Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа само изјави на родители и психолог е се што остана од големите протести против испитите. И воопшто колумнистите, критиките во медиумите...
Ученици во Македонија завршуваат и на кардиологија поради стрес од полагањата
Страв, несоница, главоболки, намален апетит, па се до посериозни здравствени проблеми поради кои мора да се посети лекар, се дел од нарушувањата кои периодов се појавуваат кај децата кои треба да полагаат екстерни тестови. Особено под стрес се четвороодделенците кои првпат се соочуваат со сериозно тестирање на нивните знаења.
 
Сарказам или не, јас мислам дека тн политичка криза/ситуација во македонија е една од најлесно решливите проблеми, кој реално треба и да се маргинализира. Ниту е сложена, ниту е комплицирана, а уште помалку нерешлива.

Моите размислувања одат во насока, дека на долг рок да не ни се случи ова што сега се случува, излезот е во образованието. На сегашниве првенци времето им е ограничено. Што ќе правиме со идните генерации е погорливо прашање отколку сега кој што и како ќе бил на власт/ќе владеел/кој ќе потпишувал за да се земат нови кредити. Небаре потписот на едните значи повеќе пари од кредити, а потписот на другите помалку пари.

Уште еднаш потфрлија сите образовани луѓе, се фатија во костец со необразовани и недоделкани будали за да релативизираат до недоглед едноставни работи.

Па затоа се прашувам јас, ќе се полага или не? Ќе продолжат ли “реформите“ во образованието? Дали учениците/студентите се свесни дека за 6 месеци ќе треба да полагаат државен испит?

Според некои мислители, образованието е пропорционално намален модел во кој ги има сите карактеристики на општеството во кое живееме. Дали по автоматизам тоа значи дека и во самото образование и образовен процес ќе ги гледаме дневно-политичките срања во синтетизирана и намалена верзија?

Некои работи едноставно ми се несфатливи. Како целата македонска интелектуална фела потфрли и дискутира за сосема неважни и непотребни работи. :unsure:
 
Пa реaлнo тестирaњетo е битнo кo лaнскиoт снег. Првo целтa нa билo кoе тестирaње немa дa се oствaри aкo тaквoтo тестирaње е нa прaшaњa сo зaoкружувaње и aкo претхoднo ти се дaдени прaшaњaтa. Акo сaкaш некoј дa видиш дaли ствaрнo учел прaшaј гo прaшaње кoе немa дa знaе декa ќе му се пaдне. Другaтa рaбoтa беше штo секoј прoфесoр си предaвa oд еднa книгa и не е кaкo вo среднo.
Дa не ги oбјaснувaме сеa пaк причините зoштo бевме прoтив тестирaњевo.

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Мислам дека ги премолча главните причини
Министрите од власта се тотално неписмени. И како тие тотално неписмени министри и властодршци ќе го проверувале знаењето кога тие самите немаат никакво знаење.
Друга главна причина е автономијата на универзитетот која е гарантирана со Уставот.
Власта нема право да се меша во автонмијата на универзитетот.
И без обзира дали власта е неписмена или писмена таа нема право да се меша во автономијата на унивезитетот. Во сите земји и секаде е гарантирана автономијата на универзитетот. А сегашниве властодршци бидејќи се потполно неписмени се осмелија да го направат ова. Инаку да беа малку писмени ќе знаеа дека сите универзитети, вклучително универзитетите од Македонија потпишаа
The Magna Charta Universitatum уште 1988 година.
http://www.magna-charta.org/magna-charta-universitatum
 
Според некои мислители, образованието е пропорционално намален модел во кој ги има сите карактеристики на општеството во кое живееме. Дали по автоматизам тоа значи дека и во самото образование и образовен процес ќе ги гледаме дневно-политичките срања во синтетизирана и намалена верзија?

Мислам дека ова ќе се доразјасни кога со работа ќе започнат мајка Тереза и Даме Груев :)
 
Мислам дека ги премолча главните причини
Министрите од власта се тотално неписмени. И како тие тотално неписмени министри и властодршци ќе го проверувале знаењето кога тие самите немаат никакво знаење.
Друга главна причина е автономијата на универзитетот која е гарантирана со Уставот.
Власта нема право да се меша во автонмијата на универзитетот.
И без обзира дали власта е неписмена или писмена таа нема право да се меша во автономијата на унивезитетот. Во сите земји и секаде е гарантирана автономијата на универзитетот. А сегашниве властодршци бидејќи се потполно неписмени се осмелија да го направат ова. Инаку да беа малку писмени ќе знаеа дека сите универзитети, вклучително универзитетите од Македонија потпишаа
The Magna Charta Universitatum уште 1988 година.
http://www.magna-charta.org/magna-charta-universitatum

Устав хахахаах

Во последната година дена го ебат како сакаат.:D
 
Студентите на медицинските факултети ќе полагаат државен испит по втора година. Негово положување е услов да тие се запишат во трета година. Да се полага овој испит треба да се фатат услови (кои се различни кај УКИМ, УГД итн) како полагање на одреден број на предмети и летна пракса од 45 дена.

Бидејќи Министертстово е исклучително одговорно и ефикасно 4000те прашања и одговори не ги достави во Март каде што требаше според законот туку ќе ги достави на крај на Јуни (вајда). Праксата требаше да трае од 1ви Јули до 15 Август но ќе биде скратена. Исто така условот за излегување на државен испит беше да бидат положени сите предмети од 1ва и 2ра година до Јунскиот семестар, услов кој сега е сменет (на пример на УКИМ треба да бидат положени некои предмети како Паразитологија а УГД треба да се соберат вкупно 90 кредити). Испитот ќе се одржува во Август (низ цел месец со 4 шанси за преполагање во случај да студентот падне).

Сега ако Собранието се врати можно е да се смени, одложи или пак укине овој закон.
Тотален хаос... :facepalm:
 
Последно уредено:
Многу работи ќе се знаат по изборот на новиот ректор.
Двајцата кандидати кои влегоа во финалниот избор се членови на ВМРО, со тоа што првиот е човек кој со огромна веројатност ќе победи и е само продолжена рака на Грујо, додека вториот е стар член на партијата кој во последните години на секое место ја критикува моменталната гарнитура на владеачката партија.

Никола Јанкуловски VS Ненад Новковски

Победи ли Јанкуловски, одма ќе се протне законот за високо образование, во спортивно ќе гледаме драми подолг период :icon_mrgr:
Сепак, шансата да победи Новковски не е ни 10% :D
 
За јанкуловски одамна се знаеше дека ќе биде фаворит на вмро. Божиновски уште пред година дена пишуваше дека вељо и јанкуловски биле блиски, ама ептен :love:
Нејсе, секако изборов на ректор не е законски, поради тоа што немаше претставник на студентите кога се стеснуваше изборот.
 
@Bojan Van Buuren
И ствaрнo верувaш декa глaсaле 4000 нa избoрите у јуни? Пa ги гледaвме сo кутиите бегaa :D
 
@Bojan Van Buuren
И ствaрнo верувaш декa глaсaле 4000 нa избoрите у јуни? Пa ги гледaвме сo кутиите бегaa :D
Ако добро се сеќавам и Кирил беше избран со околу 4000 гласови. У секој случај излезноста на избори за спукм години наназад и за референдумов е тука негде, нема некоја огромна разлика.
Ако секогаш изборите за спукм се оценуваат како нелегитимни, зошто референдумов е легитимен ?

Не зборам за легалноста, зошто тука е очигледно дека референдумов или што и да беше тоа вчера е легален, а избориве у јуни не беа, туку зборам само за легитимноста.
 
Да се навратам на еден мој коментар во темава дека членови од Пленумот ќе пробаат да станат функционери.... :D
 
Туфегчиќ идеше у пленум зa дa јa импресиoнирa Шеќеринскa :D
 
Да се навратам на еден мој коментар во темава дека членови од Пленумот ќе пробаат да станат функционери.... :D

И што има лошо во тоа што член на пленумот може да стане пратеник ?
Баш такви и треба во парламентот, што ќе се борат за нешто ете во случајот со Туфегчиќ за студентите а не само профитери и заслужни членови на политички партии
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom