Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
17 август 2011
Мислења
10.358
Поени од реакции
18.473
Премногу сте. Дали на овој или на друг начин ке најдеја начин да ве редуцираат. Не е идеален, можеше и подобро но можеше и полошо да смислат.
Далеку од премногу :) Само види ги земјите со најголем процент на луѓе со диплома Сад,Русија,Канада. Зашто они не ги редуцираат туку мора Македонија да ја воведе оваа генијална идеа.
Далеку попаметни луѓе од тебе го мислеле начинот на кој функционираа образованието. Секогаш е добро да има поголем број на кандидати за едно работно место,поголема конкуренција и фирмите ќе си имаат поглем избор на кадар.Ограничи го образованието на 100 души и можно е никој од тие да не биде способен за работа. Нема начин да се одреди кој ќе биде поспособен за работа додека не дипломира и почне да работи,ниту преку просек,екстерно ниту преку генетика :facepalm: Понуда и побарувачка,доколку сметаат студентите дека не им се исплати да студираат нека не идат,нема што владата да се меша.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.353
Поени од реакции
24.041
Те молам немој да сфатиш како навреда што јас како просечно интелигентна ти реплицирам на постов, ама пак ќе те прашам, се читаш шо пишуваш?
Нека има селекција уште од основно, тоа мора. Без тестови на интелигенција, такви срања. Зошо во секој школски систем се оценуваат учениците според тебе? Дај ајде ќе немаме оцени целото образование нека се базира на тие тестови. Зошо да учам јас физика хемија за 5ка кога и онака не ми зависи нишо ако не го поминам тестот за интелигенција. Ќе си учам за 2ка, минимален труд ќе вложам, па ако мама и тато ми ги дале потребните гени ќе поминам, ќе ме финансира владата и сите среќни и задоволни.
Затоа што оценките може да ти идат поклонети. Затоа што си од богата и влијателна фамилија и професорот може да падне во немилост или пак му требала некаква услуга. Да ти набројувбам уште. Зборуваш како никој од нас да не беше на училиште и незнаат како се ургира за оценка.
И ти затебе си учиш да се надоградиш или за некој друг?
Ти после средно запиши се на факултет, кој ти го забранува тоа. Јас никаде не споменав дека на другите ке им биди забрането, и само овие ке можат да завршат. Ти ако сметаш дека си способна, твоите ако сметаат дека си способна и вредна да се инсветира во тебе, нека те запишат на приватен факултет.
И на овие другите не би им се дало така гратис да ги финансира државата. И тие имаат уште многу многу години да се образуваат дури и да стигнат до факултетот. Можеби е интелигентен но е деструктивен по природа. Паметен е ама не му се учи, кепнува , полага, направил криминал и ред други работи. Јас само онака општо како принцип го начнав, далеку од тоа како ти си го сфати. Битното од се би било дека треба да биди надарен за да воопшто има шанса да добие гратис врвно образование, другото башка.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.721
Поени од реакции
13.445
16 страни од кои поише од пола се споредба на факултети, препирки кој е поголем манга, мерење пениси и сапио-капацитети. Додека законов важи за СИТЕ факултети.
Седи мадро маЌедонче, ќе дојде посветол момент.
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Ваков начин на контрола е чиста глупост, во средното образование можеби има смисла ама во високото по мое мислење губи секаква смисла.
Еве еден интегрален дел од ставот на професорката Билјана Ванковска:
Овој вид „екстерно оценување“ на студентите требало да биде облик на „контрола на квалитетот“, па секој студент што нема да го положи државниот испит на половината на студиите, нема да може да ги продолжи. (Остана нејасно што ќе се случи доколку студентот ја заврши и четвртата, завршна година на студиите, а потоа не го положи државниот испит. Ќе му се поништи дипломата?) Најапсурдниот аспект на оваа мерка е што го предлага влада што, всушност, доведе до такво омасовување на студиите и до таков степен на дисперзија на универзитети и факултети (кои веќе ги има во секое село) каков што ретко се среќава во која било држава. Фалбите на владините кампањи се однесуваат на фактот што 80-90 отсто од средношколците ги продолжувале студиите, како и од тоа дека во речиси секое гратче (од Дебар до Кочани) има факултет без соодветен кадар. Попусто беа укажувањата дека за мала земја како Македонија високообразовната инфлација создава неквалитет за сметка на квантитетот, а образованието, наместо кон извонредност, се движи кон (пот)просечност. Сега, кога плодовите на таа долгогодишна политика се тука, некому му паднало на памет да ги селектира - и тоа не пред почетокот на студирањето (тогаш им е важно да се фалат со високиот интерес кај младите и со проценти достојни за Гинис), туку среде студирање, или дури и на самиот крај! Принципиелната и најважна работа во ваквиот државен упад во универзитетското образование е во манифестирањето на тоа дека државата не е само најмоќна, туку и најумна! Не вредат тука ниту посебни квалификации на редовни професори, ниту спецификата на наставниот процес (според Болоња), ниту педагошките мерки. Државни службеници (во некакво посебно тело) ќе бидат поголеми професори од професорите на универзитетите, а од нивните оценки ќе зависи иднината на студентите. Тие ренесансни личности од Министерството ќе бидат компетентни - од медицина и природни науки до археологија и класични јазици! Тие, се разбира, ќе знаат по кои наставни содржини и од кои материјали учат студентите на сите универзитети! Загрижена за квалитетот и за реномето на универзитетите, власта смислила како ќе се заштити од странските студенти што наводно навалиле: ќе им воведе приемен испит! Притоа, таков приемен испит нема за нашите студенти, па портите се ширум отворени (особено за оние надвор од државна квота, со партиципација).
Најпрво некој ќе треба да им објасни на тие во власта дека, според фамозната Болоња, студентот може и да не ја „заврши“ втора година сѐ додека не стигне до четврта (повторување нема, услов за запишување на наредна година нема, бидејќи постои можност од презапишување на предметите што не се положени во претходните семестри). Но дури и да најдат начин да ги тестираат оние што ја отслушале втора година, кој ѝ го дал правото да државата да одлучува кој студент заслужува да оди понатаму, а кој „треба да се откаже од студии и така да си заштеди и време и пари“ (како што вели Адеми)? Ако и се врши селекција (а треба да се врши, бидејќи сосема е разбирливо дека не се сите способни за студирање, а кога притисокот на бројките го врши своето, па критериумот на професорите логично опаѓа) - зошто би се вршела во втора година и зошто од страна на државата? А државата е оличена од „генијалци“ што никој не ги тестира. Дури и кога седнуваат на министерски и заменички столчиња остануваат биографиите, (не)знаењето и слабата моќ на изразување од кои би требале да црвенеат - видете ја веб-страницата на министерот ако не ми верувате. Некои од нив се на безобразно млада возраст, со сомнителни дипломи, низок просек од студиите, а сепак некако магистрирале или се на докторски студии - но тука се за да нѐ оправаат. Во долгогодишното професорско искуство познавам огромен број случаи на студенти што зреат низ годините: во прва-втора година и не знаат што сакаат да направат со себе, за потоа да завршат во редовен рок и со одлични резултати.
Затоа штета е ако ваквиот чекор им се удри од глава само на (некои) студенти, а не и на професорите што без да читаат/размислат на наставнички совет отфрлаат негативни рецензии за докторска што не заслужува да се нарече ни дипломски труд.
Целиот текст ке го прочитате тука
 
D

Daedalus

Гостин
Шостори бе се степа ?
Јас нагласив дека е радикална идеја која нормално ке наиде на голем отпор, но како и да е сепак е само идеја. И да се примени првите резултати дали е добра или не ке ги добиеме по ајде 30 години. Доттогаш ваљда ке завршиш.
И што има јас да ти барам дефиниции и како се станува интелигентен. Како си станал си станал, битно си над просекот од другите.
После реков дека ако сака а не морално. Значи има уште колку 10 -12 години дури да стигни до факултет.Доттогаш можи кола ке го изгази, ке стани наркоман, или едноставно нема да сака да студира или воопшто да учи, можи да се случи и да почни на факултет па да не заврши од х причини.
После исто така реков дека и сите други можат да се запишат на факултет. Кој ги брани. Само ке си плаќаат приватно на приватни факултети. Значи на никој не им е забрането да студира.
Така да и да испадни тој некој срање од стручњак, сепак ке има доволно од овие другите што решиле приватно да се дообразуваат, пошто како што рече секој кој не е ментално ретардиран може да добие диплома. За тоа си во право, гледаме денес. Секој има диплома, и секој сака диплома. А се жалите дека многу сте, дека вака било, така било.
И да секој просечен може да стане доктор по применета физика. Ама каков доктор.
Ајде не мора по применета физика. Земи обичен доктор.
Има доктори и доктори. И едните и другите имаат диплома и се стручњаци во својата област спрема образованието. Ти на секој доктор ке му легниш на маса? Секој е ист по знаење и квалитет. Тоа е затоа што секој просечен може да земе диплома, но тоа автоматски не го прави добар доктор туку просечен , можи ни толку .
И за разлика од тебе и болдираното нити на крај на памет ми падна такво нешто.
Јас само реков со други збророви кажано да се приватизира факултетското образование , но да има квоти за надарените без разлика од кој социјален слој доаѓаат и граница да биди нивото на надареност. Да не испадни само богатите да имаат пристап до високо образование туку сите да имаат пристап до тоа. Е сега некои ке си плаќаат, некои ке одат на сметка на државата, битно кој сака нека оди. Богатите и така и вака , можат да си дозволат да ги пратат децата каде сакаат да студираат, така да и тука да им е забрането нема да им претставува некој проблем. Но што правиме со надарени деца кои доаѓаат од сиромашни фамилии кои во нормални услови не би ни имале шанса за тоа.
Ама изгледа подобро е вака. Сите нека одат на факултет, и криво и куцо, па после нека седат дома со дипломата закачена на ѕид и нека се жалат како тие со диплома работат како келнери, шанкери, на линија во некоја фабрика. А додека ја зеле тоа дипломата ја фатиле и 30-ката. Ни на небо ни на земја што би рекел.
Додуша вие си знаете како ви е најдобро, ама вака или така ке се најди начин да се изретчите и да се крени степенот на образование со што дипломата пак би добила на вредност.
Друго е да има во генерација 3 инжинери , друго е да има 50 или 100.
Не знам како ме замислуваш дека изгледам дур ти го пишувам тоа, можда постот ти дал некој впечаток дека сум изнервиран.:X3: Кога кажувам дека „тресеш глупости“, не мислам дека ти си глупав или слично, туку дека кажуваш работи кои се нерационални и невистинити, само го употребив зборот глупости и ваљда делува навредливо пошто мислиш дека сакам тебе да те навредам.
Сакав да ти кажам дека:
1. Се' уште нема тестови кои можат валидно да тестираат натпросечност, а да ги земат у предвид факторите на трема/мала самодоверба и сите останати кои може да делуваат на тоа да извадиш полош резултат на тестот. Исто така не постојат тестови кои можат да измерат „интелигенција“, IQ тестовите е покажано дека се невалидни.
2. Се' уште не е дефинирана „интелигенцијата“, како феномен.
3. Високите резултати на IQ тестовите не гарантираат дека тој првенствено ќе „стане“ стручњак, може да биде мрзелив, незаинтересиран и полош од другиот.

Мене ми е јасно што сакаш да кажеш, дека идат многу луѓе на факултет од кои некои го прават тоа ради реда, други од што мораат итн... и фаќаат место, потоа завршуваат и се неквалитетен кадар за што до негде се криви и факултетите пошто еве машински има направено лесни смерови кои лесно се завршуваат, критериумите се паднати за да се запишат повеќе студенти и завршуваат се' повеќе кои реално се лоши не пошто се глупави/паметни, туку пошто не учеле, поминувале со препис и реално не се заинтересирани за струката.

Сакам да ти кажам дека не може да знаеш од старт кој ќе пропадне, а кој ќе успее и не можеш да го измериш тоа со никакви тестови. Илјадници фактори играат улога тука.
Има луѓе кои на почеток биле дрва, послем добиле мотивација па станале предобри.
Други биле добри па у 3-та година почнале да забушаваат итн итн...
Не постои начин да го превентираш тоа сега за сега и сите такви тестови кои ќе прават поделби се подложни на грешки и може да изостават многу фактори, тоа ми е муабетот.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.353
Поени од реакции
24.041
Од каде знаеш па дека ќе биде фер тестирањето?Како што е со државната матура каде имаш негде строг професор а негде каде што ги остава све да препишат.Мислиш тука ќе нема такви работи?
И не се одалечувам,ме праша дали сме премногу и ти реков дека не сме а ти пак се врати на истото дека сме биле премногу.И кој вика дека морале да најдат начин.Подобро нека најдат начин да го сменат целосно образованието од корен зошто таму лежи проблемот.Вака ќе го доуништат.
Незнам дали ке биди фер тестирањето. Тоа никој не го знае. Најверојатно не, но и да биди фер пак ке има незадоволни.
А ако сметаш дека не сте премногу дали ти кога ке дипломираш очекуваш дека одма ке најдеш работа ?
Колку има невработени со диплома?
Така да ти мислиш дека сте таман, ама бројот на невработени дипломци кажува сосем нешто друго. Вреднувањето на дипломата кажува нешто сосем друго. Вашата пазарна вредност кажува нешто сосем друго.
И јас сум да се смени образованието од корен, ама ете не им било по кеф( божем од мене зависи). Пример само онака.
Јас тргнувам од таму дека сме корумпирано општество, башка малку сме на број. Секој секого знае. Неможеш да очекуваш реално оценување на учениците, а тоа е и цела мака. И сам претпоставуваш дека екстерното нема да биди фер. Ако тоа не е фер според тебе,а и јас и грото тука се сложуваме со тоа, зошто тогаш мислиш дека другите оценувања би биле фер.
Кога ке земиш врти сучи , пак исто иди.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.353
Поени од реакции
24.041
Далеку од премногу :) Само види ги земјите со најголем процент на луѓе со диплома Сад,Русија,Канада. Зашто они не ги редуцираат туку мора Македонија да ја воведе оваа генијална идеа.
Далеку попаметни луѓе од тебе го мислеле начинот на кој функционираа образованието. Секогаш е добро да има поголем број на кандидати за едно работно место,поголема конкуренција и фирмите ќе си имаат поглем избор на кадар.Ограничи го образованието на 100 души и можно е никој од тие да не биде способен за работа. Нема начин да се одреди кој ќе биде поспособен за работа додека не дипломира и почне да работи,ниту преку просек,екстерно ниту преку генетика :facepalm: Понуда и побарувачка,доколку сметаат студентите дека не им се исплати да студираат нека не идат,нема што владата да се меша.
Тоа убаво звучи ама од страна на понудувачите на работа, не за барателите на работа. Колку повеќе кандидадти за едно работно место толку цената паѓа. Кога сите имаат диплома, и секој може да ја добие, вредноста на истата паѓа.
И прочитај ме внимателно. На никој не им се ограничува образованието. Зборуваме за цирка 100 души можеби и помалце кои државата ке ги финансира за да се стекнат со врвно образование. Другите исто можат да одат, само што ке биди приватно.
И дај боже да имаме дефицит од стручни кадри и секој одма после факултетот да почнуваше со работа, ама за жал не е така.[DOUBLEPOST=1412596721][/DOUBLEPOST]
Ти си само за да те стаат Претседател на асоцијатацијата на фрустрираните луѓе.
Не плачи бе па ти, од тие 100 души, 28 ке бидат рамковни ;)[DOUBLEPOST=1412598070][/DOUBLEPOST]
Не знам како ме замислуваш дека изгледам дур ти го пишувам тоа, можда постот ти дал некој впечаток дека сум изнервиран.:X3: Кога кажувам дека „тресеш глупости“, не мислам дека ти си глупав или слично, туку дека кажуваш работи кои се нерационални и невистинити, само го употребив зборот глупости и ваљда делува навредливо пошто мислиш дека сакам тебе да те навредам.
Сакав да ти кажам дека:
1. Се' уште нема тестови кои можат валидно да тестираат натпросечност, а да ги земат у предвид факторите на трема/мала самодоверба и сите останати кои може да делуваат на тоа да извадиш полош резултат на тестот. Исто така не постојат тестови кои можат да измерат „интелигенција“, IQ тестовите е покажано дека се невалидни.
2. Се' уште не е дефинирана „интелигенцијата“, како феномен.
3. Високите резултати на IQ тестовите не гарантираат дека тој првенствено ќе „стане“ стручњак, може да биде мрзелив, незаинтересиран и полош од другиот.

Мене ми е јасно што сакаш да кажеш, дека идат многу луѓе на факултет од кои некои го прават тоа ради реда, други од што мораат итн... и фаќаат место, потоа завршуваат и се неквалитетен кадар за што до негде се криви и факултетите пошто еве машински има направено лесни смерови кои лесно се завршуваат, критериумите се паднати за да се запишат повеќе студенти и завршуваат се' повеќе кои реално се лоши не пошто се глупави/паметни, туку пошто не учеле, поминувале со препис и реално не се заинтересирани за струката.

Сакам да ти кажам дека не може да знаеш од старт кој ќе пропадне, а кој ќе успее и не можеш да го измериш тоа со никакви тестови. Илјадници фактори играат улога тука.
Има луѓе кои на почеток биле дрва, послем добиле мотивација па станале предобри.
Други биле добри па у 3-та година почнале да забушаваат итн итн...
Не постои начин да го превентираш тоа сега за сега и сите такви тестови кои ќе прават поделби се подложни на грешки и може да изостават многу фактори, тоа ми е муабетот.
Не те замислувам никако, само нема да ја наречам некој идеја глупа само затоа што мене не ми се допаѓа. Небитно.
Инаку ако читаше претходно јас не реков дека оп положи тестот и лежи нека пасат до 18 години. Тој би бил само најбитниот услов за да воопшто некој биде земен во предвид државата да го финансира. Ако не го исполни тој услов нека продолжи да се дообразува ама на свој трошок. Значи на никој не му е скратено правото да се дообразува.
Тој некој како што велиш можи нема да му се учи, направил криминал, деструктивен е. Има тука многу ако за да добие гратис образование. Целта е да се селектираат најдобрите од најдобрите. И ако на еден тест покажал неповолни резултати, ваљда нема да покажи на уште неколку. Ами каде се оценките, поведението, успехот. Има уште многу многу години дури да стигни до тоа бесплатно образование. Во меѓувреме да се обрни внимание кон што има афинитет, што го влечи итн итн. И пак на крај можи тој стручњак пак ке биде пропадната инвестиција,веројатноста тоа да се случи не е 100% исклучена но е драстично намалена.
Некако бројот на студенти мора да се редуцира, за да тие што ке одат да имаат квалитетно образование и кога ке завршат еден ден да имаат можност да си ја наплатат дипломата. Јас дадов еден предлог како што реков радикален. Некој ке даде друг, некој трет.
Искрено лично оценувањето како услов тука не го сметам за релевантно од причини кои ги споменав погоре. Мала држава сме, секој со секој се знае башка сме корумпирани. Колку и да се тие тестови за интелигенција нерелевантни, неточни и незнам што, сепак се добра почетна основа да се редуцира бројот. Сега покрај сувото и суровото гори ама јбг.
Од друга страна како можеш да знаеш или да бидеш сигурен дека еден ден тој неквалитетен кадар што некако и завршил факултете и добил диплома нема да ти го јаде лебот? Каква гаранција ти имаш за тоа еден ден кога ке бараш работа?
 
Последно уредено:
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
Уставот е највисокиот акт во државата, што е над Груевски, над Спиро Ристовски, над Абдулаким Адеми, над власта.

Член 44 гарантира дека: СЕКОЈ ИМА ПРАВО НА ОБРАЗОВАНИЕ!
Сега, нека каже власта на Груевски, со кое право ни го одзема ова уставно право?
Што е следно? Да влезат по фирмите да проверуваат дали примиле доволно стручен кадар по нивното мерило на вредности?

Ова е пазарно општество каде што е јасно дека секој кој не знае, нека има и 5 дипломи, не ќе може да ја работи работата во соодветната област подобро од тој што има 1 диплома. Или нема ниедна.

Затоа, апсурдно е оправдувањето на Ристовски, Адеми и Груевски дека целта била квалитет.
За квалитетот филтер во демократскиот свет е конкурентноста во општеството.

Очигледно, целта е нешто друго. Власта, со тоа што ќе ангажира надворешни евалуатори создава механизам за контрола и послушност на младите.

Еве повеќе апсурди што се јавуваат со овој најнов владин хир:

-Бидејќи кредит трансфер системот овозможува студентот сам да одлучи во која година ќе полага определен предмет – како власта го замислува државниот испит по 2-та година? Значи тој што не го полагал предметот, по автоматизам ќе падне.

-Ако студентот падне на државниот испит, дали државата ќе му ги врати парите што ги вложил за студирање и живот, за партиципации, книги, кирии, од 200, 800-тини, 5000, па и 8000 евра изминатите две години?

-Како државата ќе ни врати се што сме вложиле во тие две или четири години? Голем дел од нас паралелно со студирањето работат, само за да ги покријат трошоците.
Сакаме да порачаме дека студирањето е доброволно, а не задолжително.

Секој студент има право да студира и сам да го организира текот на студирањето во зависност од своите можностите.
Оваа мерка на власта е уште една во редицата лоши политики поради што избрка над 250 илјади млади луге, граѓани на Македонија, надвор од државата.
Бараме власта итно да се откаже од апсурдната намера.
 

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.571
Поени од реакции
4.560
Замислите само каков хорор е ова за оние на приватен. ФОНовци шеќер и вода пијат сега. :pos:
Како студент на ФОН, i can relate to this. Отидов да си купам шеќер. :pos:
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Нема да ти побара никој екстерно, ке ти побара диплома за да воопшто можеш да аплицираш. За да ја земеш таа диплома треба да имаш положено екстерно инаку нема ни да ја добиеш дипломата.
Инаку друго е кога аплицират тројца друго е кога аплицираат 200. Ако сте тројца во генерација, нема ни да одиш на интервју, сами ке те побараат , најверојатно ке те проверат и ке ти речат ти пријателе за колку пари би работел кај нас.
Во вториот случај ке ти речат ако ти чини за 200 евра, ако не ене има уште еден куп што чекаат со диплома.
Можеби овај начин не е идеален за да се намали борјот на студентите и да се крени квалитетот , но во тешки времиња тешки одлуки требаат.
Едноставно кажано премногу сте, и со чесни исклучоци кои стварно вредат и се капацитет, другите се промашена инвестиција, но заради овие многуте и тие што вредат неможат да дојдат до израз.
Леле и тука ли ги браниш бе ало свести се,имало премногу студенти па кој ги натера децата да се запишат знаењето е сила и мок,зашто има полагање на матура зашто има екстерно у средно,крај на крај високо образование може да си полагаш по еден испит годишно од брзброј причини... екстерно лелеееееееее:pos:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Не знам зошто се замарате воопшто со некои ликови кои не го заслужуваат вниманието.

Не знам како некој не може да сфати една, многу проста работа - предлогот е ПРОТИВУСТАВЕН! Погоре пишаа, член 44 - Секој има право на образование! Понатаму, член 46 - на универзитетот му се ГАРАНТИРА АВТОНОМИЈА! Значи со ваков предлог се кршат најмалку 2 одредби од Уставот на Република Македонија. До тие што го смислиле фантастичниот предлог (нема да именувам), па јебем ви мамицу у пи*ку, стоки едни неваспитани, газат преку Уставот ко да е тоалетна хартија (не само сега и многу пати во минатото, не мешам која партија, сите се исти говна). Знаете ли што е Устав бе?! Уставот е темелот на општеството кој ги штити луѓето кои живеат во државата, како и странските лица кои се наоѓаат во државата (на повеќе основи, да не навлегувам подробно). Со тоа што газите преку Уставот вие исто како да газите врз народот! Еден ден се надевам ќе одговарате за ова, па кој сака нека е! Каде е сега нашиот драг Претседател на републиката чија надлежност е да го штити и да работи во името на Уставот на РМ и народот? (сам си се смеам на ова прашање, ама ете нека седи) Ама не, на народот слатко му е без мака - работа, без мака некое факултетче, бизнисче и слично. И пак ќе гласа.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Владе најголем проблем со овој проект за "подобрување на образованието" е што го туркаат повторувачи. Ова е одмазда на лошите ученици што седнаа во фотеља.
Квадрирале години повеќе пати изгледа, па сега си рекле:„Абе овие студентиве денеска не можат да квадрираат заради ЕКТС...ќе им воведеме екстерно тестирање и на нив, мамето ќе им го расплакаме, ќе видат што е квадрирање“.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Квадрирале години повеќе пати изгледа, па сега си рекле:„Абе овие студентиве денеска не можат да квадрираат заради ЕКТС...ќе им воведеме екстерно тестирање и на нив, мамето ќе им го расплакаме, ќе видат што е квадрирање“.
Не само кон студентите, туку и кон професорите. Со ова екстерно ќе се воведе и евалуација на професорката работа. Односно лошите студенти им се одмаздуваат на професорите кои ги туркале на испит заради нивното незнаење и неспособност. Погледни ја само биографијата на министерот . Роден во Шемшево, дипломирал во Тирана со просек 7. :facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom