Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Во Фактор е објавен обемен разговор со Професорката Билјана Секуловска Габер
- Со потпишувањето на Законот, за жал, Претседателот го руши тој важен столб на општеството
- Професорите не ја исклучија можноста за граѓанска непослушност, бојкот на наставата, но на еден поинаков начин
- Нашите симпатии кон студентите и поддржувањето на нивната автохтона борба и активизам беше една работа, а нашиот „гнев“ беше токму испровоциран од крајно некоректнте оценки дадени од страна, пред се на премиерот Груевски.
http://faktor.mk/2015/01/24/sekulov...na-eden-od-najvazhnite-stolbovi-vo-drzhavata/
 
Проф. Јасна Котевска ...
https://profesorskiplenum.wordpress.com/2015/01/25/мон-срам-да-ви-е/

„...Еве конкретен пример. Имам три книги во странство, како и повеќето од професорите од Професорскиот пленум. Голем дел од моите колеги од Пленумот имаат објавено во МНОГУ порелевантни издавачки куќи од мене! Но, пред некој ден ми падна на ум дека, всушност, сепак имам текстови објавени во списанија со импакт фактор. Еден од нив е објавен во списание на Massachusetts Institute of Technology (трето рангираниот универзитет според Шангајската листа за 2014). Претпоставувам дека и списанието има валиден импакт фактор. Впрочем, како што и мојот труд во само две години е цитиран во повеќе од педесет трудови, вклучително и магистерски и докторски дисертации од сите универзитети низ светов.

Но, сега доаѓа болното прашање. Мојот труд, за жал, е аналитичка студија за проектот „Скопје 2014“! Дали ова значи дека со новиот Закон за високото образование, Владата на Република Македонија и нејзините министерства ги поттикнуваат македонските научници преку аналитички студии (оние што единствено МОЖЕ да го минат филтерот на импакт факторот) да ја отсликаат РЕАЛНОСТА во која живее нашата држава? И дали навистина МОН сака тие да бидат презентирани пред светската јавност?
....“
 
Го прочитав целиот текст, одличен е, одлични поенти има. Интересни тези, кои може да бидат предмет на дискусија, али тоа би било оф-топик, така да во друга прилика.

Иначе, да ви пренесам објава од фејсбук страната на Професорскиот Пленум.

Иако законот стапи на сила пред неколку дена, на страната на МОН за екстерно тестирање, веќе има опција за факултети.

На страната за ЕКСТЕРНО ТЕСТИРАЊЕ, а не за државен испит.“

10941914_857237960983963_7611911450264193617_n.jpg
 
http://fokus.mk/studentski-plenum-o...dentski-plenum-odbivame-da-bideme-eksperiment

Незнам само како им е на оние кои од искрени побуди излегоа на првите два протести за сега да ги гледат организаторите како дејствуваат како продолжена рака на опозицијата. Всушност студентскиот пленум исто како и професорскиот се ни повеќе ни помалку туку еден од столбовите на опозицијата кој се занимава со образованието и има за цел да го плука и критикува тој дел. Затоа опозицијата збор нема кажано ни за реформи ни ништо. Знаат дека нивниот збор не вреди ништо па така си најдоа замена во вид на студенти и професори.
 
^^ @true blue
И што е порелевантно според тебе и професорите, како е дефинирано во законот или на веб сајтот? Државен испит чим стои во законот е државен испит...без разлика дали моментално стои таква опција на сајтот.
 
Имаш некои докази за ова тврдење?

Ама немој те молам со празни, а накитени зборови да ми објаснуваш.. Сакам цврсти докази, а не празно пљампање..

Оти ако е така, можам и јас на амерички форум да излезам и да кажам „ЏФК го уби ЦИА, Елвис е Жив и Стапив во контакт со Вонземјани“, па пола ЕсАДе по дифолт ќе ми поверува....

И доста веќе партизираш .... толку ли имаш широка мисла, па најмногу и најлесно што можеш да кажеш е дека „Студентски и Професорски Пленум се продолжени раце на Опозицијата?“

У осталом, Ќе подразмислам дали се продолжени раце на опозицијата, ако ти прифатиш дека „Контра-пленумот“ е апла ВеМеРО-фски....
 
^^ @true blue
И што е порелевантно според тебе и професорите, како е дефинирано во законот или на веб сајтот? Државен испит чим стои во законот е државен испит...без разлика дали моментално стои таква опција на сајтот.
Само не ми е јасно, зошто изборот „Факултет“ стои на страната на Државен испитен центар, кога нели, ќе биде спроведуван од Одборот за акредитација? :D Матурата и екстерните се спроведувани од ДИЦ.
Тоа за мене е проблемот тука, не како е напишано, ја не реков дали се согласувам или не, само ја пренесов објавата.

Сакав за момент да реплицирам на мислењето над тебе, ама нема. (смешни се тезите во мислењето, по милионити пат тука, нема ништо да прокоментирам додатно за тоа, пошто осеќам пак ќе отиде дискусијата во погрешна насока). И да, темава е за државен испит, не за Студентски пленум, така да и тоа мислење малце е оф-топик, али ајде.
Само ќе кажам, СОНК нигде не е спомнат тука затоа што, туку ова е упатено кон просветните работници кои имаат право на штрајк и никој тоа право не смее да им го одземе или попречува. Попречувањето на правото на штрајк е кривично дело за кое се одговара со парична казна или казна затвор до една година.
 
^^ @true blue
И што е порелевантно според тебе и професорите, како е дефинирано во законот или на веб сајтот? Државен испит чим стои во законот е државен испит...без разлика дали моментално стои таква опција на сајтот.
Друг му е муабетот.
Нема разлика меѓу државен испит и екстерно, а на вести глумеа лудило дека не било екстерно, државен било, а со ова самите си потврдуваат дека е истото и џабе мавтаа луѓе. :)
 
^^ @true blue
И што е порелевантно според тебе и професорите, како е дефинирано во законот или на веб сајтот? Државен испит чим стои во законот е државен испит...без разлика дали моментално стои таква опција на сајтот.
Знaчи зa тебе немa ништo спoрнo кoгa имa oтстaпки oд oнa штo е нaпишaнo и кaкo тoa штo е нaпишaнo се спрoведувa ?
Се дур вo зaкoн пишувa еднo, a вo реaлнoстa се спрoврдувa другo не е ништo спoрнo, зoштo ти гo глеaш сaмo пишaнoтo вo зaкoнoт, тaкa ?

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Дали некој воопшто знае што се случува со пленумот и што планираат следно??????///
 
Дали некој воопшто знае што се случува со пленумот и што планираат следно??????///
Се спремаат активности, се разгледуваат повеќе опции така да потребно е време за координација и правилно делување. Секако, со време ќе се знае се', ама во моментов не би кажувал повеќе заради познати причини. :)
 
:icon_mrgr: Знам за тебе, знам и јас, ме интересира јавноста дали знае или се интересира што се случува со пленумот.
 
Знaчи зa тебе немa ништo спoрнo кoгa имa oтстaпки oд oнa штo е нaпишaнo и кaкo тoa штo е нaпишaнo се спрoведувa ?
Се дур вo зaкoн пишувa еднo, a вo реaлнoстa се спрoврдувa другo не е ништo спoрнo, зoштo ти гo глеaш сaмo пишaнoтo вo зaкoнoт, тaкa ?

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
Не е битна имплементацијата, битна е теоријата....:icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
 
Вaкa пo ред...@true blue Тoa штo е стaвенп вo сaјтoт нa ДИЦ не е гaрaнцијa декa би имaлo oтстaпки и декa не би се фoрмирaл Oдбoрoт зa aкредитaцијa. Рaнo е уште дo спрoведувaње нa зaкoнoт зa вaкви шпекулaцијa кoи се сo минимaлнa тежинa.

@Crazy in Love имa и тoa кaквa рaзликa вo дефиницијaтa зa екстернo oценувaње и држaвен испит. И тoa штo вo мoментoв е стaвенo нa сaјтoт нa ДИЦ вo мoментoв не знaчи декa не би се спрoведувaл кaкo штo е прoпишaн.

@Bojan Van Buuren
Кaде е дoсегa спрoведен зaкoнoт зa дa нoсaм јaс или ти или некoј друг тaкви зaклучoци. Дoкoлку пo 2 гoдини кoгa би се случил држaвниoт при тaкви рaмкo тoгaш дa...aли мoментaлнo пaк ќе нaпoменaм тoa штo е нa сaјтoт нa ДИЦ oтвaрa прoстoр сaмo зa шпекулaцијa кoјa спoред мене вo мoментoв немa тежинa бидејќи зaкoнoт не е спрoведен oднoснo немa никaкви пoдгoтoвки вo мoментoв зa спрoведувaње сo oглед декa требa дa пoчне oфицијaлнo зa 2гoдини.
 
:icon_mrgr: Знам за тебе, знам и јас, ме интересира јавноста дали знае или се интересира што се случува со пленумот.
Па се постираат соопштенија нели на ФБ страната, медиумите ги пренесуваат, се даваат изјави за ТВ (оние што побарале) и на тој начин можеби се наговестуваат некои идни акции, но ништо конкретно не се кажува поради причините кои горе ги спомнав.

@ziak92 Одборот постои, со измениве ќе се реформира, си има свој веб-сајт кој потполно не се ажурира. Не се работи за шпекулација, туку дали знаат што прават.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom