Не знам како ме замислуваш дека изгледам дур ти го пишувам тоа, можда постот ти дал некој впечаток дека сум изнервиран.

Кога кажувам дека „тресеш глупости“, не мислам дека ти си глупав или слично, туку дека кажуваш работи кои се нерационални и невистинити, само го употребив зборот глупости и ваљда делува навредливо пошто мислиш дека сакам тебе да те навредам.
Сакав да ти кажам дека:
1. Се' уште нема тестови кои можат валидно да тестираат натпросечност, а да ги земат у предвид факторите на трема/мала самодоверба и сите останати кои може да делуваат на тоа да извадиш полош резултат на тестот. Исто така не постојат тестови кои можат да измерат „интелигенција“, IQ тестовите е покажано дека се невалидни.
2. Се' уште не е дефинирана „интелигенцијата“, како феномен.
3. Високите резултати на IQ тестовите не гарантираат дека тој првенствено ќе „стане“ стручњак, може да биде мрзелив, незаинтересиран и полош од другиот.
Мене ми е јасно што сакаш да кажеш, дека идат многу луѓе на факултет од кои некои го прават тоа ради реда, други од што мораат итн... и фаќаат место, потоа завршуваат и се неквалитетен кадар за што до негде се криви и факултетите пошто еве машински има направено лесни смерови кои лесно се завршуваат, критериумите се паднати за да се запишат повеќе студенти и завршуваат се' повеќе кои реално се лоши не пошто се глупави/паметни, туку пошто не учеле, поминувале со препис и реално не се заинтересирани за струката.
Сакам да ти кажам дека не може да знаеш од старт кој ќе пропадне, а кој ќе успее и не можеш да го измериш тоа со никакви тестови. Илјадници фактори играат улога тука.
Има луѓе кои на почеток биле дрва, послем добиле мотивација па станале предобри.
Други биле добри па у 3-та година почнале да забушаваат итн итн...
Не постои начин да го превентираш тоа сега за сега и сите такви тестови кои ќе прават поделби се подложни на грешки и може да изостават многу фактори, тоа ми е муабетот.