Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Да на еден од посилните факултети во МК.
(па и не е лошо ретроградно екстерно ако веќе запнале, еве пример)
До другите нема што да коментирам навистина особено не кога капацитетот за дискусија е екстремно ограничен. Освен тоа на кои теми ќе дебатирам и со кој членови на форумот тоа мислам дека е лично право загарантирано со устав.

(y)

УКЛО Битола:

УКЛО.png

- Штип: Втора институција (УГД) на која студентите официјално најавија протести во понеделник,
- Битола (УКЛО) утре втор пленум,
- Тетово (ЈИЕ / ДУТ) ако добро разбрав и таму во план.
Сега на ред се средношколците да излезат како поддршка, оваа денешна реакција на е само маскирање и школски обид за деморализирање.

B25Vp03CYAAw4e5.jpg:large
 
Ако стварно завршил на некој од потешките факултети во државава и има онаква когнитивна способност за работите околу него (случки од секојдневниот живот - протести, Субри, Скопјиња 2014, Сведмилци), тогаш може навистина треба екстерно тестирање.
 
Ако стварно завршил на некој од потешките факултети во државава и има онаква когнитивна способност за работите околу него (случки од секојдневниот живот - протести, Субри, Скопјиња 2014, Сведмилци), тогаш може навистина треба екстерно тестирање.
 
Да на еден од посилните факултети во МК.
На ПМФ,али туризам:icon_lol:

Шала на страна,повеќето од луѓето што протестираа беа од посилните факултети бидејки и сами не сакаат да губат време со покривање огромен материјал за џабе.Боље да научат нешто ново и покорисно.Ја не видов некој од фон да се замара за ова.
 

Иако е Алсат, Васко Попетревски ја води емисијата, на македонски е.[DOUBLEPOST=1416521963][/DOUBLEPOST]Не знам дали некој ја гледаше емисијата, зборовите на преставникот од Организацијата на независни студенти (ова е организација на студенти од ДУТ, чија цел засега е надгледување на изборите за Студентски парламент на ДУТ, вика дека немаат претензија да бидат дел од СП и слично, а исто така кажува дека немаат став во однос на екстерното). Ќе барале средба со министерот, сакале повеќе информации, па потоа да дискутирале меѓу себе и на крај да излезат со став. Но, од една-две реченици во контексот, барем негов личен, сфатив дека начелно е против екстерно. Нејсе, имаше еден коментар дека сакале да ја урнат фашистичката влада на Груевски. Имаше коментар дека еден од проблемите на студентите на УКИМ кои се Албанци е тоа што мораат да учат на македонски и да полагаат на македонски, додека студентите на ДУТ кои се Македонци можат да полагаат и да учат на македонски. (тоа е еден од проблемите кои им пречат ако сфатив) Како и да е, ќе видиме што ќе испадне од оваа организација.

Во понеделник во Штип се организира протест на студентите од УГД, целосна поддршка за нив! УКЛО-Битола организираат пленуми засега, имаат проблеми со простории, имаат група на ФБ, дури мислам дека може да читате и да не сте член.

Иначе во саботата стигнало писмо до професори на УКИМ (ова стои како коментар на фан страната на Студентски пленум на Фејсбук, ама не од нив, туку од друго лице) во кое се барало од професорите следново:
„Почитувани , Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ подготвува анализа за покриеноста на предметните програми од прв циклус со основна литература која се користи во наставата. За таа цел, Ве молиме најдоцна до 18.11.2014 година да ни ја вратите пополнета табелата која Ви ја доставуваме во прилог. Во табелата (посебено за прва и втора , односно трета и четврта година) потребно е да ги внесете следниве податоци: студиската програма наслов на предметот наставник кој ја изведува наставата наслов на учебникот, збирката задачи, скриптата или авторизираните предавања авторот, односно авторите издавачот (УКИМ, факултетот, или друг) година на издавање приближниот број на студенти кој го слушаат предметот во една генерација забелешка (доколку имате потреба) Ве молиме, во табелата задолжително да ги внесете и податоците за предметите за кои не е објавен учебник, или учебно помагало. Ви благодариме на соработка.“

Ако читаме меѓу редови, во МОН се крчка екстерното, ама ок, они немаат никаков предлог. (y)
 
Последно уредено:
Една од работите кои се најсмешни, во врска со оваа власт, е инфантилноста, која ја демонстрираат, секогаш кога се обидуваат да се извадат од гомната во кои се затрпуваат.
Така и сега.
 
Започнувајќи од 2017-та, студентите ќе полагаат државен испит со однапред добиени прашања

Ама озбилно овие од владава се нетачни, алал да им е :pos::pos::pos:
Ќе се борат против неквалитетно образование со тоа што ќе им ги дадат прашањата на студентите и они да ги набубаат само одговорите :pos::pos::pos::pos::pos:
На страна фактот дека и покрај се уште е ова против уставно :pos::pos:
 
Која беда е текстот од Курир, но тоа не е ништо ново. Сорос ги организирал студентите, а бе да ви го начука на сите таму у влада/дпмне/сител/курир по еднаш тој Сорос и така од уста не го вадите.
 
ПРОМЕНА НА ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА

НАМЕСТО ЕКСТЕРНО, СТУДЕНТИТЕ ДА ПОЛАГААТ ДРЖАВЕН ИСПИТ ОД СЛЕДНАТА УЧЕБНА ГОДИНА


21.11.2014

Државен испит е концептот на Владата, а не екстерно тестирање, како што неточно беа манипулирани студентите и јавноста од некои структури.

Целта на овој концепт, кој е во фаза на финализирање, како што велат за МИА од Владата, е зголемување на квалитетот и проверка на знаењето во рамки на високото образование.

Државниот испит и екстерното тестирање не можат да се поистоветуваат бидејќи разликата меѓу нив е голема. Кај екстерното тестирање се мери дали добиената оценка одговара на знаењето на учениците и има за цел да ги натера наставниците да ставаат реални оценки. Државниот испит, пак, е исклучиво значаен за студентите и не ги засегнува професорите. Овој испит, всушност, треба да ги мотивира и да им помогне на студентите за стекнување на потребното знаење, а не како што се манипулира, да им се прекине студирањето.

Мора да има проверка на знаењето на студентите зашто тоа, како што појаснуваат, е од интерес на општеството, на сите нас и на самите студенти. Неопходно е да постои некој минимум стандард кој треба да е исполнет од студентот.

Самиот концепт на државен испит постои во многу европски земји, меѓу кои во Полска, Чешка, Унгарија и Словачка, каде сите студенти полагаат пред дипломирање, односно на крајот од студиите. Кај нас овој модел е доразработен, унапреден и со цел да им се олесни на студентите државен испит ќе се полага во втора година за прва и втора година од студиите, како и во четврта година по завршување на испитите од трета и четврта година.

Државниот испит ќе биде воведен за студентите од академската 2015/2016 година, а првпат ќе се полага во средината на 2017 година. Полагањата ќе се одвиваат квартално, односно нема да има рок со кој се обврзуваат студентите и ќе може да се полага додека не го положат. Студентите ќе имаат на располагање базен на прашања, односно однапред ќе ги знаат можните прашања кои ќе бидат изведени од Наставната програма што самиот факултет ја има приложено во Одборот за акредитација

Процесот на полагањето на државниот испит целосно ќе го спроведува Одборот за акредитација, како независно тело, а не Министерството за образование и наука или државата.

Прагот на поминување на државниот испит нема да биде изразен со оценка туку во вид на минимум бодови.

Инаку, систем на државен испит како концепт во македонското образование кај нас постои на Медицинскиот факултет и повеќе од 40 години успешно се применува. Форма на државен испит е и правосудниот испит.

Концептот за државен испит и понатаму ќе се доработува и е отворен за сугестии. Законот со кој првпат ќе се воведе, откако ќе помине на Влада ќе оди на јавна расправа, во која ќе бидат вклучени и студентите.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=B0099B88E812F24489CFF15811CA33F3

ИСТО ЛАЈНО ДРУГО ПАКОВАЊЕ..:гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце:
 
Која беда е текстот од Курир, но тоа не е ништо ново. Сорос ги организирал студентите, а бе да ви го начука на сите таму у влада/дпмне/сител/курир по еднаш тој Сорос и така од уста не го вадите.
Ваљда мислат као демек некој нов протест организираат Сорос т.е. СДС. Која бедотија се овие Курир, страшно нешто. :D :D

Иначе, смешки се овие од Влада хахаха.
 
Започнувајќи од 2017-та, студентите ќе полагаат државен испит со однапред добиени прашања

Ама озбилно овие од владава се нетачни, алал да им е :pos::pos::pos:
Ќе се борат против неквалитетно образование со тоа што ќе им ги дадат прашањата на студентите и они да ги набубаат само одговорите :pos::pos::pos::pos::pos:
На страна фактот дека и покрај се уште е ова против уставно :pos::pos:

Ако гледаш така и за полагање тестови за кола/камион ти ги даваат прашањата.......
 
^ ^ ^ ^
Отвори ја темата за патишта и жртви, ќе ги видиш резултатите.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VeS
Ако гледаш така и за полагање тестови за кола/камион ти ги даваат прашањата.......
Имаш поента ?
Баш ради тоа што даваат и прашања за тие тестови место да учиш се случуваат волку сообраќајки (добро де и секој си мисли дека е бог и дека правила за него не важат)...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom