Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Далечната 1997, штета што ги задушија протестите во подземниот премин кај хотел Континтетнат. Таму и завршија.

 
Јас утре ќе одам, ако видам помалце од 200 души, како што впрочем било на секој изминат протест на којшто сум била досеа, ќе и кажам фино лепо на државава да се ебе у гз, а не мене, и фаќам магла од тука.
Тоа утре не било протест туку само консултација, а дури и да е протест протест не се прави во 18:00...
 
Ама го употреби зборот консултација...повеќе како собир, една јавна дебата, неформална, неофицијална. Пишува зошто е свикан овој собир, ако некој има дополнителни прашања може да го постави утре. Претпоставувам, а и засега, нема да има лидери и слични ствари. Битно е прашањето за формирање на невладина организација која ќе ги штити интересите на студентите. Е сега прашањето е- дали само за овој случај или и понатаму? Бидејќи поединци не знам колку е изводливо да организираат протест. Затоа најубаво е доколку тоа е под закрило на една студентска организација. Искрено, не верувам да има многу луѓе, не би прогнозирал со бројки ама не верувам да е троцифрен бројот (иако потајно се надевам да е баш така). Но, видете, ова е само првиот чекор, да се види на што сме, опциите кои се и потоа да се почне со работа (формирање на НВО, организирање на масовен протест и слично).

Претпоставувам дека го избрале тој термин од причина што тогаш нема луѓе на факултетите, би настанало голема збрка, искрено кажано. Кога ќе дојде денот за протести, друго ќе биде, сигурно ќе започне негде во период 10-12 часот и ќе трае неколку саати (со марширање по скопските улици, еве да речеме од комплексот факултети карши Мавровка, па Влада и на крај МОН).

И одма негативно да удрите...до пред некој ден зборевте дека никој не превзема ништо, сега наоѓате мани кога некој ете решил нешто да направи. Искрено, не знам кои се луѓето што повикале на овој собир, го најдов само на ФБ.
 
Дур да се регистрира нво не само што ќе ги донесат измените туку и 3 генерации на студенти ќе поминат низ тој процес на тестирање...
Слободен индекс (зошто СПУКИМ не функционира) што цело време се противи на плаќањето за ИКСА може и сеа да превземе иницијатива и да организира протест, а не да чекаме некоја нова организација. Лидери треба да има уште од почеток зошто ако ги нема многу лесно ќе се најдеме во слепа улица кога после првиот протест од МОН ќе речат нека дојде лидерот со вашите барања и ние тогаш ќе почнеме да се туфкаме „еј абе кој да го избереме за лидер и кои барања да им ги доставиме“, затоа и викам дека некоја студентска организација што веќе постои е пожелно да превземе акција, а не поединец или мала група на студенти.
 
Тоа го реков одамна за Слободен индекс дека можат ама финтата е дали ќе сакаат.
 
Не е екстерно, државен испит било. :tapp:
И не гледам причина зошто Слободен индекс не би реагирале, освен и тие ако не се заедно со нашата ни мила влада.
 
Па да поспијат малце децава, знаеш студентски забави, журки. Кој ке ти стани на сабајле. Што те гледам и тебе чуден.
Таман си е во 18.00
Ем прошетани, ем наспани, ем свежи, ем за пред излегвање онака да се загреат.[DOUBLEPOST=1413910143][/DOUBLEPOST]
Што ти е крива државата ради студентите. Во некој филм имаш влезено дека студентите некаде менале нешто некогаш? Секогаш биле и ке бидат топовско месо и ништо повеќе. Не дека се глупи или паметни. Немаат доволно животно искуство и тоа е. Што би рекле лесно манипулативни лица. Како некоја наивна девојка на која некој фраер и ветува се и сешто додека ја легни, а таа пошто појма си нема од животот брзо брзо ги крева нозете. Сигурно барем еднаш си се нашла во таква ситуација ;)
Го читам одговорот на мојот пост и викам „конечно да се сложам у нешто со владе“, продолжувам надоле да читам и... :tapp::tapp:
Баш студентите се тие кои можат и треба да сменат нешто во општеството, а како најсвеж и најблизок пример ете ти ги студентите од Србија пред 1 недела коа го окупираа Филозофскиот (ако не се лажам) факултет во Белград зошто им се зголемени трошоците и видоа не видоа ги прифатија нивните барања, да не праиме муабет за протестите во Јужна Америка што беа пред година дена или помалце.
Уосталом и овие денес што се на власт во нивните студентски денови протестирале пред Собрание, ама јбг они тогаш (а и уште се) беа паметни, а денешниве студенти или барем 70% од нив се пасивни и апатични...
 
Тоа го реков одамна за Слободен индекс дека можат ама финтата е дали ќе сакаат.
Моментално во Слободен индекс се двајца без тројца :). А и премногу се зафатени со нивните иницијативи.
Не е екстерно, државен испит било. :tapp:
И не гледам причина зошто Слободен индекс не би реагирале, освен и тие ако не се заедно со нашата ни мила влада.
Значи досега не ни знаевте дека СИ постои, ниту пак некој се заангажирал да им помогни во нивните инцијативи (најмладите во СИ се трета година факс), сега ги барате тие да ви организираат. Ги знам дечките и супер се сите, ама и тие се луѓе и неможат се да постигнат. Одете зачленете се во СИ и потоа помогнете во организацијата на протестот, оти моментално се премалку деца за таа работа да ја завршат.
И немојте да сте јаделе :гомце: за дечките, пошто незнаете кои се притисоци ги имаат.

Одете во 18.00 часот утре, изгледа нова организација ќе се формира од најзаитересираните. Како поранешен член на СИ најверојатно ќе ви се придружам, чисто заради солидарност со студентите.
 
Го читам одговорот на мојот пост и викам „конечно да се сложам у нешто со владе“, продолжувам надоле да читам и... :tapp::tapp:
Баш студентите се тие кои можат и треба да сменат нешто во општеството, а како најсвеж и најблизок пример ете ти ги студентите од Србија пред 1 недела коа го окупираа Филозофскиот (ако не се лажам) факултет во Белград зошто им се зголемени трошоците и видоа не видоа ги прифатија нивните барања, да не праиме муабет за протестите во Јужна Америка што беа пред година дена или помалце.
Уосталом и овие денес што се на власт во нивните студентски денови протестирале пред Собрание, ама јбг они тогаш (а и уште се) беа паметни, а денешниве студенти или барем 70% од нив се пасивни и апатични...
Сега не можиме за се да се сложиме, ама ете и ова е некој почеток. Денес 10% утре 20%, по некоја година кога ке созрееш потполно како личност ке стигниме можеби до кај 70%. Најверојатно 100% никогаш нема да се сложиме пошто секојпат ке бидам постар а со тоа и поискусен од тебе. Јбг моите први се сетија да ме направат.
 
Не е лага дека во универзитетите се повеќе се произведуваат дипломи, а се помалку знаење.
Но дали со овој државен испит се решава нешто, па и не сум сигурен. (професори и асистенти вработени со партиска книшка)

Колку што даде резултат тестирањето на матурантите, и овдека влезе злото, учениците се снаоѓаат со препишувања.

Секоја пора од оваа држава е загушена од несовесни, себични, корумпирани ... граѓани.

Студентите кои немаат познаници ќе заглават на државни испити , иако имаат поголемо знаење од своите колеги кои ете имаат пријатели на сите страни.

НИШТО нема да биде добро во оваа држава, и 1 милион испити нека направат, ова е држава на НЕПРАВДАТА - НЕЧЕСНИТЕ.
 
Јас утре ќе одам, ако видам помалце од 200 души, како што впрочем било на секој изминат протест на којшто сум била досеа, ќе и кажам фино лепо на државава да се ебе у гз, а не мене, и фаќам магла од тука.
ако се 200- ко ништо да не било, но ако се 2000 ќе треба некој да се подзамисли пред да донесе конечно решение за ваква глупост за тестирање на студентите

Големи се- ;)си знаат ваљда дека треба масовно да излезати протестираат- наместо да ОРГАНИЗИРААТ: Собир и дисусија за екстерното тестирање на студентите
http://faktor.mk/archives/127995
 
а не овде некој завршил градежен ,природно математички или некој друг тежок факултет и ќе го служи овој неписмениов во палас за 100 евра плата.Тие изнакупија дипломи
е ова е точно
откако „сите сопартијци„ платено си ги описменија - дали со купување дипломи, дали на приватни факултети за изминативе 7 години - сега е погодното време да ги воведат мерките за редукција на студентите - можноста за студирање ви ја одземаат.
Но, наместо во МК секој еден студент може да си ја здувне на студии било каде во свет- барем сега е лесно а и бесплатно, за разлика од порано
нека му ја мислат после они со наставниот кадар - што ќе им прават, кому ќе предаваат, нека им зејат празни универзитетите- кога така сакаат- овозможете им . Не се надевајте , не чекајте нешто драстично да се смени утре со „дискусијата“ - тоа е исто ко да чекате вредносен чек потпишан од Дедо Боже.
 
ако се 200- ко ништо да не било, но ако се 2000 ќе треба некој да се подзамисли пред да донесе конечно решение за ваква глупост за тестирање на студентите

Големи се- ;)си знаат ваљда дека треба масовно да излезати протестираат- наместо да ОРГАНИЗИРААТ: Собир и дисусија за екстерното тестирање на студентите
http://faktor.mk/archives/127995
My point exactly...
Не е времето за дискусија туку за протест како што се протестираше пример во Србија пред недела - две, за да не биде „после свадба, тапани“...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom