Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Едно големо БРАВО од мене за сите студенти што излегоа на протест денес.

Оние кои не излегоа, треба да сфатат дека нема никој друг да ги бие нивните битки.
 
А така ли?
Е па дај те молам ургирај, јас еве прва ќе се пријавам да се качам на еден од авионите, за да не ти сметам тебе.
“Трошиме пари за да работи надвор“.
Така е Јанко.
Само треба да ти каже некој дека оди да работи надвор, пошто тука ниту леб, ниту живот нема. Јанко, еве и мајка ми трошеше пари и за додипломски и за постдипломски, сите ме убија од тапшање по рамо дека сум капацитет, а и нејзе ја тапшаа дека има капацитет дете, за да се пријавам за работно место каде без никаква протекција стигнав до најтесниот круг, за на крај да бидам препорачана за работното место и да бидам шкртната затоа што немам ниту презиме, ниту книшка, ниту грб во градов.
БРАВО ЈАНКО ЗА ИДЕЈАТА! БРАВО ШТО ГО ГЛЕДАШ САМО ОНА ШТО САКАШ ДА ГО ВИДИШ!
И уште да му каже некој на Јанко дека бев спремна и докторски да упишам во држава од која сите бегаат, затоа што си ја сакам државава и сакаВ да останам тука, ама Министерство за образование од инает не им даде акредитации на професори од Правен заради политички игри и јас останав дома, капацитетот што сите го тапшаа и му викаа да биде стрплив, капацитетот што имаше 9.6 просек на постдипломски, пошто квалитетот испливувал на површина. Квалитетот да лиже гз испливува во оваа држава можда, овој интелектуалниов тешко.

Така да, Јанко, ако успееш да издејствуваш субвенционирани авиони за надвор, тоа би било супер, еве и јас некој аир да видам од државава, што е иронија, бидејќи би си одела. Ама таму нема никој да ме тапша дека сум капацитет, туку ќе ме остава да си го развивам и да си го докажам капацитетот.

Фала многу, пријатно.

Можда сум оф-топик, ама не можев да не го искоментирам ова, преку глава ми е од се. Држава ли е, трагедија ли е...
i_hug_that_feel.png

Ух жустро :)

Абе Крејзи... тешко се наоѓа работа во МКД со политички науки, а уште потешко ако сакаш без партиска книшка. Квалитетот испливува ако си инженер (а под тоа подразбирам електро и се друго). Значи кадар што се бара во индустрија.

Ако сакаш да бидеш knowledge worker треба да работиш приватно, сам за себе. А тоа со политички значи да бидеш аналитичар.
Или пак да бидеш новинар за некој неделник како фокус на пример.
 
Нема веза да не го расплинуваме муабетот, јас реагирав затоа што го прочитав тоа, ме нервира кога сервираат лаги и глупости, демек ја користат државава за евтино да се образоваат, па си одат. Никој не си оди од чист мерак. (ретки се тие) До пред некоја година никој од моето опкружување не сакаше да си оди од тука, сега не можам да најдам некој што не сака да си оди. И тоа не е од мерак.

Она што јас во животот го сакам е да го добијам она што сум го заслужила. Ни помалку, ни повеќе. А не да ме тапшаат по рамо дека сум капацитет, ама да бидам стрплива или да ме шкртаат од место за кое сум покажала дека сум квалификувана.

Не сакам никој да ме бута, не сакам незаслужено да работам ако не сум соодветна за позицијата, сакам да го добијам она за кое сум покажала дека сум способна, ама не сум го добила затоа што немам книшка. БУКВАЛНО.

Ама тоа во државава не може да се добие, очигледно е премногу да бараш да те вработат врз основа на квалификации и мозок.
 
@Crazy in Love
Крејзи бејб, таков дебил да читаш не ни вреди, уште помалку да го дискутираш. А башка кај бе евтино нашето образование? За наши плати и услови, далеку од евтино образование имаме. Ајде јас на Филолошки што сум приватна квота плаќам 400 евра за година. Ама прашај ги од Економски покрај што плаќаат за семестар колку им е евтино. Човекот е ретардиран, и тоа апла, пример да не беше темава јас немаше ни да знам дека постои таква ретарда.
 
Нема веза да не го расплинуваме муабетот, јас реагирав затоа што го прочитав тоа, ме нервира кога сервираат лаги и глупости, демек ја користат државава за евтино да се образоваат, па си одат. Никој не си оди од чист мерак. (ретки се тие) До пред некоја година никој од моето опкружување не сакаше да си оди од тука, сега не можам да најдам некој што не сака да си оди. И тоа не е од мерак.

Она што јас во животот го сакам е да го добијам она што сум го заслужила. Ни помалку, ни повеќе. А не да ме тапшаат по рамо дека сум капацитет, ама да бидам стрплива или да ме шкртаат од место за кое сум покажала дека сум квалифицирана.

Не сакам никој да ме бута, не сакам незаслужено да работам ако не сум соодветна за позицијата, сакам да го добијам она за кое сум покажала дека сум способна, ама не сум го добила затоа што немам книшка. БУКВАЛНО.

Ама тоа во државава не може да се добие, очигледно е премногу да бараш да те вработат врз основа на квалификации и мозок.
И чаре? Ќе земаш книшка или ќе му ја дувнеш?
 
пуштен е глас дека студентите се нас’скани од опозицијата.
Па фала Богу ако е така, тоа значи дека функционира демократијата, тоа впрочем е и работа на опозицијата - која досега и не ја вршеше ко што треба.
само ваквата политика на владеачката е многу опасна- таа не само што ја третира опозицијата ко свој непријател, туку го прикажува и како државен непријател бр.1.
Ова со студентите е еден од многуте започнати штрајкови во блиско минато време- наставници, лекари... ама сите завршија брзо, неславно - сите до еден беа задушени .
Мн.луѓе имаат критичко мислење кон Владата и министрите воопшто и се плашат јавно да го произнесет затоа што е страшно да се противиш на непогрешливите.
 
Ги гледав сликите, студентите и се е убаво и бројката и масовноста и гласот против лудите идеи.
Сигурно во таа толпа има некој добар PR стручњак, за да спин мајсторите не го заташкаат протестот.
Бројка, масовност сето тоа ќе отиде во вода, ако со PR не се изработи добро.
Една работа што треба да дадете на знаење е дека не сте против власта/ВМРО/татковината, туку против лудите идеи на поединци што се кријат позади власта/ВМРО/татковината.
 
Ги гледав сликите, студентите и се е убаво и бројката и масовноста и гласот против лудите идеи.
Сигурно во таа толпа има некој добар PR стручњак, за да спин мајсторите не го заташкаат протестот.
Бројка, масовност сето тоа ќе отиде во вода, ако со PR не се изработи добро.
Треба само да се пази кој влегува во групата. Денес видов неколку непожелни лица. Другото е се супер.
 
пуштен е глас дека студентите се нас’скани од опозицијата.
Па фала Богу ако е така, тоа значи дека функционира демократијата, тоа впрочем е и работа на опозицијата - која досега и не ја вршеше ко што треба.
само ваквата политика на владеачката е многу опасна- таа не само што ја третира опозицијата ко свој непријател, туку го прикажува и како државен непријател бр.1.
Ова со студентите е еден од многуте започнати штрајкови во блиско минато време- наставници, лекари... ама сите завршија брзо, неславно - сите до еден беа задушени .
Мн.луѓе имаат критичко мислење кон Владата и министрите воопшто и се плашат јавно да го произнесет затоа што е страшно да се противиш на непогрешливите.
Непогрешливите и недопирливите. Денеска се подзамислив кога слушнав дека, не знам што бил, дали внук, на овој претседателот на адвокатска комора, положил правосуден испит и тоа без да се појави на полагање. И тога без срам го кажувал на другарите (од еден од нив дознав).

Си мислам кога дојде време да можеш да се фалиш јавно за криминалите што ги правиш и да пројдеш без последици....
Каде живеам јас?
 
Треба само да се пази кој влегува во групата. Денес видов неколку непожелни лица. Другото е се супер.
Не можеш сите да ги контролираш, можеш оние што ќе сакаат да направат неред, но на пример, 3-ти братудед на внук на Бранко не можеш.
Овие простите новинари едвај тоа чекаат, да шират дезинформации и слично. Некој добар дечко од маркетинг на економски да се ангажира со разни креативни решенија, може доста да допридонесе.
Можете транспарентите и на англиски и македонски, пуштите некоја слика на CNN и сличните итн.
 
Ми се допаѓа тоа што студентите конечно се организираат и се спротивставуваат на поредокот.

Ама да збориме озбилно, зар не би било ова во интерес на студентите?
Се знае дека на приватен факс се учи од скрипта? Дотолку повеќе, јас на правен учев некои предмети од прашања што ги имав купено во фотокопирница.... и добивав деветки.

Како е фер и јас да имам деветка по тој предмет и тој на приватен факс што учел од скрипта од 100 страни и тој што стварно учел и научил и ја заслужил оцената?

Ако работодавците не ценат по просекот јас испаѓам на исто ниво со тој што учел пошто ем идам од државен факс, ем имам добри оценки. И можеби подобри од некој што учел. И што ќе бидне? Ќе му ја земам работата на тој што ја заслужува.
 
МРТ, Шител, Анал 5 само по половина минута прилог за протестот. На какви говеда им се плаќа па и онаа свињата гарант сега ги има исклучено телефоните за јавување или пак врши селекција кој ќе пушти во програма.
Честитки дечки, жал ми е што немав можност да се најдам и јас на лице место. Само јако.
 
Кај Јанко изгледа вечерва за ова ќе се дискутира. Пуштете Сител 3. Слушните шо зборува Јанко. Ќе биде интересно ако има јавувања.
 
Ми се допаѓа тоа што студентите конечно се организираат и се спротивставуваат на поредокот.

Ама да збориме озбилно, зар не би било ова во интерес на студентите?
Се знае дека на приватен факс се учи од скрипта? Дотолку повеќе, јас на правен учев некои предмети од прашања што ги имав купено во фотокопирница.... и добивав деветки.

Како е фер и јас да имам деветка по тој предмет и тој на приватен факс што учел од скрипта од 100 страни и тој што стварно учел и научил и ја заслужил оцената?

Ако работодавците не ценат по просекот јас испаѓам на исто ниво со тој што учел пошто ем идам од државен факс, ем имам добри оценки. И можеби подобри од некој што учел. И што ќе бидне? Ќе му ја земам работата на тој што ја заслужува.

Добро ти е размислувањето, ама ако на пола предмети не ти се погоди среќата со учењето (а на другите им се погоди со прашањата) или обратно, тогаш на другата половина предмети може да биде обратно. Исто и со екстерните, може пола екстерни ќе ти се погодат тебе со учење (на другите не иако учеле), другата половина обратно. И тоа и тоа се тестови. Нема потреба дополнително оптоварување со тестови, иако сфаќам на што мислиш.
Се` може да се исплати еден ден. И знаењето (или начинот на поврзување) што си го добил од некои предмети што си сметал дека се битни да ги учиш од книга (а не од прашања), и слободното време потрошено со другари наместо на предмети кои си ги сметал за недоволно битни и си ги учел од прашања.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom