негов коментар на овие тврдења, но тој не одговараше на својот мобилен телефон. Испративме и и-меил до Министерството за образование, но и од таму не добивме никаков одговор, ниту вчера, ниту пак денес, иако денес министерот се појави на свеченоста по повод годишнината од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето.

Министерот Адеми деновиве е актуелен поради неговите контроверзни изјави против протестот на студентите, а во однос на најавите за воведување на екстерно тестирање во високото образование, нешто што го подготвува токму министерството со кое тој раководи.
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112114948158&id=13&prilog=0&setIzdanie=23328 Колумна на Мирка, прочитав 2-3 реченици, ми се присра и исклучив.

Иначе, потезиве на МОН, па би рекол и заедно со Владата, барем за ова прашање, им се доста неусогласени, наликуваат на панично. Вчера Адеми вика средина на декември, денес има друго нешто поконкретно (вау, конечно, после месец ипол). Не е мала работа 3000 студенти да ти искочат на улица, ако земеме дека тоа е некои си 8-9% од вкупниот број на активни студенти (иначе најдов податок на Завод за статистика дека во 2013/14 има запишани околу 58 илјади студенти, мислам дека реалната бројка на активни студенти е помала). Плус, да не заборавиме дека и на средношколците може да им пукне филмот, само убаво да се допре до нив.
 
На УКЛО пленумот имаше убава идеја да се испечатат флаери, да се поделат по средните школи, да бидат исконтактирани средношколците, да се информирани и да се поканат на протест.
Еден ај да го наречам недостаток (макар во вакви Штази услови за секоја пофалба е организацијата), координацијата меѓу студентите на УКИМ, УКЛО, УГД, Штулов/ДУТ и евентуално приватните.Во смисла протести во ист ден на различни места.Позитивно е вчерашното контактирање на УКИМ и УКЛО, прв чекор (y)
 
Ќе се исконтактираат, не е проблем тоа, прво во своите градови да има протест во ист ден, после мислам е океј некој масовен протест (би требало во Скопје пошто тука е цела главна администрација-Влада, МОН).
 
И немој на форумот другпат да прочитам од некој дека Мирка била голем аналитичар, врвен новинар или слично, она е уште еден обичен платеник, на моменти делува како да знае нешто но во суштина тоа е една исфрустрирана комуњарка, вечна гребаторка од сите власти, климатерична особа заљубена у Советскиот сојуз (или Русија по ново) а нивото на култура и е посебна одлика.

Знаете дека Мирка речиси секогаш во овие 25 години (а веројатно и пред тоа) е режимски провладин новинар? Си ја зема најкомфорната позиција и изиграва некаква интелектуалка и новинарска величина.
 
Исто ко оној што се фали со краватите и ајфонот колку саат му покажува. :D Има нешто „вредно“ во текстот да се чита? Ја не издржав до крајот на првиот пасус.
 
Ништо битно, половина колумна е за студентите, после се префрла на друга тема, стандардно, зборување без никакви аргументи, вреѓање, плукање и лицемерие, жената пишува за некакво спречување на партиски вработувања со оваа мерка за тестирање, а во исто време ја подржува владеачката партија, невиден парадокс. Секако тука се и секогаш присутние обвинувања дека семоќниот Сорос организирал се, па дури и овој протест, но баш ми беше мило шо прочитав дека се изненадила и се револтирала што на протестот имало толку голем број студенти (според неа).
 
Ништо битно, половина колумна е за студентите, после се префрла на друга тема, стандардно, зборување без никакви аргументи, вреѓање, плукање и лицемерие, жената пишува за некакво спречување на партиски вработувања со оваа мерка за тестирање, а во исто време ја подржува владеачката партија, невиден парадокс. Секако тука се и секогаш присутние обвинувања дека семоќниот Сорос организирал се, па дури и овој протест, но баш ми беше мило шо прочитав дека се изненадила и се револтирала што на протестот имало толку голем број студенти (според неа).
Ако не пишува за тоа, ќе треба да пишува како братска Русија не дозволува ни килограм реекспорт и се заканува со казни на Србија. Оди поврзи го тоа со Сорос да те видам...
 
Која беда е текстот од Курир, но тоа не е ништо ново. Сорос ги организирал студентите, а бе да ви го начука на сите таму у влада/дпмне/сител/курир по еднаш тој Сорос и така од уста не го вадите.
Стварно не знам кој е полош.
 
Една од работите кои се најсмешни, во врска со оваа власт, е инфантилноста, која ја демонстрираат, секогаш кога се обидуваат да се извадат од гомната во кои се затрпуваат.
Така и сега.

Сериозно овие почнаа да не сметаат за малоумни. Хахахаха...
 
...кога ќе видиш дека се ама буквално се во општеството е поделено на црвени или плави, коа ќе видиш дека ајде грубо проценето 80% од студентите и воопшто од народот (кој меѓу другото е многу прост) немаат свест дека можат нешто да променат, колку и да си оптимистичен и колку и да си викаш „ќе се борам, нема да се откажувам“, ти иде да го фатиш првиот авион/автобус и да отидеш у...

Најточно! :cuc:[DOUBLEPOST=1416680715][/DOUBLEPOST]
Нели порано имаше приемен испит па го укинаа или грешка сум?

Имаше, па се смена во државна матура (како замена де).

Не е ОК да ги има и двата на два месеца растојание (пред упис на факултет). Не е добро воопшто да ги има и двата заедно.
 
„Овие што протестираат на улица нема да полагаат...“ ау каков речник, браво Груевски браво. Што, сеа као демек пробуваш да не' поткупиш. Е нема да може. Нема да дозволиме!! Во никој случај нема да дозволиме да си играте курташак со високото образование. Сакате државен испит како во Америка? Ок, идете по Закон за државна администрација. Во Америка тој испит е факултативен колку што знам и ти е услов да работиш во јавна администрација. Засега кај нас има приправнички испит или како и да се викаше.
Екстерно тестирање, државен испит, исто срање ти е, терминологијата е различна, а суштината иста. Екстерна евалуација на студентите (дали само на студентите?) од страна на Владата. Па као пробуваат сега да го продаваат во некоја друга форма. Па уште некој друг измислил дека ќе биде екстерно. Смешно до бескрај.
 
Ама најјака логика имаат овие од Владава :
„Професорите се корумпирани, лошо предаваат, производот од тоа е неквалитетни студенти, ама ние тоа ќе го решиме на начин што нема да правиме промени во основата па да се „произведуваат“ добри студенти, туку тие студенти што излегуваат вакви како резултат на лошите професори ќе ги тестираме, а професорите ќе ги оставиме да си работат неквалитетно“
:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom