Ќе се гради триумфална порта

  • Креатор на темата Креатор на темата Soreno
  • Време на започнување Време на започнување

Soreno

Big Brother
Член од
14 јануари 2009
Мислења
530
Поени од реакции
19
НА ПЛОШТАДОТ ПЕЛА ВО СКОПЈЕ
Ќе се гради триумфална порта
Скопската триумфална порта веќе се изработува и таа е дело на вајарката Валентина Стевановска, која го работи споменикот на Александар Македонски
0D28B11FC9CFC84AA2EB3E7CA5ECC1B4.jpg
По примерот на Триумфалната порта во Париз, порта ќе биде поставена кај плоштадот Пела во Скопје. Таа ќе биде поставена преку улицата која сега се користи како такси-станица, меѓу плоштадот Пела и сендвичарниците пред Градскиот трговски центар.
Скопската триумфална порта веќе се изработува. Таа е дело на вајарката Валентина Стевановска, која го работи и споменикот на Александар Македонски на плоштадот Македонија. Како и сe останато што се прави за центарот на градот, тајна е кога ќе биде поставена портата и како ќе изгледа. Од Министерството за култура, кое е нарачател на портата, само потврдија дека се подготвува порта за оваа локација.
"Портата не е тајна. Тоа е скулптура, која е дел од 35 -те скулптури кои се поставуваат во центарот", велат од Министерството, но не кажуваат кога ќе биде поставена, зашто одлучиле на тоа место да има порта, што ќе симболизира ниту, пак, колку ќе биде висока.
И вајарката Стевановска вчера не беше достапна да даде објаснување за портата. Пред околу два месеца, во интервју за "Вест", вајарката кажа дека добила на конкурсот на Министерството за култура за скулптурите да изработи релјеф за скулптура "Порта" во мермер.
Портата ја има во Деталниот урбанистички план "Мал ринг". Неа, на барање на Министерството за култура, ја предвидоа проектантите од ИНПУМА со измените на Планот лани во декември. Оваа порта ја немаше во измените на истиот план кои се правеа лани во јули, кога беа предвидени само две порти. И двете се на вториот дел на улица Македонија. Едната е веднаш до поранешен "Рекорд", до раскрсницата со Димитрија Чуповски, а другата е до раскрсницата со улицата Даме Груев. Од Министерството не кажаа дали се подготвува поставувањето и на овие две порти. (М.И.П.)
 
Ncncnc.... sto ne ke cue covek :toe::tapp::tapp:
 
За се се досега ќутев и "А" не реков,на темите за градење ова она,ни еден коментар не дадов,ама на ова само ќе речам.....Боже...
 
Оваа Валентина да не се ебе бе со владава нешто? Све на неа дасибе векот. Ако и треба помош за пренесување парите нека вика :)

Море море, мамата. Само споменици, куршлузи, врагови да се прават.
 
Овие со градењево малце забегаа....:nesvest:
 
Нели градеа една триумфална порта на бит пазар, таму на влезот према стара чаршија.
 
Само нека ни кажат во чест на кој триумф ќе се стави. Да знаеме што симболизира, која наша златна ера.
 
a d izgradeja nekoj pametnik vo vnatresnosta.....spomenik od car samoil vo resen pod itno )))
 
Немам претстава како оваа капија ќе се вклопи во амбиенотот во центарот на Скопје, туку да почекаме, па после ќе коментираме, можеби пак и убаво ќе изгледа:toe:
 
Неизживеаност од прв вид. Толку е фуш-што боли веќе.
 
Ова е новинарска заебанција или глупост...
Споредување на триумфалната порта со скулптура...
Кај отиде светов...
 
^ Па може и ќе личи, ама незнам каде ќе ја стават, во центарот сепак има малку простор за вакви зданија.
Може да се постигне контра-ефект....многу различни содржини на мал простор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom